Извидници од поречанскиот одред „Галеб“ собраа 30 вреќи отпад од кејот на Вардар во Аеродром


Повеќе од 30 вреќи цврст отпад е собран во денешната акција за чистење организирана од Извидничко поречанскиот одред „Галеб“ Скопје во соработка со општина Аеродром.

Во акцијата, во која учествуваа 40 извидници на возраст од 8 до 22 години, со помош на вработените од ЈП Комунална хигиена, е исчистен и кејот на реката Вардар, од паркот на авиончето до паркот на последна петка.

Во оваа активност учествувал и градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски.

– Освен што се постигнаа видливи резултати со чистењето, извидниците сакаат да испратат силна порака, дека се грижат за заедницата и само преку личен пример и ангажман може да се направат поголеми промени кои ќе водат кон почиста средина, се наведува во соопштението од Извидничко поречански одред „Галеб“ Скопје.

Исто така, во текот на вчерашниот ден беше спроведена акција за чистење и уредување на дворовите на училиштата и детските градинки. Тоа што заночна вчера продолжни и денес со еко акција на кејот на Вардар и во ОУ „Лазо Ангеловски“ со еко акција и уредување на училишниот двор.

Преку заедничка акција со дел од учениците, родителите и наставниците го уредивме овој простор и направивме најголемото основно училиште на територија на Општина Аеродром да добие нов лик, напиша Муцунски во својата објава на социјалните мрежи.