По две години пауза повторно „Матурска парада“ на плоштадот „Македонија“


По двегодишна пауза поради пандемијата на коронавирусот, матурантите од 14 училишта од Скопје денеска повторно земаа учество на „Матурската парада“, на плоштадот „Македонија“. Учествуваа матурантите од СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“, СУГС „Панче Арсовски“, СУГС „Браќа Миладиновци“, СУГС „Георги Димитров“, СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“, СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“, СУГС „Владо Тасевски“, СУГС „Димитар Влахов“, СУГС „Орце […]

Николоски тврди дека роднини и бизнисмени блиски до СДСМ купиле имоти во Дубаи


Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски изјави дека помеѓу сопствениците на имот во Дубаи се роднини и бизнисмени кои се блиски до актуелната гарнитура на власт, апелирајќи до надлежните институции да ги испитаат овие наводи се со цел да се дознае на кој начин е стекнат имотот. -Според податоците кои јавно беа изнесени бројни лица од […]

Со пари од ТАВ се прави пат во Сарај


Премиерот Димитар Ковачевски и првиот вицепремиер Артан Груби ја посетија Општина Сарај, по повод реконструкцијата на патот Буковиќ-Раовиќ, еден од 94-те инфраструктурни проекти од ТАВ програмата во износ од 49,7 милиони евра. Патот Буковиќ-Раовиќ е во завршна фаза на реализација, долг е шест километри и ги поврзува двете села. Износот на инвестицијата е 748 илјади […]

ДКСК: Балансерот при вработување во јавниот сектор не функционира или да се донесе алатка за контрола или да се укине


Државната комисија за спречување на корупцијата утврдила слабост во употребата на балансерот при вработување на административни службеници – нема утврдена постапка за проверка на веродостојноста на податоците, ниту е направена единствена база од која ќе се добиваат податоци за етничката припадност на кандидатите, и предлага во новиот Закон за вработени во јавниот сектор и Законот […]

Пендаровски му врачи македонско државјанство на Мајк Зафировски


  Претседателот Стево Пендаровски денеска имаше средба со Мајк Зафировски, ко-основач на „Македонија 2025“ и со претставници на организацијата на која се разговараше за заклучоците и за првичните реакции од 11-то издание на самитот на „Македонија 2025“, на кое во фокусот беа забрзаната дигитална трансформација, регионалната соработка и иновациите. Пендаровски му се заблагодари на Зафировски […]

МТСП и СОНК се договорија: Вработените во градинките за два дена ќе земат плата


Претставниците на министерството за труд и социјална политика и претставниците на СОНК ги потпишаа измените и дополнувањата на Колективниот договор со којшто се регулира исплатата на плати и придонеси за време на штрајк, а платата ќе биде исплатена за два дена. Пред неколку дена беше договорено со Министерството за образование платите на вработените во детските […]

(Во живо) Прес на Неделков со Тренчевска


 Во Министерството за труд и социјална политика претпладнево се оддржа нова средба помеѓу министерката Јованка Тренчевска и претседателот на Синдикатот за образование наука и култура, Јаким Неделков, за изнаоѓање решение околу исплатата на плати за вработените во предучилишните установи кои учествуваа во штрајкот, организиран од СОНК. Проследете ја во живо прес-конференцијата:

Со цистерни се носи вода во Драчево, Пинтија, Лисиче поради дефект


Во текот на вчерашниот ден на ул. Борис Трајковски бб, во Општина Кисела Вода, настана дефект на водоводна цевка со профил Ф600, при што екипите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, веднаш пристапија кон санирање на истиот. При санацијата на дефектот, беа откриени уште неколку дефекти на спојните делови на цевката, а како резултат […]

Македонија се соочува со неповолни демографски трендови


Актуелните демографски трендови во Македонија не се поволни. Државата се соочува со негативни демографски движења и тоа се манифестира со пораст на емиграцијата во странство, рече ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза” во Скопје, Изет Зеќири, на Меѓународната конференција за миграцијата насловена „Луѓе во движење, државјанство, идентитет и развој“. Според ректорот Зеќири, демографскиот потенцијал на една […]

Јавниот превоз во вторник ќе сообраќа по неделен возен ред, Жичарницата ќе работи вообичаено


Во вторник (24.05.2022 година), поради државниот празник 24 Мај, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, а дежурни ќе бидат три билетарници. Од 7 до 13.30 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар, Зелен пазар и билетарницата во Ѓорче Петров. Во вторник, Жичарницата ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот, а во понеделник […]

Апел до матурантите да не возат ако пијат алкохол


Републичкиот совет за безедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) во пресрет на матурските прослави апелира до матурантите за време на овие прослави да не управуваат моторно возило без возачка дозвола или под дејство на алкохол. -Матурата за секој матурант и неговото семејство е од огромно значење. Тоа е чин на завршување на една и почеток на […]

Тренчевска и Неделков на нова средба за платите на вработените во градинките кои штрајкуваа


 Во Министерството за труд и социјална политика претпладнево ќе се оддржи нова средба помеѓу министерката Јованка Тренчевска и претседателот на Синдикатот за образование наука и култура, Јаким Неделков, за изнаоѓање решение околу исплатата на плати за вработените во предучилишните установи кои учествуваа во штрајкот, организиран од СОНК. Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска […]

Министерката за одбрана Петровска во официјална посета на Бугарија


Министерката за одбрана Славјанка Петровска, заедно со делегација од Министерството и од Армијата денеска престојува во еднодневна официјална посета на Бугарија. По официјалниот пречек со највисоки воени почести, министерката Петровска ќе се сретне со својот бугарски колега, министерот Драгомир Заков, а во бугарското Собрание ќе има средба и со раководството на парламентарната комисија за одбрана, […]

Промоција на проектот „Вакцинирано население е заштитено од Ковид-19“


Организацијата на жени Турчинки „Дерја“ и ЈЗУ „Здравствен дом Скопје“ денеска во поликлиниката „Чаир“ ќе го означат почетокот на проектот „Вакцинирано население е заштитено од КОВИД-19“. Се очекува проектот да придонесе кон зголемена свест за превенција од КОВИД-19 кај населението од  сите етнички заедници кои живеат во општините на Град Скопје преку одржување на едукативни […]

Матурска парада на плоштадот „Македонија“


По двегодишна пауза заради ковид-пандемијата, денеска точно напладне на плоштадот „Македонија“ во Скопје ќе се одржи „Матурската парада“. На парадата ќе учествуваат матуранти од СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“, СУГС „Панче Арсовски“, СУГС „Браќа Миладиновци“, СУГС „Георги Димитров“, СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“, СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“, СУГС „Владо Тасевски“, СУГС „Димитар Влахов“, СУГС „Орце Николов“, СУГС […]

Одбележување на Светскиот ден на пчелите


Под покровителство на Амбасадата на Република Словенија во земјава и Програмата за зачувување на природата во Република Северна Македонија, во соработка со Едукативниот центар за зачувување на природата во Негрево и Здружението на пчелари од Брегалничкиот регион Меден Исток, денеска ќе биде одбележан Светскиот ден на пчелите. На настанот што ќе се одржи во Едукативниот […]

Презентација на средства и опрема користени во воената вежба „Swift Response 22“


Во близина на градскиот стадион во Штип, денеска ќе има отворена презентација на средства и опрема на армиите кои учествуваат на големата меѓународна воена вежба „Swift Response 22“. Граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со дел од воените возила, вооружување и опрема кои се користат од армиите кои учествуваат на оваа најголема досега изведена […]

Светски ден на метрологијата


Во Скопје денеска ќе биде одбележан Светскиот ден на метрологијата – 20 мај. На одбележувањето што го организиран Бирото за метрологија, ќе се обратат министерот за економија Крешник Бектеши, амбасадорото на ЕУ во Скопје Дејвид Гир и директорката на Бирото, Мерита Мустафаи. Светскиот ден на метрологијата го слави потпишувањето на Метарската конвенција во која членува […]

„Градиднина“ – нова пермакултурна градина во МКЦ


МКЦ денеска ќе го отвори новиот зелен простор наречен „Градиднина“, пермакултурна градина во Скопје, создадена за поддршка на широки иницијативи во зародиш. – Изградбата на просторот е резултат на учеството на МКЦ во меѓународниот проект насловен „Big Time Takeover“ развиен преку „Еразмус KA2 Програмата за соработка и инвовација и размена на добри пракси на Европската […]

Сончево и топло до 29 степени


Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност, наутро посвежо, а преку денот топло. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. УВ индексот ќе биде 8. Во Скопје, сончево со мала локална […]