Ковид-статистика за три дена: Петмина починати и 147 новозаболени


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 22.04 до 24.04.2022): Направени се 3.722 тестови, а регистрирани се 147 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 84, Битола – 15, Кавадарци – 12, Куманово – 10, Велес – 6, Прилеп – 4, Штип – 3, Тетово, Охрид, […]

СОНК на нова средба попладнево во Владата во обид за договор


Претставници на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) предводени од претседателот Јаким Неделков во 16 часот ќе имаат средба во Владата во обид за договор за нивните барања од кој ќе зависи и прекинувањето на штрајкот во училиштата и градинките почнат на 11 април. Неделков за МИА потврди дека во Владата ќе имаат […]

Неделков: Извесно е дека и утре ќе има штрајк


До овој момент нема договор со ресорните министри.  Очекуваме потврда за работна средба во текот на попладневните часови, има таков сигнал дека попладне ќе се сретнеме во Владата. Меѓутоа, и доколку има средба, мали се изгледите дека може вечерва нешто да се случи за носење нова одлука и сѐ поизгледно е дека и утре продолжува […]

(Видео) Попладне можна средба на СОНК со Владата, ако нема нова понуда – штрајкот продолжува


До овој момент нема взаемен договор со ресорните министри, за прекин на штрајкот на просветните работници и вработените во градинките, потврди претседателот на СОНК, Јаким Неделков, на денешната прес-конференција.  -Има сигнал дека попладне ќе се сретнеме во Владата. Нашето очекување е во интерес на учениците, во интерес на децата во детските градинки, во интерес на […]

Сотировски: Пописот не ја одразува религиската слика во државата


Соработката со сите регистрирани цркви, верски заедници и религиозни групи во државата е на задоволително ниво. Досега се направени значајни придвижувања, но нашиот план за работа и визија е дека треба се што е постигнато да се подобри и дополнително да се продлабочи. Оптимист сум дека се движиме во позитивен правец, вели во интервју за […]

Регистриран земјотрес на подрачјето Пехчево-Кресна


Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML 2.8 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, на 115 км југоисточно од Скопје кој потекнува од епицентрално подрачје Пехчево-Кресна, регистрираше изутринава во 6:36 часот телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево. Ова го соопшти Сеизмолошката опсерваторија при […]

Археолози напред, „стој“ за дивите копачи


Нов правилник за археолошки истражувања е неопходно да се донесе, за чекор напред за археолозите и чекори назад за дивите копачи. Ова меѓу другото, беше кажано на јавната дебата на Македонското археолошко друштво, на која се разговараше за иницијативата за нов документ. Македонските археолози се согласија дека мора да бидат вклучени со свои стручни претставници […]

Сончево, ветровито и топло до 29 степени


Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен и југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 29 степени. Во Скопје, сончево и топло, […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 25 април 2022 година, 111-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 254 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 40 минути, а ќе зајде во 19 часот и 24 минути. Денов трае 13 часа и 44 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее […]

Владина делегација на свечената Велигденска литургија во соборниот храм Св. „Климент Охридски“


Владина делегација во состав заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити, денеска присуствуваше на свечената литургија по повод најголемиот православен празник Христово Воскресение – Велигден, во соборниот храм Св. „Климент Охридски“ во Скопје. Со […]

Честитки за Велигден од Пендаровски и Ковачевски


Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник  Велигден, упати честитка до поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан и сите православни верници,  до претседателот на Црковното претставништво на Евангелско – методистичката црква, Емил Заев и припадниците на Евангелско – методистичката црква во државата. „Најискрено ви посакувам празничните денови да ги поминете, пред сѐ, во добро здравје, […]

Православните верници го слават Велигден


 Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии. По две години со ковид-рестрикции, годинава на велигденските богослужби можеше да […]

Г.г Стефан: Покајанието, преобразбата и прошката ни се пот­ребни како никогаш досега


Поглаварот на Македонската православна црква, Г.г.Стефан  порача денес дека Покајанието, преобразбата и прошката ни се пот­ребни како никогаш досега бидејќи живееме очигледно во време во кое е отфрлен законот, и правниот и божјиот. Откако повика на мир во Украина тој порача дека и кон нашиот православен македонски народ и во мир се води војна и […]

Честитка од Џафери за Велигден


Претседателот на Собранието Талат Џафери упати денес честитка до сите првославни верници по повод празникот Велигден. Во неа .Во неа тој порачува дека не се когаш материјалното е одговор и дека убавиот збор, благородното и хумано дело дава радост и не прави посреќни.  проблемите Почитувани граѓани, православни верници во Република Северна Македонија, „Дозволете од име […]

Почна да паѓа гипсената фасада на Владата


  Орнаментите и фасадата на зградата на Владата почнаа да попуштаат. Потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев, објави фотографии на неговиот Фејсбук профил на кои се гледа дека дел од фасадата  од владината зграда паднал во тревникот. Најголема штета е видлива кај украсните елементи, на ѕидот на една од кулите.  „Криминалот на режимот на ДПМНЕ сѐ […]

СДСМ пак бара оставка на Мицкоски поради плацевите на Груевски


  И во денешното соопштение владејачката СДСМ бара Христијан Мицкоски да поднесе оставка, откако пресудите за случајот „Плацеви на Водно“ уште еднаш потврдиле дека ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија.   „Во предметот ‘Плацеви на Водно’, избеганиот Никола Груевски практично ја ограбил и ВМРО-ДПМНЕ. Парите ги перел со ‘Белизе шеми’ и други криминални начини за да купи […]

Претпладне облачно со дожд, попладне сончево и потопло


Времето претпладне ќе биде променливо облачно со локален дожд. Попладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево и потопло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Утринските температури ќе се движат од 4 до 9 степени, а дневните од 13 […]

Почувствуван земјотрес во Скопје, ја затресе БиХ со 5,7 степени


Велерва, во 23.07 часот беше почувствуван земјотрес во Скопје, а  жителите на главниот град, особено оние кои живеат на повисоките катови на социјалните мрежи постираат видеа од разнишани лустери.  Земјотресот што го почувствуваа скопјани, најверојатно беше со епицентар во Херцеговина. Односно, во близина на Мостар и Требиње. Според првичните информации земјотресот бил со јачина од […]

Мазари: Пожарот не претставува опасност за викенд населбата Елен Камен


Не постои опасност од зафаќање на викенд населбата Елен Камен од пламените јазици од пожарот што попладнево ја зафати шумата над патот кон струшкото село Радожда, информира за МИА командирот на територијалната против пожарна единица – Струга Фети Мазари. Според него, викендиците се на два километра оддалеченост, а ветрот дува во спротивен правец и го […]

Голем пожар над Елен Камен во Струга


Голем пожар попладнево избувнал во шумата над Елен Камен во Струга, над патот за Радожда. Според информации од очевидци на местото на настанот огнот многу бргу се шири поради силниот ветер, јавува Сител. Локалните жители стравуваат дека може да бидат зафатени и куќите.  Во моментов на терен работат екипи на против пожарната бригада, но како […]