Град Скопје почнува со постапката за изградба на првиот мега парк во Ѓорче Петров


Град Скопје и Општина Ѓорче Петров ги започнаа постапките за изградба на првиот од четирите мега паркови што треба да се изградат во Скопје во текот на наредниве години. Советот на Град Скопје денеска по иницијатива на градоначалничката Данела Арсовска, ја донесе Одлуката за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Ѓорче Петров за […]

Шаќири: Платите во основно и средно образование од септември ќе бидат повисоки за 15 отсто по усвојувањето на ребалансот


 Повисоки плати за 15 отсто за вработените во основно и во средно образование ќе има од септември, како што е договорено со Самостојниот синдикат за образование и наука (СОНК). Тоа е предвидено во ребалансот на Буџетот, што треба да биде усвоен во Собранието, изјави денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири. – Со СОНК […]

Сали: Болните од рак примаат стандардна терапија, има и биолошка терапија за одредени пациенти


 Обезбедивме одредени количества терапија за болните од рак. Тоа е биолошката терапија и тоа е за одредени пациенти. Не можеме да користиме биолошка терапија за кој било пациент со канцер, а знаејќи ја и финансиската можност на нашите институции, па и на државата особено во овие околности, ние правиме иследување на пациенти, односно групирање на […]

Ламбе Алабаковски го потпалил бугарскиот клуб, го издале изгорениците на рацете


  БИТОЛА – Популарниот пејач Ламбе Алабаковски е потпалувачот на бугарскиот културен клуб во Битола. Тој лани со семејството се врати од Америка и веднаш се вклучи во културно-забавниот живот во Битола, со настапи во локален клуб, па често можеше да се види во градот и меѓу битолчани. Алабаковски е од преспанското село Љубојно. Од […]

Општина Кисела Вода времено ќе ангажира 15 негуватели во детски градинки и 5 негуватели за стари лица


  Општина Кисела Вода упатува јавен повик до сите евидентирани невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во проектот “Се грижиме за најмладите и највозрасните”. Истиот е дел од Програмата Општинско – корисна работа, кој се спроведува преку Врз основа на Договорот за соработка со Агенцијата за вработување и Договорот помеѓу Програмата за развој […]

Се обновуваат сите детски игралишта во Реонски центар Аеродром


  Општина Аеродром оваа недела интензивно работи на обновување на реквизитите на сите четири детски игралишта во Реонски центар кои се многу посетени од дечињата, особено во летниот период. Оштетените реквизити се поправаат, им се обновува бојата, а се проверува и нивната безбедност за безгрижна игра на нашите најмали. Во наредниот период ќе се обноват […]

(Во живо) Завршни зборови за „Талир“


Одбрана во случајот „талир“ денеска ги дава завршните зборови.  Претходно, Никола Груевски и Кирил Божиновски обвинети во случајот „Талир 2“, да бидат прогласени за виновни, додедека седиштето на политичката ВМРО-ДПМНЕ да биде одземено, предложи обвинителот Љубомир Лапе во завршните за овој предмет.

Општина Центар субвенционира поправка на покриви и лифтови


Општина Центар го објави Јавниот повик за финансиска поддршка за поправка и санација на постојни кровни конструкции и постојни лифтови во станбени згради на подрачјето на општината.  Јавниот повик се однесува за поправка на лифт за кој со технички преглед, извршен од овластено акредитирано независно правно лице, е утврдено дека е технички неисправен и/или за […]

Италијанската „Ндрангета“ има „илјадници“ мафијаши во Австралија


Се верува дека во Австралија дејствуваат илјадници членови на озлогласената мафија „Ндрангета“ од јужниот италијански регион Калабрија, соопшти денеска федералната полиција. Помошникот комесар на австралиската федерална полиција (АФП) Најџел Рајан го објасни влијанието на италијанскиот организиран криминал во Австралија, слика што австралиските органи за спроведување на законот успеаја да ја состават во текот на изминатата […]

Петок пред Духовден – неработен ден за граѓаните од православна вероисповед


Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РM („Службен весник на РМ“, бр.21/98 и 18/07), 10 јуни (петок) 2022 година, Духовден, петок пред Духовден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија.   Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православна вероисповед им го […]

Сончево со мала облачност, попладне дожд, грмежи и ветер


Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, претежно во западните и јужните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 31 степен. УВ=7 Во Скопје […]

НЛБ Банка и Кроација осигурување-Живот го заокружија месецот на финансиско советување


Изминатиот викенд во Градскиот парк во Скопје, НЛБ Банка, во соработка со својот партнер – осигурителната компанија Кроација осигурување–Живот, организираше забавно – едукативен настан со што беше заокружен „Караванот за финансиско советување за небанкарски продукти“. Посетителите, меѓу кои најмногу родители и деца, имаа можност да уживаат во музичкиот настап на познатиот македонски пејач Влатко Лозаноски, […]

Неопходна е ревизија на моделот за спортските ваучери


Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска денеска во просториите на Агенцијата за млади и спорт имаше работна средба со директорот Наумче Мојсовски. Како што информира прес-службата на Грковска, на средбата се дискутирало за потребата од сеопфатна анализа на законската регулатива во спортот и креирање на политики за добро […]

Невреме проследено со град во Делчевско


Невреме проследено со град, денеска попладне го зафати делчевскиот регион. Во селото Очипала граѓани информираат дека градот бил со големина на лешник, додека градоносни врнежи се регистрирани и во неколку останати села. – Во село Очипала врнежите од град беа нешто поголеми од форма на крупен лешник. Од штети првично може да констатираме дека е […]

Запишувањето во средните училишта годинава првпат со електронско аплицирање


Првпат годинава е овозможено електронско аплицирање за запишување во средните училишта во земјава. Пријавувањето на учениците ќе биде преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk. Од МОН велат дека целта на новата дигиталната услуга е оптимизирање на […]

Министерствата за финансии и за здравство бараат нов финансиер за доизградба на новата Клиничка болница во Штип


Се бара нов финансиер за доизградба на новата Клиничка болница во Штип, истакна премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање, кога ќе продолжи изградбата на овој објект. Новиот финансиер го бараат министерствата за финансии и за здравство. Ковачевски подвлече дека претходниот финансиер се повлекол од овој проект поради одењето во стечај на штипската градежна компанија […]

Ковачевски: Нема потреба за активирање на стоковите резерви, немаме недостаток на храна и енергенси


Стоковите резерви се на ниво пропишано со закон и тековно се менаџираат. Нема потреба да се активираат бидејќи нема недостаток на храна и енергенси, информираше денеска премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање. – Кога зборуваме за стоковите резерви, веројатно мислите на храната и на нафтени деривати. Во моментов има непречено снабдување со нафтени, […]

ССМ со амандман бара зголемување на платите за 2.806 денари


Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) поднесе предлог-амандман за измени и дополнувања на Буџетот за 2022 година со кој бара да се обезбедат финансиски средства за исплата на 2.806 денари за вработените во јавниот сектор. Предлогот, како што информираат од ССМ, е поднесен денеска и очекуваат тој да биде поддржан од сите пратеници особено од […]

Приведена воспитувачка од Домот за доенчиња во Битола – покажала негрижа кон дете со посебни потреби


  БИТОЛА – Скандал го тресе Домот за доенчиња и мали деца во Битола откако полицијата објави дека е приведена вработена која ги запуштила малолетниците згрижени во мал групен дом. Станува збор за седумгодишно дете со пречки со развој,  кое било затекнато во кревет, без да има можност да ја напушта постелата, а пак воспитувачката, […]

За викендот, 135 нови случаи на корона вирус


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 03.06 до 05.06.2022): Направени се 2.257 тестови, а регистрирани се 135 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 93, Битола и Кавадарци – по 8, Прилеп, Охрид, Штип и Струмица – по 3, Куманово, Велес, Гостивар и Неготино – […]