Разбиена обложувачката мафија „Тотобо“, илегални операции вршеле и во Македонија


Во Истанбул е разбиена обложувачка мафија „Тотобо“, која се протега од Германија до Турција, а ја вклучува и Македонија. Приведени биле 59 членови од мафијата, која остварила добивка од една милијарди лири (55 милиони евра). Своите операции со илегално обложување ги вршела во Турција, Германија и Македонија, пренесува „Милијет“. Полицијата осум месеци ја следела операцијата, […]

Директорот на БЈБ Тасевски во посета на полицијата на Република Албанија


  Директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, придружуван од високата делегација на Северна Македонија, денеска беше во посета на албанската државна полиција.   Тасевски со делегацијата оствари средба со генералниот директор на државната полиција, Гладис Нано и неговите соработници, откако претходно имаа средба во четири очи.   На официјалната средба меѓу двете делегации […]

Училиште во Битола трошело пари од „ЕРАЗМУС +“ без да распишува јавни набавки и да плаќа персонален данок, покажа ревизијата на Општина Битола


БИТОЛА – Проект од програмата „ЕРАЗМУС +“ во ООУ „Елипида Караманди“ во Битола се реализирал без спроведување на постапка за јавна набавка, без да се плати персонален данок, а дел од парите за патни трошоци биле префрлани на сметки на родителите. Ова го утврди меѓу другото општинскиот ревизор од Битола, при контрола на финансиското работење […]

Регистрирани 679 случаи на Ковид-19, нема починати лица


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа направени се 1 537 тестови, а регистрирани се 679 случаи на КОВИД-19, од кои 130 се реинфекции. Регистрирани се 291 оздравен пациент, нема пријавено починати лица. Во моментов се активни вкупно 4.379 случаи на коронавирусот, информира Министерството за здравство.   Од вкупниот број новозаболени, […]

Арсовска тврди дека отпуштените не доаѓале на работа, тие велат дека се жртва на политичко пазарење


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска вели дека тоа што на некого не му е продолжен договорот, значи дека раководството не е задоволно од неговата работа. Конкретно за 33-те лица вработени во ЈП „Комунална хигиена“  на кои не им биле продолжени договорите кажа дека не си ги извршувале своите работни обврски, а најголем дел нив […]

Шахот ќе биде изборен предмет во училиштата од септември


  Подобрување на концентрацијата, меморијата, математичките вештини, читањето, логичкиот начин на размислување, креативноста и критичкото размислување. Ова се само дел од придобивките за едно дете со изучувањето на шахот, кој од септември ќе биде на листата изборни предмети во основните училишта за деца од прво и второ одделение, пишува Факултети.мк. – Имавме состанок во Министерството […]

Целосно изгаснат пожарот во Охридско


Пожарот што вчера попладне избувна на планината кај охридските села Вапила – Расино – Сирула е ставен под котрола и нема опасност од зафаќање на куќите, информира командирот на Територијалната против пожарна единица – Охрид, Борко Јанкулоски. Според него, Охридската пожарна е на терен со три возила и 10 пожарникари, а распоредени се и екипи […]

Од утре до недела променливо време, со дожд и пад на температурите


Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од утре до недела ќе преовладува променливо облачно време, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и град. Температурите ќе бидат […]

Продолжува маката со учебниците пред почетокот на учебната година


Во тек е постапка за избор на економски оператор за печатење и дистрибуција на учебниците по предметите во основно образование за кои Бирото за развој на образованието подготви нови наставни програми. Согласно Концепцијата која МОН ја усвои минатата година, тие се воведуваат етапно – лани за прво и четврто одделение, а во учебната 2022/2023 по […]

Водостојот на Вардар кај Јегуновце намален за 13 пати


 Водостојот на реката Вардар на мерното место кај Јегуновце е за 13 пати понизок во споредба со вчера, а на другите три мерни места е речиси ист со вчерашниот. При тоа нивото на реката е за 28 сантиметри повисоко од просекот за август на мерното место кај Демир Капија, а е исто со просечното на […]

Транспаренси: Локалната власт има големи дискрециони овластувања


Големите дискрециони овластувања на локалната власт, недостигот на добро формулирани законски одреби, судир на законските одредби, различното толкување на законските норми, но и честото менување на законите создаваат ризик од зголемување на корупцијата, стои во извештајот на  Транспаренси Интернешанл Македонија за надминување на ризиците од корупција во јавните институции. Извештајот е изготвен во периодот од […]

„Мајчиното млеко е прва и најмоќна вакцина за новороденчето“ мото на кумановската болница-пријател на бебињата


Кумановската општа болница и одделението за гинекологија и акушерство стандардно, не само за време на Светската недела на доење, ги поттикнуваат, едуцираат, мајките на доење. Кумановската болница е прогласена за „Болница, пријател на бебињата“ уште пред 22 години и оттогаш посветува исклучително внимание на промоција на доењето, како во едукација на мајките од поволностите од […]

Активни два пожари, пожарот кај с.Фурка локализиран, утрово се догасува


Пожарот кај с.Фурка нема активно горење, локализиран е во 19.00 часот. Останати се екипи на Дирекцијата за заштита и спасување, другите се повлечени, а според раноутрински информации и план ќе се догасува, соопшти Центарот за управување со кризи. Шумскиот пожар во планината помеѓу с. Вапила и с. Расино, Охридско, е се уште активен. Гори деградирана […]

„Кино на отворено“ во Кисела Вода


Општина Кисела Вода во партнерство со МакеДокс од денеска до 14 август организира „Кино на отворено“. Бесплатните филмски проекции ќе се прикажуваат во паркот „Македонија“, пред Домот на култура „Билјана Беличанец”. Секоја вечер од 21 часот, публиката од Кисела Вода, но и сите останати љубители на филмската уметност, ќе може да ги погледнат документарните филмови […]

До Регулаторната комисија за домување 205 барања за посредување во спорови


Се намалува бројот на заедници на сопственици на станови и деловни простори, а се зголемува ангажирањето управители. Податоците на Регулатората комисија за домување (РКД) покажуваат дека вкупно 7 115 станбени згради се управувани од управител или заедница на сопственици, а во целата држава има десет лиценцирани инспектори за домување. Според Комисијата, во последните шест месеци […]

Сончево и топло, попладне можен пороен дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а попладне ќе има изолирана појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 29 до 38 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 8. Во Скопје ќе биде сончево со […]

Нови 1.233 случаи на Kовид-19 – пријавени 10 починати лица


– Во последните три дена од направени 3.561 тест регистрирани се 1.233 нови случаи на Ковид-19, од кои 284 се реинфекции, и 1.450 оздравени пациенти. Пријавени се седум починати лица, а дополнително согласно регистарот на умрени лица од Мој термин пријавени се уште три починати лица во периодот од 17 до 28 јули, информира Министерството за здравство […]

Петличковски: Засега нема потреба од нови рестриктивни мерки, треба да се подготвуваме за есента


Со моменталната ковид-ситуација нема потреба од нови рестриктивни мерки, последните препораки за задолжително носење на маски во болници, аптеки, јавен превоз и старечки домови засега се доволни, изјави претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски. Тој во вечерашното гостување во емисијата „Жешко столче“ на Канал 5, беше дециден дека според моменталната ситуција со околу […]

Пожарот кај Фурка се уште активен, интервенираат „Ер трактор“ и полициски хеликоптер


Пожарот кај селото Фурка и браната Паљурци, помеѓу општините Дојран и Богданци се уште е активен. Од изутрината координирано дејствуваат пожарникари и вработени на шумските стопанства од Гевгелија, Дојран, Кавадарци, Валандово и Струмица, информираат од ЦУК. Заради зголемените дневни температури, интензитетот на пожарот и точките на горење се зголемија во средината на денот, заради што […]

Малтретирани новинари од страна на службеници во Комунална хигиена


Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ја осудува постапката на службеници од секторот за односи со јавност и од обезбедувањето на „Комунална хигиена – Скопје“ кои денеска сериозно ги прекршиле правата на новинарите Фуркан Салиу и Авни Тахири, преку насилно одземање на нивната опрема и нивно незаконско задржување против нивна волја. Според колегите, овој скандалозен […]