ССК контра Филипче – наместо репресивни подобри се стимулирачки мерки


Сојузот на стопански комори смета дека правото на вакцинација која не е задолжителна е лично право на избор и не треба да се ограничува.  Од оваа асоцијација на стопанственци велат дека изјавата на министерот за здравство Венко Филипче дека Сојузот барал да се воведе задолжителна вакцинација и за вработените во приватниот сектор е целосно неточна. […]

Трајко Славески ќе претседава со градскиот совет на Скопје


Со гласови на вкупно 26 советници поранешниот министер за финансии Трајко Славески денеска е избран за претседател на Советот на Град Скопје. Неговиот избор беше подржан од страна на советниците на ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Алијанса за Албанците / Алтернатива и двајцата советници на ЛДП и ДОМ. Против гласаа СДСМ, ДУИ и двајцата советници на Зелен […]

ДКСК препорачува да се исфрли балансерот од Законот за административни службеници, луѓето лажат за да се вработат


 Билјана Ивановска, претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), на денешната седница говореше за предмети кои пристигнуваат до Антикорупција за тоа кога кандидати за вработување ја менуваат националноста, со цел да ги исполнат условите од балансерот и да се вработат. Таа конкретно образложи предмет, при што е утврдено дека во Агенцијата за вработување […]

ДРЗ: Ревизорскиот извештај за МАЛМЕД со низа забелешки и препораки


Државниот завод за ревизија го објави конечниот извештај за извршената ревизија на финансиските извештаи (за три сметки) заедно со ревизија на усогласеност на Агенцијата за лекови и медицински средства – МАЛМЕД за 2020 година. Како што се наведува во Извештајот, изразено е неповолно мислење во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи како и за усогласеноста […]

Заврши конзервацијата на турската бања во Дојран


Во Дојран, по долго време од покренување на иницијативата, заврши конзервацијата на „турската бања“ која како нова туристичка атракција веднаш е ставена во функција на посета од страна на гостите и локалното население. – Збогатувањето на туристичката понуда и туристичките содржини за нас како општина од секогаш претставува врвен приоритет.Заради тоа сметаме дека токму со […]

Задолжителната вакцинација и во приватниот сектор, бара Стопанската комора


Стопанската комора на Северна Македонија бара да се воведе задолжителната вакцинација и во приватниот сектор. Само така, смета, ќе се постигнат колективни резултати во борбата со вирусот, но и ќе се овозможи континуитет на деловните процеси. Како што соопшти денеска потпретседателката на Комората, Анета Трајковска, ова барање во вид на Иницијатива е веќе доставено до […]

Истражувачки проекти на седум научни установи ќе бидат финансирани од МОН


На седум јавни научни установи и институти денеска им беа доделени договорите за финансирање научно-истражувачки проекти за 2021 година кои беа позитивно оценети на конкурсот на Министерството за образование и наука. Со средства од МОН ќе биде поддржана реализацијата на проектите: „Еколошката состојба на рибната популација во Белчишко Блато“ на Хидробиолошкиот завод-Охрид; „Македонска книжевна енциклопедија […]

ССМ: Вакцинацијата мора да биде лична определба на работниците, без уцени или присила


Против најновите мерки што ги предлага Комисијата за заразни болести реагира и Сојузот на синдикати на Македонија. Оттаму наведуваат дека вакцинацијата мора да биде резултат на лична определба на работниците и не смее да се спроведува со присила. – Процесот на имунизација не смее да се спроведува на штета на елементарните права на граѓаните гарантирани со […]

КСС: Со новите Ковид-мерки се кршат основните човекови права


Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) реагира на најновите мерки за вработените во јавниот сектор што ги предлага Комисијата за заразни болести. Со предложените мерки, според КСС, се кршат основните човекови права и се бара Владата да размисли пред да ги донесе. – Вакцинирањето треба да е личен избор, а не да се наметнува со мерки, […]

Царовска: Состојбата во училиштата е стабилна, остануваме на настава со физичко присуство


Состојбата со корона вирусот во училиштата е стабилна и сѐ додека е така останува на првото сценарио – настава со физичко присуство.   – Доколку има каква е да е промена или загрозување, тогаш во координација со Комисијата за заразни болести и со Министерството за здравство ќе имплементираме други сценарија. Но засега сѐ укажува дека состојбата […]

УХМР: Утре магла по котлините


Утре во претпладневните часови по котлините ќе има појава на магла и значителна ниска облачност, а во западните делови услови за слаб дожд, информираат од УХМР. Во петок и сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој ќе ги спушти дневните температури за неколку степени, а условите за појава на утринска магла ќе се […]

Уништени се 20.000 дози од бугарските вакцини


Развојот на епидемијата е многу непредвидлив, но за секој случај здравствениот систем треба да биде подготвен за пренаменување на одделенија во ковид-центри, но тоа значи дека други пациенти чекаат здравствена услуга. – Многу е тешко со сигурност да се каже во која насока ќе оди епидемиологијата, меѓутоа ние мора да се подготвуваме за лошите сценарија кои […]

ПСО бара наставничките совети сами да одлучуваат за моделот на настава од 1 декември до 31 март


Прогресивниот синдикат за образование (ПСО), член на Сојузот на синдикатите на Македонија, бара од Министерството за образование и наука да дозволи наставниците на наставнички совети да може да одлучат дали наставата да ја организираат со физичко присуство или онлајн во периодот од 1 декември 2021 до 31 март 2022 година. Барањето го образложува со актуелните […]

Сите вработени во јавниот сектор мора да се вакцинирани за да одат на работа


Комисијата за заштита од заразни болести препорача до Владата да донесе одлука сите вработени во јавниот сектор да мора да се вакцинирани, за да одат на работа, или да имаат потврда за прележан Ковид-19, или пак да имаат потврда од лекар дека не смеат да се вакцинираат.  „Да ѝ предложиме на Владата сите вработени во […]

Кампања за собирање проектни идеи за прекугранична соработка со Бугарија


 Бугарското Министерство за регионален развој и јавни работи (МРДПР) започнува кампања за собирање проектни идеи кои ќе се имплементираат во рамките на Интегрираната територијална стратегија (ИТС) во рамките на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Република Северна Македонија, која ќе се спроведува во периодот 2021-2027 година. Проектни идеи и решенија можат да поднесат месните […]

Смртноста на предвреме родените бебиња намалена од 26 отсто на осум отсто


Министерството за здравство соопшти дека една од главните негови заложби во изминатите години било унапредување на условите, вложување во модерна опрема и обуки на Клиниката за гинекологија и акушерство и таа заложба ја претвориле во ефикасна стратегија која за само пет години даде фантастични резултати и ги унапреди условите за родилките и обезбеди врвна нега […]

Минатата недела за 8,1 отсто помалку заразени до Ковид 19


Намалување од 8,1 отсто на бројот на новозаразени од Ковид-19 минатата седмица во споредба со претходната, бележи Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во неделниот извештај за состојбата со коронавирусот во земјава. Од 8 до 14 ноември од Ковид-19 заболеле 3.218 лица, што е за 286 помалку од периодот меѓу 1 и 7 ноември. Минатата недела […]

СПЦ му се заканува со раскол на Фанар ако МПЦ-ОА биде признаена


Српската православна црква, преку викарот на патријархот Порфириј, епископот моравички Антониј, се закани дека е можен раскол со Вселенската патријаршија ако биде признаена автокефалноста на МПЦ-ОА. Константинополскиот патријарх Вартоломеј во Украина направи преседан, кој, во случај да биде повторен на Балканскиот полуостров, може да доведе до прекин на евхаристиското општење на СПЦ со Фанар, кажал […]