Повторно многу високи бројки – 1.865 новозаразени и осум смртни случаи
Процентот на позитивни тестови вчера изнесуваше 30 отсто, каков што не бил подолго време
Во последните 24 часа се регистрирани 1.865 нови случаи на ковид од 6.173 тестови. Тоа изнесува 30,2 отсто позитивни тестови од примероците. Толкав голем процент на позитивни тестови немало многу одамна и очигледно дека станува збор за брзото ширење на Омикрон варијантата.
Според градови и натаму најмногу нови случаи има во Скопје – 871, па во Битола – 177, Прилеп – 119, Куманово – 86, Охрид – 60, Кавадарци и Велес – по 53, Кичево – 46, Штип – 40, Струмица – 38, Тетово – 37, Гевгелија – 28, Гостивар – 27…
Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 207 реинфекции.
Регистрирани сe 784 оздравени пациенти, повторно најмногу од Скопје – 477, па Битола – 52, Прилеп – 40, Кавадарци – 30, Велес – 22, Охрид – 19, Куманово – 18, Гевгелија – 16…
Регистрирани се осум починати лица: по две починати лица од Скопје (81 и 86) и Битола (65 и 66) и по едно починато лице од Прилеп (45), Охрид (69), Струмица (68) и Валандово (72). Сите се починати во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.686.063 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 239.920, бројот на оздравени пациенти е 217.305, на починати е 8.070, а бројот на активни случаи изнесува 14.545.