( Галерија) Тропско лето во Скопје, а ние мислиме на зима

Живееме во знакот на  портокалот и како метео фаза и како освежително овошје или сок


Фото: Б. Грданоски

Скопје деновиве се поти на 42 степени, заради топлото време, жешката политика и со „жешките“ мисли како ќе ја преживееме зимата и како граѓани и како економија.

Фото: Б. Грданоски

Живееме во знакот на  портокалот и како метео фаза и како освежително овошје или сок .

Некој е под постојан стрес, а некој дозволува животот да го тера успорено, како за лето. Главниот град одамна е навикнат на изгор температури и на кочан зима, некој ужива на сончевите зраци, некој бега под ладовина или клима, некој бара спас покрај река или во викендица низ Македонија. 

Фото: Б. Грданоски

Сепак, и покрај жештините, животот во главниот град , не престанува. Иако, забележлива е помала фреквенција на луѓе, што веројатно се должи на искористувањето на годишните одмори и на здравствените препораки да се избегнуваат најтоплите периоди.

Приквечер, кога заладува, е друга приказна. Скопе живнува, пивото го заменува кафето, а мноштвото културни и забавни настани ви даваат избор за летно уживање, кое го нема во зима. 

Фото: Б. Грданоски

Метереолозите велат дека викендов ќе биде променливо, посвежо со можен дожд и грмотевици.

Животот како и климата може многу да ве изненадат. Особено во Скопје. Среќата да се претвори во тага. По сонце да истури дожд. Убавото време да се претвори во невреме. Во природата постои виша сила, а во животот најчесто ние си ја кроиме судбината.

Фото: Б. Грданоски

Како се лади Скопје? Фоторепортерот на Независен, Боро Грданоски, направи обиколка низ градот и еве што забележа тој низ објективот на неговиот фотоапарат.

Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски