Времето денес ќе биде сончево и тивко
Времето денеска претпладне ќе биде магливо во одделни котлини, а во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 18 до 23 степени Целзиусови. Во Скопје минималната температура ќе …