Магла на патот Куманово – Страцин и на превојот Буково


Намалена видливост поради појава на магла од 50 – 60 метри утрово има на патниот правец Куманово – Страцин и до 80 метри на планинскиот превој Буково, информира АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места наместа со остатоци од кашест снег на коловозот. Врнежи од снег со променлив […]

Посебен сообраќаен режим во Скопје до среда


Министерството за внатрешни работи известува дека од денеска до среда ќе има посебен сообраќаен режим во Скопје поради официјалната посета на претседателот на Албанија Илир Мета. Мерки за посебен режим ќе има на сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје. МВР апелира  до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите од страна на […]

Сеизмошока опсерваторија при ПМФ: Земјотресите не предизвикаа материјални штети


Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, соопшти дека синоќа регистрира серија земјотреси чии епицентри се наоѓаат на 130 километри јужно од Скопје во соседна Грција во околината на Лерин. Првиот земјотрес кој се случи во 22 часот и 43 минути беше со Рихтерова магнитуда ML5.6, а беше најсилно почувствуван од населението во југозападниот дел […]

Облачно со дожд, на планините снег


Времето денеска ќе биде облачно со пообилни врнежи (локално над 25л/м2) кои во западните и северните делови, како и на повисоките места ќе бидат претежно од снег. Ќе се формира нова снежна покривка, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од […]

Земјотресот ги вознемири жителите на Битола, Охрид и Кичево, некои ноќта ќе ја минат на отворено


Земјотресот со магнитуда од 5,3 степени што вечерва во 22:43 часот беше почувствуван во земјава, ги вознемири жителите на Битола, Охрид и Кичево кои во голем број ги напуштија своите домови. Граѓани од трите града велат дека потресот предивикал напукнување на ѕидовите во некои објекти, но информации за посериозни штети засега нема. Тресењето на станбените […]

Силен земјотрес на македонско-грчката граница


Предмалку почувстуван земјотрес во нашата држава, според првичните информации епицентарот е во регионот на Битола кон грчката граница. Според ЕМСЦ потресот е регистиран со јачина од 5,8 според Рихтер, на 2 километри длабочина, точно во 22.43 часот. Подоцна јачината беше намалена на 5,5 степени според Рихтер. За неколку минути следуваа три помали земјотреси во истото […]

Нови 1.396 случаи позитивни на Ковид-19, вкупно починале 15 лица


Од направени 11.479 тестови, регистрирани се 1.396 нови случаи на КОВИД-19, починале девет лица, а оздравени се 348 пациенти, соопшти денеска Министерството за здравство. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа најмногу позитивни случаи има во Скопје – 790, следат Битола – 164, Прилеп – 80, Кавадарци – 41, Куманово – […]

Посебен сообраќаен режим во Скопје на 10,11 и 12 јануари, доаѓа Илир Мета


Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека на 10, 11 и 12.01.2022 (понеделник, вторник и среда) во официјална посета на Македонија ќе престојува Претседателот на Република Албанија, Илир Мета. МВР во наведените денови ќе преземе мерки за посебен сообраќаен режим на сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје. СВР Скопје апелира до […]

Пендаровски и Џафери на божиќен ручек кај г.г. Стефан


Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан по повод божиќните празници и својот именден – празникот на архиѓакон и првомаченик Св.Стефан, денеска приреди традиционален божиќен ручек за државниот врв. На божиќната трпеза присуствуваа претседателот Стево Пендаровски и претседателот на Собранието Талат Џафери. Божиќниот ручек традиционално се одржува во резиденцијата на архиепископот г.г. […]

Одгледувачите на свињи ќе бараат порадикални мерки за висоризичните фарми


Македонските одгледувачи на свињи ќе бараат порадикални мерки за да се спречи ширењето на африканската свинска чума. Бојан Ѓорѓиевски од Здружението на одледувачи на свињи „Македонско прасе“ вели дека порадикалните мерки ќе се однесуваат за високоризичните одгледувалишта, а ќе се однесуваат на нивна поголема контрола од институциите. Според него, афиканската свинска чума е заразно заблоување, […]

ЈСП негира дека градскиот превоз поскапува


СДСМ има најмалку право да зборува за проектите на ЈСП, претпријатие коешто стана еден од најголемите загубари изминативе четири години. Претпријатието е водено несовесно од претходното раководство и поради тоа се наоѓа во толку лоша состојба, стои во реакцијата на ова јавно претпријатие откако стана предмет на препукување неѓу најголемите партии во земјата.  -ЈСП ќе […]

Апасиев бара национализација на БЕГ


  Национализација на БЕГ, побара преку фејсбук  лидерот на Левица, Димитар Апасиев,  откако неколку дена, компанијата не испорача доволно топлинска енергија за скопјани, па некои од нив се жалеа дека премрзнале. Град Скопје веќе бараше да го преземе стопанисувањето на топловодната мрежа од сегашниот снабдувач „Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи”, за што е формирано и […]

УХМР најавува снег и во Скопската Котлина


 Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови од земјава ќе има пообилни врнежи кои на повисоките места и на планините ќе бидат од снег, соопшти УХМР. Утре ќе се задржи облачно со пообилни врнежи, локално над 25 литри на метар квадратен, кои во западните и северните делови, како и на […]

СДСМ го повика ЈСП да бара помош од Град Скопје


СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ почнаа да се препукуваат околу клучните услуги на граѓаните, па тоа што почна како инсттуционална пресметка околу одговорноста за одвивање на сообраќајот во Скопје, се префрли на греењето од БЕГ, а сега и на цената за градски сообраќај, откако ЈСП воведе дневен билет. Според СДСМ, градоначалничката Данела Арсовска не само што не […]

Министерството за одбрана годинава домаќин на најголемата конференција за стратегиски комуникации на НАТО


Годишната конференцијата за информации и комуникации на НАТО, најголемиот настан во доменот на стратегиските комуникации на Алијансата, наесен оваа година ќе се одржи во Северна Македонија. Како што информира Министерството за одбрана, на конференцијата во Скопје ќе пристигнат околу 500 НАТО-експерти за стратегиски комуникации од сите земји членки на Алијансата и од околу 40 партнерски […]

Сообраќајот се одвива по претежно влажни коловози


Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. На патниот правец А2 Свети Николе – Миладиновци, на 10 км пред Миладиновци, сообраќајот е пренасочен […]

Астрономски календар


Денеска е недела, 9 јануари 2022 година, 9-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 356 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 7 часот и 1 минута, а ќе зајде во 16 часот и 19 минути. Денов трае 9 часа и 18 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина, ќе изгрее […]

Активни над 9000 Ковид-случаи во земјава, бројот на заразени во светот надмина 300 милиони


Надминати се девет илјади (9539) активни случаи на КОВИД-19 во земјава со новите потврдени 632 од вчерашната статистика за поминати 24 часа. Над половина активни односно 5558 се во Скопје. Трицифрени бројки на заразени во моментов имаат уште 12 града, најмногу се во Битола – 755 и Прилеп – 546, а над 300 активни имаат […]

Облачно и врнежливо со температури над нулата


Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, на повисоките планини на северозапад со врнежи од снег. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 6, а максималната ќе достигне од […]

Потврден прв случај на африканска свинска свинска чума во земјава


Врз основа на добиени лабораториски наоди од Институтот за ветеринарна медицина од 06.01.2022 година, Агенцијата  за храна и ветеринарство (АХВ) го потврди првиот случај на присуство на болеста Африканска свинска чума во две огледувалишта во делчевското село Драмче каде се угинати 14 свињи. Како што информираат од АХВ, директорот Николче Бабовски донесе решение со кое […]