Нови 127 заразени и вкупно 10 починати Ковид-пациенти


Нови 127 заразени со КОВИД-19 од 1766 тестирања, оздравени 261  пациент и шест починати се регистрирани во изминатите 24 часа, соопшти Министерството за здравство. Дополнително се евидентирани и четири починати пациенти преку „Мој термин“ во периодот од 22 ноември до 18 декември 2021.   Од вкупниот број новозаразени, во Скопје се 90, Охрид – девет, […]

Опожарени три куќи во Злокуќани, нема жртви


Три куќи денеска се опожарени во населбата Злокуќани, но за среќа нема жртви, ниту повредени. Едната е комплетно изгорена, втората не е толку опожарена колку што има штета од водата со која се гаснел пожарот, додека кај третата опожарена е само една соба. Благодарение на брзата интервенција на противпожарната екипа со 13 пожарникари и четири […]

„Лежечки полицајци“ поставени на неколку улици во Ѓорче Петров


Ѓорче Петров ја зголемува безбедноста во сообраќајот, поставени препреки за намалување на брзината на возилата. Десетина улици во Ѓорче Петров на кои има голема фреквенција на возила, а жителите се жалеа дека се вози брзо, се поставени т.н. легнати полицајци. Со оваа акција, која ќе продолжи и натаму, целта е да се подигне безбедноста во […]

ЈСП апелира за носење заштитни маски во јавниот превоз


Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ апелира до граѓаните што го користат јавниот превоз да се придржуваат на препораките за заштита од КОВИД-19 и во автобус да носат заштитна маска. – Единствено со одговорно однесување на секој поединец, а имајќи предвид дека превозот секојдневно го користат илјадници граѓани, може сите да придонесеме во борбата против ширење на […]

Маричиќ ја вратил листата за помилување на затворите


Предлог листите за помилување затвореници за Нова година се неприфатливи за министерот за правда Бојан Маричиќ и тие се повторно вратени до затворските управи на разгледување, потврдија за МИА од Министерството за правда. Заменик министерот за правда Агим Нухиу претходно објави на Фејсбук  дека е повлечен списокот на лица предложени за помилување што треба да […]

Од 1 јануари недела е неработен ден, ВМРО-ДПМНЕ не гласаше


  Со 62 гласа „за“ и ниту еден против пратениците во Собранието го усвои законот со кој недела и официјално станува неработен ден. За законот не гласаа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.  „Недела неработен ден e реалност. Владата и Министерството за труд и социјална политика го исполнија ветувањето што им го дадоа на работниците. Од први јануари, […]

Кампања против говорот на омраза: Не дискриминирај, толерирај, стоп на омразата


Во борбата против говорот на омраза законодавните промени се неопходни, но тоа што е најважно, бара колективен одговор на целото општество да се каже „не“ на стигмата, „не“ на предрасудите, да се стави крај на пропагирањето на стереотипи. Правото за едниот човек е право за други и споделена обврска за сите членови на општеството, затоа […]

Обилниот снег ги врати посетителите на Голак


Обилниот снег кој изминатата недела непрекинато паѓаше на планината Голак, викендов ги измами посетителите да се искачат на делчевската планинска убавица и со своите најмали да уживаат во снежната белина која отсуствуваше во градот. Според дел од граѓаните, добро е што поради проодноста на патот Делчево – Голак им било овозможено да уживаат во снегот. […]

Студен бран, во среда и четврток температури до минус 11 степени


До сабота во државава ќе преовладува стабилно и суво време. Ведрото време, како што велат од УХМР, ќе услови во следните денови утринските температури да бидат ниски, особено во среда и четврток кога на места ќе се спуштаат и под минус 11 степени. Во петок и за време на викендот по одделни котлини ќе има […]

Пецаков: Долгот на Општина Охрид и на градските јавни претпријатија изнесува околу 22 милиони евра


Долгот на Општина Охрид моментално изнесува 857 милиони денари или речиси двојно повеќе отколку во 2019 година кога со финансиска помош на Владата за раздолжување на општината тој бил намален на некаде 530 милони денари. Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денеска на прес-конференција појасни дека само во текот на предзиборниот период, пред почетокот и во […]

Земјоделскиот факултет во Скопје доби6,5 милиони денари за да ги модернизира просториите


Земјоделскиот факултет во Скопје доби средства во висина од 6,5 милиони денари за да ги модернизира просторните услови, но и работата на две лаборатории во негов состав. – За три години имаме двојно зголемување на средствата за наука. Имаме и нивна целосна реализација. Само во изминатиот месец преку два јавни повици доделивме речиси 244 милиони […]

Истражување: Три проценти од децата на возраст од 5 до 17 години вклучени во детски труд


Околу 3 проценти од децата на возраст од 5 до 17 години биле вклучени во детски труд, покажува Мултииндикаторското кластерско истражување (МИКС) спроведено до Државниот завод за статистика во текот на 2018-2019 година како дел од Глобалната програма за состојбата на децата и жените. Резултатите според статистичките белези покажуваат дека децата во руралните области повеќе […]

Дигитализација на повеќе од пет милиони оргинални записи на Институтот „Крсте Мисирков“


Повеќе од пет милиони оргинални записи, стари над 500 години со кои располага Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ за првпат ќе бидат дигитализирани. Станува збор за решение на домашната компанија „Инбокс“ избрано на јавниот повик „Дигитализација на картотеките при Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“”, што го спроведе Фондот за иновации и технолошки развој во […]

Учебната година нема да заврши порано поради омикрон


Учебната година за учениците во основно и средно образиование ќе трае како што е предвидено,  а распустот ќе почне на Нова година. – Сериозен систем и сериозни институции пристапуваат кон проблематиката најодговорно. Уште на почетокот н учебната година разработивме три сценарија, од кои она со физичко присуство се спроведува со спроведување на сите епидемиолошки мерки […]

Без струја дел од Ѓорче Петров


Од 09 до 14:30 часот денеска без струја ќе бидат жителите од улиците „Воин Драшкоци“ и „Браќа Галеви“ од општина Ѓорче Петров. Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи, прекинот е поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа.

Османи се надева на решение во јануари, Петков истиот месец бара средба со новиот премиер


Конституирањето на новата бугарска Влада и попрагматичниот пристап, кој го најави новиот премиер Кирил Петков, со фокус на сегашноста и иднината влеваат надеж кај високите официјални претставници на земјава, но и кај дипломатите дека Северна Македонија и Бугарија наскоро би можеле да постигнат решение за спорот. И високите македонски претставници и дипломатите исто така се […]

Почнува аплицирањето за субвенциониран студентски оброк


Министерството за образование и наука информира дека од денеска до 31 декември повторно може да се аплицира за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк. – Можат да се пријават сите студенти кои ги исполнуваат условите согласно Законот за субвенциониран студентски оброк, но не успеале да се пријават и/или да го остварат ова право во […]

Промоција на кампањата „Блокирај ја омразата. Сподели љубов!“ во МСУ


Заедничката кампања на Европската Унија и Советот на Европа, „Блокирај ја омразата. Сподели љубов!“, која се фокусира на борбата против говор на омраза, официјално ќе биде промовирана денеска во Музејот на современа уметност во Скопје. На промоцијата на кампањата за кревање на свеста за оваа појава најавени се обраќања на Каталин Тамус, раководител на програми, […]

Нови 190 случаи на заразени со Ковид-19, починати 14 лица


Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, информира дека во последните 24 часа се направени 2.592 тестирања, а регистрирани се 190 нови случаи на КОВИД-19. Повеќе од половина, односно 101 нов случај е регистриран во Скопје. Во останатите градови бројот на новозаразени е двоцифрен. Во Прилеп има 12 нови случаи, во Битола […]

Прилеп, поскромно, по 15-ти пат, ја одбележа градската слава „Свети Никола“


Скромно поради пандемијата, ама со вековни благослови за здравје, духовност и помагање, Прилеп, по 15-ти пат организирано, ја одбележа градската слава, патронот-заштитник Свети Никола кој е и заштитникот на сиромашните, морепловците, на болните и на децата. Се одржа празнична литургија во црквата „Свето Благовештение“ и пред параклисот во центарот на градот. Домаќинот Тони Тарунџиоски и […]