Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до ОЈО Скопје


 Управата за финансиска полиција денеска поднела кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје во која, како што информираат, се опфатени сите обвинители за кои сметаат дека постојат основи на сомнение за сторени кривични дела при постапување во предметот по кој беше извршен претресот во Управата. Од Управата за финансиска полиција, не информираат колку лица конкретно […]

Бесплатен таблет за секое четвртоодделенче во Аердором


Согласно изборната програма на градоначалникот Тимчо Муцунски и заложбата за осовременување на образовниот процес, секое дете што посетува настава во четврто одделение во основните училишта во Општина Аеродром, во новата учебна година ќе добие бесплатен таблет. Предвидено е над 800 дечиња да добијат таблет, со што се остварува ветувањето за модерно и современо образование за […]

Град Скопје: По 10.000 денари субвенции за стари занаети пред изумирање


Град Скопје, денеска објави повик за субвенционирање на стари занаети и занаетчиски дејности во изумирање во градот Скопје. „Со цел поттикнување на развојот на традиционалните занаети преку субвенционирањето на стари занаети и занаетчиски дејности во изумирање на територија на градот Скопје, преку Програмата за финансирање на проекти за развој на занаетчиството, угостителството и трговијата на […]

Грковска најавува ревизија на системот за спортски ваучери


– Потребно е да се најде подобар модел за ваучерскиот систем во спортот, кој ќе биде поправеден и ќе биде реализиран директно преку клубовите затоа што општ заклучок е дека сегашниот модел на исплата преку федерации не функционира како што треба, и секако да се зголеми транспарентност и отчетност во спортот, вели заменичката на претседателот на […]

Одбележани 21 година од смртта на прилепските бранители кај Карпалак


Владина делегација во состав советникот за одбрана Драган Василевски и државниот секретар во Министерството за одбрана Драган Николиќ, денеска положи свежо цвеќе на спомен-плочата во месноста Карпалак, на автопатот Скопје – Тетово, во спомен на загинатите бранители. Со достојни државни почести годинава се одбележуваат 21 година од загинувањето на десеттемина припадници на резервниот состав на […]

Притвор за маж кој поранешната жена ја тепал со тупаници и се заканувал дека ќе ѝ го убие семејството


Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 42-годишно лице, за кое постои основано сомнение дека при вршење семејно насилство сторило продолжено кривично дело „телесна повреда“ според член 130 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик. За осомничениот, како што соопшти денеска Јавното обвинителство, е предложен притвор. […]

Се уредува вегетацијата  на кејот на Вардар


Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ деновиве  вршат интензивни активности на уредување на вегетацијата  на кејот на реката Вардар во кординација со Град Скопје и другите  јавни претпријатија. Уредувањето  започна на потег од Железниот мост, долж  десното течение на реката Вардар кон мостот Гоце Делчев, како и на  потег од Железниот мост долж левото течение […]

Активен пожарот кај Фурка, изгаснати 12 пожари


Пожарот кај село Фурка меѓу општина Дојран и Богданци е се уште активен, но со намален интензитет. Гори деградирана шума-прнар, а на места има и борова шума. Пожарот е активен на кракот на западната страна кон Богданци и мал крак кон рибник „Елита“. Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), утрово околу 5 […]

Грковска: Да се зголеми транспарентноста и отчетноста во спортот, потребна е ревизија на системот за спортски ваучери


Потребно е да се најде подобар модел за ваучерскиот систем во спортот, кој ќе биде поправеден и ќе биде реализиран директно преку клубовите затоа што општ заклучок е дека сегашниот модел на исплата преку федерации не функционира како што треба, и секако да се зголеми транспарентност и отчетност во спортот, вели заменичката на претседателот на […]

На „Табановце“ се чека околу еден час, на „Богородица“ од 30 минути до еден час


Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП „Табановце“ времето на чекање за влез во државата е околу еден час, а на ГП „Богородица времето на чекање за излез од државата е од 30 минути до еден час. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за […]

Животи погодени од гром


Посетата на згариштата на изгорените куќи е непријатна, болна, буди спомени за она што било и можеше да биде. Поминаа десетина дена откако удар на гром на балконот од една куќа уништи четири домови и на седумина прилепчани им ги смени животните текови. Братучетките Марина Илиеска и Ивона Ѓорѓиеска, врснички, 27-годишни девојки кои се подготвуваа […]

Дваесет и една година од загинувањето на армиските припадници кај Карпалак


Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одбележат 21-годишнината од загинувањето на армиските припадници кај месноста Карпалак. – Делегација предводена од началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и државниот секретар во Mинистерството за одбрана Драган Николиќ, во 09:00 часот ќе положи цвеќе пред спомен-плочата кај месноста Карпалак. Во 13:00 часот, […]

Се намалува бројот на новозаболени од КОВИД-19


По летниот пораст, сега се бележи тренд на опаѓање на новозаболени од КОВИД-19 на светско ниво. Според неделната статистика на Ворлдметерс во изминатите седум дена, глобално се бележи пад на новозаболените од 17 проценти, во однос на претходната седмица. За 11 отсто е намален и бројот на починати. Во  Европа минатата недела имало за 29 проценти помалку […]

Сончево и многу топло, од среда пад на температурите


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Попладне претежно во западните делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. УВ=8. […]

Во прилепската касарна почнаа одбележувањата за Карпалак


  Со поклон, почит и тага пред спомен обележјето во прилепската касарна „Мирче Ацев“ почна одбележувањето на 21 година од трагичниот настан кај месноста Карпалак на патот Скопје – Тетово. На 8 август 2001-та во заседа беше нападнат армиски конвој и загинаа 10 припадници на резервниот состав. Пред спомен обележјето се поклонија и положија цвеќиња […]

Пожарот кај Фурка се интензивира, интервенира и армиски хеликоптер


Пожарот кај село Фурка помеѓу општина Дојран и Богданци е активен и добива посериозен интензитет. Се движи од брана Паљурци кон планината Карабалија по регионалниот пат Богданци – Дојран во ширина од 300 до 400 метри. Гори деградирана шума-прнар, а на места има и борова шума.   Центарот за управување со кризи информира дека поради […]

Бирото ги објави новите наставни програми за второ и за петто одделение, ќе има споени предмети


Компјутер, проектор, дигитални уреди (фотоапарат, телефон, телевизор, ЦД уред), но и сложувалки, логички плочки, игра „Не лути се човече“, градинарски алат, прибор за лична хигиена и хигиена во домот. Ова е само дел од опремата и средствата кои ќе им бидат потребни од септември на втородделенците во училиштата низ државата, за да можат наставниците да […]

Во Прилеп почнува одбележувањето на 21 година од Карпалак


Во прилепската касарна „Мирче Ацев“ вечер од 18 часот почнува одбележувањето на 21-годишнината од загинувањето на 10 припадници на АРМ. На 8 август кај месноста Карпалак 2001 година армискиот конвој беше нападнат од заседа и загинаа 10 прилепски резервисти. Пред споменикот на загинатите бранители во кругот на касарната „Мирче Ацев“ семејствата на загинатите, претставници на […]

Сончево и ветровито, попладне услови за краткотраен пороен дожд


  Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец. Попладне и вечер ќе има услови за локална нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 37 […]