Јанакиески со казна затвор од 4,5 години за „Титаник“, Јанкулоска доби 2,5 години

Мартин Протуѓер доби казна од две години, но таа се преквалификува во условна. Мунир Пепиќ една, а Коста Петровски три години затвор


Судот ги прогласи за виновни обвинетите во случајот „Титаник“ кои самите признаа вина, бидејќи во првата половина од 2011 создале група која работела на вршење измами во гласањето, во корист на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Мартин Протуѓер сторил кривично дело злосторничко здружување за што доби казна затвор од 8 месеци, а за повреда на правото на определување на избори 1 година и 6 месеци или  единствена казна затвор од 2 години, која нема да се изврши ако обвинетитот во рок од 5 години не стори ново кривично дело.

Миле Јанакиески за злосторничко здружување доби казна затвор од 8 месеци, за повреда на правото на определување на избирачите 1 година, за уништување изборен материјал 3 години или единствена казна затвор 4 години 6 месеци.

Гордана Јанкулоска за злосторничко здружување доби казна затвор од 8 месеци, за повреда на слободата на избирачите затвор од 1 година, за повреда на избирачкото право, 1 година или единствена казна од 2 години и шест месеци затвор.

Билјана Бришковска-Бошкоски доби казна затовр од 2 години која нема да се изврши ако во рок од  5 години не стори ново кривично дело.

Катерина Велоска доби казна затвор условно 2 години, ако во рок од 5 години не стори ново кривично дело.

Киро Тодоровски условно, 2 години ако во рок од  5 години не стори ново кривично дело

Мунир Пепиќ доби казна затвор од една година, а  Коста Митревски казна затвор од  3 години.

Со оглед на тоа дека обвинетите го признаа делото што им се става на товар, судот утврди дека сите обвинети кои принзаа признанието го дале доброволно. Судот ги прифати и спроведе доказна материја само за оние кои се кривични, појасни судијата.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Судењето за останатите обвинети во случајот кои не се чувствуваат виновни продолжува на 9 март.