Бојан Христовски в.д. директор на ЈП „Градски паркинг“


Бојан Христовски именуван за  в.д. директор на ЈП „Градски паркинг“. Тој е магистер на науки на факултетот за безбедност, при Универзитетот „Св. Климент Охридски“, а во својата струка има поминато повеќе меѓународни обуки. Христовски од 2006 година има работно искуство во Министерството за внатрешни работи, каде бил на повеќе на раководни позиции.  Досегашниот директор на […]

Секоја година сè повеќе ѓубре во главниот град – расчистени и 11.000 м3 отпад од диви депонии


И во текот на 2021 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје (ЈПКХС) седум пати во неделата, во три смени, го собираа и го транспортираа комуналниот отпад од скопските домаќинства, како и од речиси 600 стопански субјекти во урбаниот и во руралниот дел на градот. Во изминатите 12 месеци беа собрани и транспортирани вкупно 166.678 тони […]

Новата влада ќе ја кастри администрацијата за 20 отсто


Идниот премиер Димитар Ковачевски во програмата за својата работа најавува  смена на начинот на функционирање на јавната администрација, но и нејзино намалување за 20 проценти. Тоа ќе се оствари пред се преку спојување на институциите што имаат идентични задачи, пензионирање на 64 години, но и со  префрлање на дел од административците во приватниот сектор.  „Ќе […]

Најмногу снег и најстудено на Попова Шапка


Највисока снежна покривка од 68 сантиметри утрово е измерена на Попова Шапка. Следат со 17 сантиметри Маврови Анови, 14 Ѓуриште, 13 Крушево, 9 Пожаране, 6 Демир Капија, 2 Битола, Прилеп. На Шапка е измерена и најниската темепратура од -16 степени. -12 Маврови Анови, -11 Крушево, -8 Прилеп, Виница, Дебар, -7 Крива Паланка, -6 Охрид, Претор, […]

Ковид позитивен е секој четврти од тестираните, 68 отсто од заразените се со омикрон


Секој четврти тестиран, според последната статистика на МЗ, е позитивен на Ковид-19, а 68 проценти од секвенционираните примероци се со новиот сој на вирусот – омикрон. Вчера беа евидентирани 1.822 нови случаи на Ковид-19, од направени 7.123 тестови. Регистрирани беа тројца починати, а 668 оздравени пациенти. Активни се 13.478 случаи. Според последните податоци во земјава, […]

Вевчанскиот карневал, вековна традиција под маски


Со традиционалното дефиле под маски, кои на сатиричен начин ќе ја прикажат изминатата година, денеска напладне официјално почнува Вевчанскиот карневал „Василичари 2022 година“. Двете василичарски друштва Горна и Долна маала со зетот, невестата, двата ѓаволи, глупавите Августи и останатите маски инспирирани од актуелните политички и секојдневни случувања во земјава и светот ќе продефилираат низ вевчанските […]

Сончево, но студено до минус 11 степени


Времето денеска ќе биде сончево и студено со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -3, а максималната ќе достигне од -4 до 6 степени. Во Скопје, сончево и студено со мала облачност и со умерен до […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 13 јануари 2022 година, 13-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 352 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 7 часот, а ќе зајде во 16 часот и 23 минути. Денов трае 9 часа и 23 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина, ќе изгрее во 12 часот […]

Библиотеката „Браќа Миладиновци” ќе работи 24 часа


Работното време на читалната во градската библиотека „Браќа Миладиновци”, по барање на студентите, ќе биде 24 часа.   Ова било договорено на вчерашната средба на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска со претставниците на Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, Ева Цветковска и Вера Палевска. Цветковска и Палевска во име на студентите побараа […]

Јавен повик за времено ангажирање на негуватели во детските градинки во Кисела Вода


  Општина Кисела Вода упати јавен повик за времено ангажирање на негуватели за јавните детски градинки на оваа територија. Евидентираните невработени лица кои сакаат да се вклучат во Програмата Општинско – корисна работа треба да поседуваат лиценца. Вкупниот период на вклученост на невработените лица преку Програмата изнесува пет месеци. Ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време […]

Колона товарни возила со часови заглавена на граничниот премин „Ѓуешево’


Превозници од повеќе држави, возачи на шлепери, повеќе од пет часа стојат заглавени во колона пред граничниот премин „Ѓуешево’, кај границата помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија.   Како што изјавуваат превозниците, во повеќеметарската колона од бугарската страна на границата се наоѓаат превозници од повеќе држави, С.Македонија, Турција, Романија, Србија, а застојот се прави […]

Владата ќе им помогне на битолчани со штетите од земјотресот


Владата финансиски ќе им помогне на граѓаните што претрпеа штети од земјотресот во Битола, истакна заменик-претседателот на Владата, Љупчо Николовски, кој со владин тим денеска допатува во Битола каде одржаа координативен состанок со градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски во врска со состојбата од настанатите штети од земјотресот во Битола. Николовски изјави дека Владата на […]

Утре и задутре најстудено, наутро до – 10


Времето утре ќе биде сончево и студено со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а по должината на Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -3, а максималната ќе достигне од -4 до 6 степени. Во Скопје сончево и студено со мала облачност и со […]

Владата ќе ги стимулира младите да се вакцинираат


По примерот на западните земји, каде со сертификатот за вакцина, младите добиваат попусти, гратис храна, пијалок и други награди и Владата планира стимулативни мерки за привлекување на оваа група граѓани да се вакцинираат. Во програмата на новата Влада предводена од Димитар Ковачевски се предвидуваат стимулативни мерки за зголемување на интересот за вакцинација кај младите, како […]

Герасимовски вработи самохран татко како хигиеничар


  Самохран татко на две деца, кој досега немал редфовни примања, од утре почнува да работи во Општина Центар како хигиеничар. – Општина Центар е инклузивна и општествено-одговорна општина, општина која се грижи и помага на сите граѓани, велат од таму па, денеска во својот кабинет, градоначалникот Горан Герасимовски, го прими сограѓанин Денис и неговите […]

Нови 1.822 случаи со Ковид-19, од нив 173 се повторно заразени


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 7.123 тестови, а регистрирани се 1.822 нови случаи со Ковид-19, починати се вкупно седуммина, а 668 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. Од 1.822 новозаболени од Скопје се 918, Битола – 198, Прилеп – 98, Куманово – 65, Кавадарци – 55, Охрид […]

Загадувањето произлегува од повеќе сегменти и треба да се преземаат поголеми мерки


И покрај тоа што овој декември се регистрирани најдобри вредности во однос на загадувањето, сепак мора да се преземат поголеми чекори за во иднина да се спречи истото. Загадувањето произлегува од повеќе сегменти, па така треба да се работи на промената на начинот на греење на домаќинствата, начинот на превоз на граѓаните, уништување на дивите […]

„Брако“ донираше медицинска опрема на Детското одделение во велешката болница


Денеска (12 јануари 2022 ), претставници на „Брако“ во име на здравствената грижа за заедницата, овој пат за најмладите пациенти, донираа медицинска опрема наменета токму за детското одделение при Општата болница во Велес, со цел обезбедување квалитетна и навремена здравствена грижа за децата-пациенти. На главната сестра на детското одделение во велешката болница, Олгица Пепелашева и’ […]

Најдобро е училиштата да останат отворени, но се разгледуваат и други можности


Министерството за образование и наука е во постојана координација со Министетството за здравство и Комисијата за заразни болести за начините и формите на функционирање на образовниот систем во период на пандемија. Тие ја преоценуваат состојбата и на располагање стојат другите сценарија, изјави министерката Мила Царовска на прашањето дали ќе продолжи зимскиот распуст и по 20 […]

Почна да се гради основно училиште во Визбегово за 500 ученици


Почнаа градежни работи за изградба на основно училиште во Визбегово во општина Бутел, на вкупна површина од 12 029 квадратни метри и со капацитет за над 500 ученици. Како што соопшти МОН претходно, склучениот договор за изведување на градежните работи за изградба на објектот е во износ од 106.590.812 денари со ДДВ, а реализацијата е […]