Советот на Ѓорче Петров го усвои ребалансот на Буџетот, обезбедени пари за доизградба на градинката во Волково


Советот на Општина Ѓорче Петров го донесе ребалансот на Буџетот предложен од градоначалникот Александар Стојкоски во кој се обезбедени седум милиони денари за доизградба на градинката во Волково. Како што соопшти Општината, средставта се обезбедени со кратење од парите наменети за трошоци на градоначалникот Стојкоски, Советот и на администрацијата. –Потребите на градоначалникот, Советот, администрацијата се […]

Независната Габриела Илиевскa нов претседател на битолскиот Совет, опозицијата ја нарече „Тројански коњ“


Илиевска беше избрана со поддршка на советниците од ВМРО ДПМНЕ и Левица, но не кажа дали влегува во коалиција со советничкото мнозинство на овие две партии Анета Блажевска БИTОЛА – Независната советничка Габриела Илиевска е избрана за претседател на битолскиот Совет со поддршка на советниците од ВМРО ДПМНЕ И Левица. Иако независните освоија само три […]

Нови 172 случаи позитивни на Ковид-19, починаа 9 лица


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 1.483 тестирања, а регистрирани се 172 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 107, Охрид – 11, Битола – 8, Кавадарци и Штип – по 6, Велес и Струга – по 5, Струмица – 4, Свети Николе и […]

Жена се породи под мост во Прилеп


Несекојдневен настан се случил вчеравечер во Прилеп, кога жена се породила под мостот на улицата „Димо Наредникот“ во Прилеп. Како што пренесува „Маркукуле“, екипи на брзата помош и противожарната екипа интервенирале на терен и успеале бебето и жената да ги извадат надвор од речното корито. Според пишувањата на очевидци на социјалните мрежи, жената била од […]

Вакцина против сезонски грип досега примиле 6099 граѓани, 35 811 пријавени за вакцинирање


Вкупно 6099 граѓани досега примиле вакцина против сезонски грип. Вкупно 35 811 граѓани се пријавени преку веб страната vakcinacija.mk . Вакцини има во доволен број, информираа за МИА од Министерството за здравство. Годинава, Министерството за здравство набави 40.000 дози четиритипни вакцини против сезонски грип за следните ризични групи: стари лица (над 65 години), лица со хронични […]

Филипче: Набавени најсовремени апарати за Урологија, грижата за пациентите продолжува


Министерството за здравство соопшти дека се набавени најсофистицирани и најсовремени апарати за хируршки зафати врз пациенти на Универзитетската клиника за урологија. Со помош на оваа најиновативна опрема, заедно со стручноста и експертизата на здравствените работници, Клиниката за урологија го обезбедува третманот со најдобри резултати на пациентите кои имаат потреба од лекување тука. Станува збор за […]

Зимската служба на Град Скопје од денеска во фунција


Зимската служба на Град Скопје од денеска е ставена во фунција, а со тоа и координираните активности за зимско оддржување на улиците во надлежност на Град Скопје, врз основа на Програмата усвоена од Советот и средствата предвидени во Буџетот. Носител на активностите за зимското одржување на улиците ќе биде ЈП „Улици и патишта“ со целокупната […]

Првата делница од автопатот Скопје – Блаце готова до средината на следната година


Експропријацијата за првата фаза од изградбата на автопатска делница од Скопје до Блаце е целосно завршена и според динамиката на работа се очекува тој дел од автопатот да биде завршен до средината на средната година, а да биде распишан тендер за втората фаза, информира денеска министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. На терен се […]

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ додели 40 нови стипендии за учебната 2021/2022


Фондацијата „Трајче Мукаетов“ четиринаесетта година по ред доделува стипендии за студенти на Фармацевтскиот и на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. Во согласност со објавениот јавен конкурс, изборот на стипендистите за учебната 2021/2022 година е усвоен од Управниот одбор на Фондацијата, по предложената прелиминарна листа од комисиите за распределба на стипендии, […]

Општина Центар исплаќа субвенции за поправка и санација на кровови и лифтови


 Општина Центар ја започна исплатата за финансиската поддршка за реконструкција на постоечки кровни конструкции и постоечки лифтови во девет станбени објекти на подрачјето на општината. Како што информираат од општината, финансиската поддршка во износ од 2.154.837 денари ќе овозможи поправка и санација на станбени објекти на адресите на улица „Васил Ѓоргов“ број 28/22, улица „Народен […]

Шахпаска: Ситуацијата со Ковид-19 во градинките останува стабилна


Во изминатите седум дена регистрирани се пет новозаразени дечиња во градинките и 21 вработено лице, што говори дека состојбата со ковид пандемијата во градинките е стабилна и дека тие се безбедно место за згрижување на децата од нула до шестгодишна возраст, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска. Според неа, вработените во градинките […]

Во ноември само два дена со чист воздух во Тетово


Во текот на двете недели од ноември само во два дена воздухот бил чист, односно немало надминување на граничната вредност од 50 ПМ10 на метар кубен, покажуваат мерењата на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентален воздух за Тетово. Претходно во октомври 2021 од вкупно 31 ден во 11 имало загаден воздух, покажува месечниот извештај. -Состојбата се […]

Намален водостојот на Охридското и Преспанското Езеро


По еден сантиметар е намален водостојот на Охридското и Преспанското Езеро, додека нивото на Дојранското Езеро е исто како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Со тоа водостојот на Охридското Езеро е за 14 сантиметри понизок од повеќегодишниот просек за ноември и е два сантиметра над дозволениот минимум […]

РСБСП: Редовна зимска проверка на возилото и задолжително носење на зимска опрема


Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата – РСБСП ги потсетува возачите да направат соодветна зимска подготовка и проверка на возилото, и тоа проверка на антифризот, проверка на маслото во моторот, проверка на течноста за бришачите на ветробранското стакло, проверка на акумулаторот, притисокот на пневматиците, обезбедување на течност или спреј за одмрзнување на стакло, […]

МЗ: Ревакцинирани 47 отсто од полнолетните граѓани, 54.170 примиле трета доза


Во петокот и саботата аплицирани се вкупно 4.684 дози вакцини, од кои 1.133 се аплицирани како прва доза, 916 се ревакцинирани, а 2.635 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 13 ноември вкупно се вакцинирани 813.782 граѓани, ревакцинирани се 784.833, а трета доза примиле 54.170 граѓани, соопшти Министерството за здравство. Педесет и шест отсто од […]

Вториот блок на РЕК Битола од синоќа повторно вклучен во електроенергетскиот систем


Блок 2 на РЕК Битола од синоќа во 2:45 часот е синхронизиран со електроенергетскиот систем на Република Северна Македонија. Производството на електрична енергија од комбинатот продолжува непречено и од Блок 1, соопшти АД ЕСМ. На депонијата за јаглен во РЕК Битола во моментов има доволно јаглен за континуирано производство на електрична енергија за потребите на […]

Повремени прекини на сообраќајот на патот Кичево – Охрид


Поради изведување градежни работи (минирање) на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – Песочан, денеска во периодот помеѓу 12:00 и 15:00 часот сообраќајот ќе биде во прекин 10 до 15 минути, соопшти ЈП Македонијапат. Од АМСМ, пак, информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај […]

И во затворени и во отворени објекти влез само со примени две дози вакцина или со потврда за прележан Ковид


Од денеска за влез во објектите потребен е сертификат со примени две дози вакцина или потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето. Министерството за здравство апелира граѓаните да ги почитуваат мерките, да бидат одговорни и да се вакцинираат. – Ги повикуваме граѓаните кои сѐ уште не се вакцинирани, што […]

Од денеска задолжително поседување на зимска опрема во возилата


Од денеска, па до 15 март е задолжително поседувањето пропишана зимска опрема, согласно одредбите утврдени во Правилникот за задолжителна опрема на возило, велосипед и запрежно возило за безбедно учество во сообраќајот на патиштата, како и на трактори за безбедно извршување на земјоделски, односно шумски работи. Согласно Правилникот, како што информира Министерството за внатрешни работи, како […]

Облачно и ветровито, наутро магла по котлините


Облачно и ветровито време ќе преовладува денеска во земјава. Во утринските часови ќе има магла по одделни котлини, а преку ден во западните и југозападните делови ќе има зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната од 13 до 18 […]