Сопругата на Стојанче Ангелов од МВР унапредена во Агенција за разузнавање?


Јасминка Ангелова, сопруга на директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов од Министерството за внатрешни работи, каде што беше вработена, била трансферирана во Агенцијата за разузнавање, дознава „Фокус“.

Ангелова во МВР била на функцијата државен советник во кабинет на држaвниот секретар.

Од таму потврдуваат дека таа не е веќе во МВР.

Директорот на Агенцијата, Еролд Муслиу информацијата дали Ангелова е сега во АР, ниту ја потврди, ниту ја демантираше.