Без вода вечерва се Драчево и Долно Лисиче


Поради уличен дефект на водоводна цевка Ф100 милиметри на улица „Скендер Бег Кастриоти“ бб во населба Драчево, вечерва без вода ќе бидат корисници во оваа и во соседната населба Долно Лисиче.

Водоснабдувањето ќе биде во прекин од 21:30 часот, па до остранување на дефектот.