Во завршна фаза изборот на надзор и правен консултант за Коридорот 8


Во завршна фаза е изборот на надзор и правен консултант што ќе ги води преговорите заедно со веќе формираниот Комитет од страна на Владата за проектот за изградба на Коридорот 8, кој е значаен за целиот регион. Тоа го истакна директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми денеска по извршениот увид на градежните […]

Српски аналитичар: Помирувањето меѓу СПЦ и МПЦ е поврзано со воведување санкции за Русија од Белград


  Верскиот аналитичар од Србија Владимир Вељковиќ за телевизијата Н1 изјави дека е очигледно дека СПЦ ќе ги поддржи одлуките на државниот врв, односно воведувањето санкции против Русија. Осврнувајќи се на вчерашната средба меѓу претседателот Александар Вучиќ и патријархот Порфириј со архиереите на СПЦ, Вељковиќ рече дека во уставот стои дека црквата и државата се […]

Тројца починати и 76 нови случаи на Ковид-19


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.232 тестови, а регистрирани се 76 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 56, Битола – 10, Кавадарци – 3, Охрид и Кичево – по 2, Куманово, Гевгелија и Ресен – по 1. Од вкупниот број на позитивни […]

Грковска ќе работи партнерски со невладиниот сектор за доброто владеење


  Вицепремиерката за политики на добро владеење, Славица Грковска, денеска одржа состанок со претставници од Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата, на кој присуствуваа Слаѓана Тасева од Транспаренси Интернешенл, Љуљзим Хазири од Асоцијацијата за демократски иницијативи, како и Снежана Камиловска од МЦМС. На оваа средба, која е дел од состаноците што вицепремиерката Грковска […]

Претседателот Пендаровски го прими ученикот Амир Дестанов


Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Амир Дестанов, ученик во ООУ „Браќа Рамиз и Хамид“, Шуто Оризари, кој на натпреварот по математика на „Кенгур 2022“  освои трето место и е вклучен во активностите на „Дневниот центар за деца на улица“. Претседателот Пендаровски беше запознат со исклучително тешкото детство на Амир и со суровите услови на […]

Ново училиште во Долно Блаце, од септември децата нема да учат во Косово


Од септември годинава, децата на училишна возраст од селото Долно Блаце во општина Чучер Сандево повеќе нема да посетуваат настава во друга држава, односно во погранично место во Косово каде им е најблиското училиште, туку ќе учат во објект во нивното родно место кој сега го градиме и активностите се речиси завршени, изјави министерот за […]

Ковачевски не сака да коментира за претците на неговата сопруга


  „Не знам зошто е од интерес потеклото на роднините на мојата сопруга. Таткото на мојата сопруга е роден во Куманово, дедото на мојата сопруга е роден во Крива Паланка. Мојата сопруга е родена во Крива Паланка, јас сум роден во Куманово, нашите деца се родени во Скопје. Сите поседуваме лични документи од Северна Македонија. […]

Мицкоски ги поддржа МПЦ и г.г. Стефан за чекорите што ги преземаат


  Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан ја има мојата недвосмислена поддршка за секој чекор што го презема, исто како и останатите владици во Синодот. Единствено нешто кои тие ќе го направат ќе биде во насока на заштита на интересите на православните христијани и во насока на заштита на македонскиот народ, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, […]

Модна ревија на коктел фустани во Битола изработена од средношколци


  БИТОЛА – Модна ревија на коктел фустани ќе продефилира во Офицерскиот дом во Битола, а што е најинтересно ќе биде изработена од средношколците од текстилната струка на средното општинско училиште „Таки Даскало“ во Битола. Ревијата веќе наголемо се подготвува и е во соработка со Продукција „Божиловиќ“ и  Културно-информативниот центар од Битола. Битолчанки со векови […]

Пендаровски го прими ученикот со натпросечна интелигенција Македон Димитриевски


Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска го прими Македон Димитриевски, ученик во второ одделение во ОУ „Лирија“ од Тетово, кој поседува натпросечна интелигенција. Во разговор со Македон, Пендаровски бил запознаен со афинитетите, интересите, досегашните успеси, вештини и знаења кои ги поседува седумгодишниот ученик, како и со неговите желби и предизвици во иднина. Како што соопштија […]

ООУ „Блаже Конески“ станува енергетски ефикасен објект


Со новата енергетски ефикасна фасада и со веќе поставените фотоволтаици на покривот, ООУ „Блаже Конески“ во Аеродром станува еколошки објект, кој за сопствените потреби ќе произведува струја.  Дополнително, на местото на сегашните угостителски објекти во дворот на училиштето и во негова близина, ќе се гради градинка.  – Денеска сме пред ООУ „Блаже Конески“ на територија […]

Викендов трето прскање против комарци во Скопје


Град Скопје соопшти дека претстојниот викенд, во сабота и недела, во раните утрински часови ќе се врши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје. – Ова е  трето прскање, второто се изврши во периодот од 17.05 до 20.05.2022 година , а  првото на  29.04.2022 година, со што навреме почна овој […]

Од сабота значително потопло, на повеќе места над 30 степени


Времето денеска е сончево со слаб до умерен ветер од северен правец и  максимална температура од 19 до 27 степени. Во Скопје температурата ќе достигне 24 степени. УХМР соопшти дека следува период на постабилно време. Утре сѐ уште ќе се задржат пониските утрински температури, но дневните температури од сабота ќе бидат значително повисоки и на […]

Жичницата на Водно денеска со скратено работно време


Жичницата денеска, четврток (19.05.2022 год), ќе работи до 17.30 часот, поради редовни планирани тестирања. Од утре, објектот ќе продолжи со вообичаеното работно време, односно од 10 до 20 часот, согласно Одлуката за работно време во период мај – септември. Потсетуваме дека во период од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во […]

Архиепископот Стефан од Белград: Ѝ благодариме на СПЦ што ја поздрави одлуката на Вселенската патријаршија


Во соборниот храм „Свети Сава“ во Белград изутринава почна архиерејска литургија за воспоставување на „литургиско и канонско општење на двете сетрински цркви“, односно литургија на помирувањето, со која сослужуваат српскиот патријарх Порфириј и архиепископот охридски и македонски Стефан, јави дописникот на МИА од Белград. Литургијата се одржува, откако вчера Синодот на МПЦ-ОА ја прифати поканата […]

Градот Скопје во првите три месеци потрошил половина од планираните пари за осветлување на улиците


За цела 2022 година Градот Скопје во Буџетот предвидел 130 милиони денари за улично осветлување, а само во првите три месеци потрошил половина од тие пари. Имнео, како што рече советникот Гордан Шутарев на денешната седница, реализацијата на оваа услуга во првите три месеци е 72 милиони денари, што претставува 55,7 проценти потрошени средства за […]

Ивановски од „Пакомак“: Корупцијата е пречка и за екологијата


За 35-40% од амбалажниот отпад кој се создава во Македонија никој не плаќа надомест. Тоа значи дека постои сѐ уште голем број компании кои не плаќаат никаде за селекција и собирање на нивниот амбалажен отпад. Компании кои никој не ги казнува, што значи и над 1,5 мил. евра помалку секоја година во буџетот. Инспекторите не […]

Бислимовски: Загубите на вода до 60 отсто, да се објасни за што се троши секој денар во комуналните претпријатија


Последните податоци покажуваат дека немаме однос кон водата како природен ресурс и загубите на национално ниво достигнуваат до 60 отсто поради лошата инфраструктура и поради отсуство на инвестиции на јавните претпријатија. Секој пат кога се определува опсег на тарифа, советите на општините најчесто ја одбираат тарифата во чија структура степенот на инвестиции е на најниско […]

Општина Аеродром доделува по 3.5000 денари за прваче


Општина Аеродром и оваа година доделува еднократна парична помош на семејствата со прваче во висина од 3.500 денари, за што се издвоени 3.100.000 денари од буџетот.   Родителите на првачињата запишани училиштата на територијата на Општината можат да поднесат барање за еднократната парична помош до архивата на Општина Аеродром од денеска до 30.9.2022 година.   […]

Низа проблеми од невремето што ја зафати Грција, еден исчезнат на Евија


 Невремето со обилен дожд и силен ветер што од синоќа зафати делови на Грција, создаде низа проблеми, противпожарната служба интервенираше за помош на граѓани, а едно лице исчезна на островот Евија, јави дописничката на МИА од Атина. Од доцна синоќа спасувачки екипи започнаа потрага по исчезнат маж на планината Дирфи на Евија, а акцијата продолжува […]