Разбојниците во Гостивар украдоа злато вредно 1,8 милиони евра


  Грабежот беше филмски, вредноста на украденото злато уште пофилмска. Четворица разбојниците пред очите на минувачите влегоа во златарница во центарот на Гостивар, многу брзо украдоа 18 килограми злато во вредност од 1,8 милиони евра и избегаа со џип „бмв“. Сето тоа беше снимано од минувачи. Од Министерството за внатрешни работи велат дека четирите лица …

Разбојниците во Гостивар украдоа злато вредно 1,8 милиони евра Read More »

Возачот на министерот за здравство е тој што беснееше по „Партизанска“ во Скопје


  Откако во јавноста се појави снимката како едно службено возило на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје поминува преку две полни линии, и уште вклучува и флешери беше откриено дека тој бил возач на министерот за здравство Азир Алиу. Возачот доведе во опасност неколку пешаци, а потоа неправилно се престројуваше. Министерството за надворешни работи денеска …

Возачот на министерот за здравство е тој што беснееше по „Партизанска“ во Скопје Read More »

Случајот со „белото“ на директорот на Неврологија откри нови проблеми во здравството


  Видеото како директорот на Клиниката за неврологија, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, расправа како е најдобро да се конзумира кокаин и при тоа умешно го подготвува „белото“ за конзумирање откри и дополнителни проблеми во здравството – дали дали пациентите биле лекувани на соодветен начин ако нивниот доктор евентуално бил под наркотични средства. Министерот за здравство, Азир …

Случајот со „белото“ на директорот на Неврологија откри нови проблеми во здравството Read More »

Променливо облачно и малку потопло


  Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови засилен северен ветер. Во североисточните подрачја ќе има услови за локален слаб дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната ќе достигне од 11 до 21 степен Целзиусов. …

Променливо облачно и малку потопло Read More »

Сепак, притвор за сопственикот на „Марковски компани“, Кривичниот совет на Основниот суд во Битола ја преиначи одлуката


Предлогот на Основното јавно обвинителство Битола е прифатен од Кривичниот совет на Основниот суд во Битола и на осомничениот сопственик на правното лице „Марковски компани“ му е определена мерка притвор, соопшти вечерва ЈОРСМ. Со ова, како што се наведува во информацијата, е уважена жалбата и аргументите изнесени од битолското обвинителство, особено во поглед на ризикот …

Сепак, притвор за сопственикот на „Марковски компани“, Кривичниот совет на Основниот суд во Битола ја преиначи одлуката Read More »

Разрешениот Кузмановски се кае, тоа бил момент на слабост


Разрешениот директор на Универзитетската клиника за неврологија, Игор Кузмановски, кој беше во центарот на скандалот со видео на кое меша бела прашкаста материја, вечерва се огласи со јавно извинување преку социјалната мрежа Фејсбук. – Во врска со објавите на социјалните мрежи, изразувам длабоко каење и се извинувам поради постапката која се има случено далеку пред …

Разрешениот Кузмановски се кае, тоа бил момент на слабост Read More »

Мицкоски ја нарече „криминална“ одлуката на судот за куќен притвор во аферата во РЕК „Битола“


  Одлуката на судот во Битола да му определи куќен притвор на сопственикот на „Марковски компани“, осомничен за матни зделки со раководството на РЕК „Битола“ за 1,6 милиони евра, стана дел и од кампањата за локалните избори. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на митингот во Богданци рече дека „Марковски компани“ била омилена фирма на СДСМ …

Мицкоски ја нарече „криминална“ одлуката на судот за куќен притвор во аферата во РЕК „Битола“ Read More »

Попладнево разрешен директорот на Клиниката за неврологија


Министерството за здравство попладнево информираше дека министерот Азир Алиу денес донел решение за разрешување на директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија, проф. д-р Игор Кузмановски. „Во најкраток рок ќе биде именуван нов директор согласно законските процедури. Работата на Клиниката продолжува непречено.“, стои во соопштението од министерството. Причините за разрешувањето не се познати.

Археологот Емилио Марин и филологот Ивица Баковиќ од Хрватска добија признанија „Блаже Конески“ на МАНУ за 2025


По повод 58-годишнината од основањето, Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска го додели меѓународното признание именувано по нејзиниот прв претседател – Блаже Конески, за придонес во афирмацијата на македонската наука и култура.  Признанија (диплома и медал) „Блаже Конески“ за 2025-та добија двајца хрватски научници – Емилио Марин и Ивица Баковиќ и им ги …

Археологот Емилио Марин и филологот Ивица Баковиќ од Хрватска добија признанија „Блаже Конески“ на МАНУ за 2025 Read More »

Позитивно мислење од Венецијанската комисија за Предлог законите за јавно обвинителство и за Советот на јавните обвинители


 Венецијанската комисија на Советот на Европа  даде позитивно мислење за Предлог законот за јавно обвинителство и за Предлог законот за Советот на јавните обвинители . Во усвоеното мислење, Комисијата даде позитивна оцена за процесот и содржината на изработените закони и  поздравени се реформските напори на Министерството за правда. Укажано е дека во двата предлог-закона се запазени …

Позитивно мислење од Венецијанската комисија за Предлог законите за јавно обвинителство и за Советот на јавните обвинители Read More »

За празникот, нема да работат шалтерите за наплата на „Водовод“


По повод државниот празник, Ден на народното востание на македонскиот народ, шалтерите за наплата, шалтерите за рекламација и операторите во Дирекцијата на претпријатието на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје нема да работат. Како што информираат од претријатието во понеделник, 13.10.2025 година, продолжуваат да работат со редовно работно време. 

Љутков: Домот на културата во Ченто функционален до крајот на годината, до 2028-ма во Скопје уште неколку културни центри


Министерот за култура и туризам Зоран Љутков заедно со градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски денеска изврши увид во реконструкцијата на Домот на културата „11 Октомври“ во скопската населба Ченто. Објектот кој е нефункционален од 1985 – 1986 година, сега, со реконструкцијата, треба да добие современ лик и да стане центар за одржување најразлични …

Љутков: Домот на културата во Ченто функционален до крајот на годината, до 2028-ма во Скопје уште неколку културни центри Read More »

Шукова сака Старата чаршија да се управува целосно од Град Скопје


Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје од СДСМ и коалицијата Каја Шукова денеска ја претстави својата визија за Старата скопска чаршија. Според неа, Чаршијата е душата на Скопје, но, како што рече, е задушена од нечистотија, административен хаос и институционална негрижа. – Нашиот план е јасен, визијата е да им ја вратиме Чаршијата на скопјани. Имам …

Шукова сака Старата чаршија да се управува целосно од Град Скопје Read More »

Шаини демантира дека сопругата го организирала вооружениот напад


Чуден заплет добива случајот со пукањето во Куманово во кое што актуелниот претседател на општинскиот совет во Липково и кандидат за нов мандат, докторот Шаини , доби 4 куршуми но за среќа успеа да преживее. Лице кое очигледно се уште не е идентификувано со пиштол пукаше во неговиот автомобил. МВР првично ја осомничи сопругата и …

Шаини демантира дека сопругата го организирала вооружениот напад Read More »

Од вторник температури над просекот за овој период од годината


Управата за хидролошки работи соопшти дека од вторник во земјава ќе преовладува стабилно време со дневни температури малку над просекот за овој период од годината. Времето утре ќе биде променливо облачно со слаб до умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови засилен северен ветер. Во североисточните делови ќе има услови за локален слаб дожд. …

Од вторник температури над просекот за овој период од годината Read More »

Повторно трисменско работење на Одделението за педијатрија во охридската болница


По четиригодишен прекин повторно воведено трисменско работење на Одделението за педијатрија во охридската болница, со соодветни дежурства во ноќните часови. Тоа денеска го соопшти директорот на Јавната здравствена установа „Општа болница – Охрид“, Горан Маркоски. Тој посочи дека тоа е овозможено благодарение на посветеноста на целокупниот персонал на Детското одделние, што со некои импровизации и …

Повторно трисменско работење на Одделението за педијатрија во охридската болница Read More »

Кисела Вода добива нова и современа поликлиника


Кисела Вода ќе добие поликлиника, која ќе се гради во расадник, спроти кафулињата, а со парите од унгарскиот кредит.  „Денес сме тука да најавиме проект кој долго време беше еден од најголемите приоритети и најголемите барања на жителите на нашата општина. Кисела Вода конечно ќе добие нова, современа поликлиника во населбата Расадник, здравствен објект што …

Кисела Вода добива нова и современа поликлиника Read More »

Есенски базар „Креативна есен во срцето на градот“ во Скопје Сити Мол за поддршка на современите занаетчии


Дваесет современи занаетчкии ќе се претстават со свои уникатни креации на Есенскиот базар, што ќе се одржува од денеска на приземјето во Скопје Сити Мол. На дводневниот базар ќе бидат претставени еко производи, рачно изработен накит и кожни аксесоари, чанти, дрвени садови и украси, еќоксидни уникати и рачно насликана керамика, ароматични свеќи и природна козметика. …

Есенски базар „Креативна есен во срцето на градот“ во Скопје Сити Мол за поддршка на современите занаетчии Read More »

Општина Центар испрати протестна нота до австриската амбасада поради непрописно паркирање


Општина Центар – Скопје испрати протестна нота до Амбасадата на Република Австрија поради непрописно паркирање и загрозување на безбедноста на пешаците. „Општина Центар – Скопје упатува најостар протест поради непрописното паркирање на дипломатско возило на австриската амбасада со регистарски таблици 22-CMD-01, кое на 8 октомври 2025 година (среда) било паркирано во пешачка зона во паркот …

Општина Центар испрати протестна нота до австриската амбасада поради непрописно паркирање Read More »

Општина Центар испрати протестна нота до Амбасадата на Австрија поради непрописно паркирање


Општина Центар – Скопје испрати протестна нота до Амбасадата на Република Австрија поради непрописно паркирање и загрозување на безбедноста на пешаците. Во целост ја пренесуваме протестната нота, потпишана од градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Општина Центар – Скопје упатува најостар протест поради непрописното паркирање на дипломатско возило на австриската амбасада со регистарски таблици 22-CMD-01, …

Општина Центар испрати протестна нота до Амбасадата на Австрија поради непрописно паркирање Read More »