Сончево и студено, утринските температури под нула


Времето денеска ќе биде сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието, засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -14 до -6, а максималната од -3 до 6 степени. Во Скопје, слично време со повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 25 јануари 2022 година, 25-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 340 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 54 минути, а ќе зајде во 16 часот и 38 минути. Денов трае 9 часа и 44 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина, нема да […]

Бочварски: Во 2023 ќе имаме комплетно реконструиран патен Коридор 8


Коридорот 8 од наша страна, односно експресниот пат Ранковце- Крива Паланка, третата лента кон Деве Баир и целосната рехабилитација на постоечкиот пат треба да ги завршиме кон средината на 2023 година со што ќе имаме комплетно нов Коридор 8, од Скопје до границата со Бугарија. Тоа ќе биде инвестиција од 100 милиони евра, истакна министерот […]

„Стрежево“ два пати распишува оглас за директор, првиот е поништен


  БИТОЛА – ЈП „Стрежево“ Битола во рок од една недела по втор пат распиша оглас за избор на директор, откако првиот пат постави услови што не се законски. Така, по реакција на  медиуми до Управниот одбор на претпријатието,  огласот е поништен и денеска е распишан нов  со скратени услови од претходниот. Огласот тече до […]

Училиштето „Видео Подгорец“ од Струмица доби сензорна соба


Стимулативни содржини во сензорната соба на ООУ „Видое Подгорец“ во Струмица од денес ќе може да се обезбедува за педагошка поддршка за учениците со образовни потешкотии. Тим лидерот на Регионалниот проект за социјални права на ранливите групи (SoRi II), Мајкл Самец истакна дека поддршката на најранливите категории е еден од приоритетите во соработката на Германија […]

ВМРО-ДПМНЕ: И Зечевиќ ширел ковид на Водици


Бухова да не дава политички изјави, туку да го покаже резултатот од ковид тестирањето на Миле  Зечевиќ, повикаа од ВМРО-ДПМНЕ тврдејќи дека и тој бил позитивен и ширел ковид на Водици, како градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков за кого беше најавена кривична пријава.  -Бухова наместо да биде портпарол на СДСМ нека се однесува како што […]

Денеска 718 новозаразени, 22 починати, од кои девет целосно вакцинирани


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.044 тестови, а регистрирани се 718 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 505, Битола – 30, Куманово – 29, Прилеп – 26, Кавадарци – 23, Гевгелија – 14, Велес – 10, Гостивар и Струмица – по 8, […]

Косово може да ја преиспита одлуката за три вакцини при влез во земјата


Косовското Министерство за здравство најави дека во текот на неделава е можно да се преразгледа одлуката за обврската на странските државјани при влез во земјата да приложат сертификат за три примени дози вакцина или две дози плус РТ-ПЦР тест не постар од 48 часа, јави дописникот на МИА од Приштина. Како што соопшти ресорното Министерство […]

Ќе се заклучуваат шахтите за да не се крадат капаците


Во Скопје сè почести се случаите на крадење и оштетување на сливниците и капаците на шахтите.  Ваквите појави негативно се одразуваат на финансиското работење на ЈП „Водовод и канализаија“ – Скопје, но и на безбедноста на граѓаните во сообраќајот, порача денеска директорот Златко Перински.  Тој вели дека вложуваат напори за превенирање на оваа девијантна појава и […]

Се трага по 77 годишно лице – од трлото со овци тгрнал дома, по што му се губи трага


На ден 23.01.2022 година во 15.40 часот од ЦУК Битола добиена е информација дека во с. Градешница е исчезнат лице со иницијали Т.Д. (77 години) кој од трлото со овци се упатил кон домот во селото Градешница при што му се губи трагата. Во текот на денот семејството и соселаните го пребарувале теренот и по […]

Ни еден студент не пријавил корупција – страв или незнаење?


На УКИМ-Скопје една и пол година, а на УГД-Штип четири години ниеден студент не пријавил корупција. Студентите не ја пријавуваат зашто или ја сметаат за нормална појава или не знаат каде и како да ја пријават или зашто се плашат од одмазда и се правно несигурни и немаат доверба дека ќе бидат заштитени од системот. […]

Формиран е Градски eко совет


Во рамки на Град Скопје, денеска се формираше Градски еко совет – Зелен совет на Град Скопје. -Дваесет и пет експерти и претставници на граѓанскиот сектор од областа на урбаното планирање, урбанизмот, архитектурата, сообраќајот, енергетиката и заштитата на животната средина, се дел од новоформираниот Градски еко совет – Зелен совет на Град Скопје. Овој Совет […]

Влада: Не подаруваме возила туку постапуваме по обврските кои произлегуваат од Законот за влада


Владата нема ниту право, ниту постои таква законска можност или обврска, на кој било поранешен премиер или на кој било друг функционер да подарува возила, порачаа денеска од Владата по информациите во дел од медиумите за правата на поранешните премиери. Од Владата истакнуваат дека постапуваат исклучиво согласно со обврските кои произлегуваат од Законот за влада, […]

Битолските пожарникари како акробати при гаснењето на пожарот во „Жито Битола“


  БИТОЛА – Ако битолската пожарна имаше возило со противпожарна автомеханичка скала до 30 метри синоќешниот пожар во млинот „Жито Битола“ ќе се изгаснеше за многу покусо време, ризикот кај пожарникарите ќе беше сведен на минимум и штетите ќе беа далеку помали со оглед на фактот што пожарот започна во покривот, вели доскорешниот командир на […]

Дијабетичарите бараат ослободување од работа поради Ковид-19


Сојузот на здруженија на дијабетичари, до Владата и до Министерството за здравство поднесе барања за ослободување од работни обврски на хронични болните особено лицата со Дијабетес Тип 1 и Тип 2 на инсулин со компликации, на лично барање од пациент преку специјалист ендокринолог или дијабетолог. Според нив, епидимиолошката состојба со корона вирусот е загрижувачка. Сериозно […]

Студеното време и снежните врнежи добредојдени за есенските посеви


Промената на времето која се случи кон крајот на минатата недела со врнежи од снег и формирање снежна покривка, како и одржувањето подолго време на ниските минимални негативни температури, е позитивна, посебно за есенските посеви. Според агрометеоролозите на УХМР, на есенските посеви има се потребни токму вакви временски услови. Земјоделците не треба стравуваат од евентуални […]

Рашковски: Мојот софтвер можеше да спасува животи на патиштата


Поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски во допис до јавноста тврди дека со системот за сообраќајни прекршоци, што го набави тој за 70.000 евра, ќе се намали бројот на жртвите за една половина, бројот на повредените за две третини и материјалната штета за повеќе од половина. „Софтверот на Рашковски“ не е софтвер на Рашковски, […]

Формиран е Градски eко совет – Зелен совет на Град Скопје


Дваесет и пет експерти и претставници на граѓанскиот сектор од областа на урбаното планирање, урбанизмот, архитектурата, сообраќајот, енергетиката и заштитата на животната средина, се дел од новоформираниот Градски еко совет – Зелен совет на Град Скопје. Овој Совет има за цел да креира политики од областа на екологијата, сообраќајот, урбаното планирање, да предлага стратегии и […]

Бухова не гледа основа за тужбата на Пецаков


Иринка Сотирова Бухова, директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, му порача на градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, кој најави дека ќе ја тужи, дека законот е јасен кога станува збор за однесувањето за време на тестирање против Ковид-19.   Пецаков, при тестирање за патување во странство добил позитивен резултат на Ковид 19, по завршувањето […]

Во Неготино избор на најдобри вина и ракии од индивидуални производители


Општина Неготино организира избор на најдобри вина и ракии од индивидуални производители. Како што информира Службата за односи со јавноста на локалната самоуправа, активностите се во чест на верскиот празник „Свети Трифун” кој се смета за заштитник на лозарите. Тогаш симболично почнува и закројувањето на лозјата. Дегустацијата и изборот на најквалитетните вина и ракии ќе […]