Короната е тука, за седум дена од Ковид-19 починале седуммина


  Министерството за здравство престана со медиумите да споделува податоци за новозаразени со Ковид-19 и за починати лица од болеста, а на интернет страницата на Институтот за јавно здравје може да се најдат неделни податоци за состојбата со пандемијата. Во периодот од 14 до 20 ноември од Ковид-19 починале седум лица, три во Скопје и […]

Учениците од ДУЦОР „Партенија Зографски“ можат безбедно да стигнат во училиште


Глувите и наглувите ученици од ДУЦОР „Партенија Зографски“ од општина Гази Баба можат безбедно да стигнат во училиште. Булеварот „Александар Македонски“ доби семафори, а претходно на делот со фреквентната улица „Благоја Стефковски“ беа поставени лежечки полицајци, знаци и вибрациски ленти за намалување на брзината. Ова е резултат на барањата на глувите и наглувите ученици од […]

Воспоставен прв стратешки дијалог меѓу Македонија и Франција во одбраната


Соработката помеѓу Северна Македонија и Франција, две земји сојузнички во НАТО – Алијансата добива нов интензитет, особено по усогласувањето на новиот Договор за соработка кој неодамна во Париз го потпишаа министерката Славјанка Петровска и нејзиниот француски колега, министерот Себастијан Лекорну. Како продолжение на воспоставената соработка, денеска во Министерството за одбрана започна првиот стратешки дијалог во […]

Случајот со Онишченко е црвен картон за АНБ, оценува Борјан Јовановски


  Дојде време кога како држава треба да ги преземеме сите обврски кои произлегуваат од привилегијата да се биде под безбедносниот чадор на НАТО. Обидот да се заврши приказната во Агенцијата за национална безбедност во случајот со Украинецот Александар Онишченко со префрлање на вина на еден или двајца и тоа во секторот за соработка со […]

Со 50 милиони евра од ЕИБ ќе се спасуваме од поплави


Министерството за финансии и Министерството за животна средина и просторно планирање обезбедуваат 50 милиони евра директна финансиска поддршка за општините за реализација на проекти за подобрување на водната инфраструктура. Договорите за реализација на овој проект денеска беа потпишани од страна на министерот за финансии Фатмир Бесими, потпретседателката на ЕИБ, Лилјана Павлова и министерот за животна […]

Инфраструктурната заштита значајна во процесот на подобрувањето на безбедносниот систем


 Преку јакнење на инфраструктурната заштита ќе се обезбеди подобрување на безбедносниот систем, што е особено значајно во овој период кога светот се соочува со кризи од кои произлегуваат различни закани и опасности, заклучија учесниците на денешната Меѓународна конференција „Приватната безбедност во заштита на критична инфраструктура“ што се одржува во рамки на Деновите на приватно обезбедување […]

По 1.500 денари од Општина Центар поддршка за пензионерите со примања пониски од 17.518 денари


Општина Центар денеска распишува Јавен повик за доделување финансиска поддршка на повозрасни граѓани, пензионери во социјален ризик со место на живеење на територија на општината. Оваа мерка минатата недела ја соопшти градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, а истата беше донесена на последната 16-та седница на Советот во Општина Центар. Станува збор за доделување еднократна […]

Приватните превозници ги паркираа автобусите пред Град Скопје


Приватните превозници паркираа дел од своите автобуси пред бараките на Град Скопје на булеварот „Илинден“, откако вчера од „Слобода превоз“ објавија дека стапуваат во штрајк. Во моментов блокирана е само една од лентите на булеварот, а во наредните денови, како што вчера најавија, се размислува и за блокада на улици. Приватните превозници кои се дел […]

Облачно до сабота, в недела дожд, снег на планините


До сабота ќе преовладува променливо облачно време, а утре ќе има појава на локален дожд. Утре и во петок долж Повардарието ќе дува засилен северозападен ветер. Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), за време на викендот температурата значително ќе се намали. В недела се очекува нов влажен бран со врнежи од дожд, а […]

Казна ќе плати правното лице за камионот што пропадна на плоштад


Возило на приватната компанија чиј камион неовластено влегол на плоштадот Македонија, по што причинил материјална штета – нема дозвола за движење на плоштадот, иако има поднесено такво барање, велат од Град Скопје.   – Возачот, странец, државјанин на Турција е приведен и изведен пред суд. За овој настан МВР ќе поднесе и соодветен поднесок. Градот […]

Камион пропадна во подната фонтана на Градскиот плоштад


Камион со турски регистерски таблички утрово пропадна во подната фонтана на плоштадот „Македонија“. Тој е дел од тимот на турска филмска продукција која снима филм во Скопје. За таа цел, во моментот се оградува просторот на кејот на Вардар, помеѓу реката Вардар и зградата на Македонски телеком. Допрва градските власти ќе треба да обелоденат зошто […]

Најмногу дожд во Тетово и Пожаране, над 30 литри на квадрат


  Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Пожаране 34 литри на метар квадратен, во Тетово 31, Маврови Анови 29, Крушево 27, Претор 22, Крива Паланка 17, Охрид 14, Прилеп 13, по 12 во Битола и Куманово, а 11 литри во Скопје. Најстудено, пак, утрово е на Попова Шапка со -2, а најтопло во […]

Саем на креативни индустрии во Битола


  Во Офицерскиот дом во Битола денеска од 11 до 19 часот ќе се одржува Саем на креативни индустрии на кој ќе има повеќе изложувачи од Битола и околината.   Ќе бидат претставени креации од мода, уметност, музика, дизајн, видеоигри, филмови, аугментирана реалност, гастрономски производи, уникатни креации, литература… Влезот е бесплатен.   -Целта на саемот […]

Променливо облачно со повремен локален дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, а на повисоките планини ќе има повремен снег, претежно во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Температурата ќе се движи во интервал од 8 до 18 степени. Во Скопје, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен […]

Снег на Шар Планина


Денеска Попова Шапка е под снежна покривка. Глетката е зимска, а туристите веќе ја посетуваат оваа прекрасна дестинација.  

Ковачевски и Мартин Шулц разговарале за социјалдемократските вредности


  Премиерот Димитар Ковачевски денеска се сретна со Мартин Шулц, претседател на германската фондација „Фридрих Еберт“ и поранешен претседател на Европскиот парламент. На средбата, како што соопштија од Владата, било разговарано за севкупните активности на фондацијата во регионот и во Македонија, како и за актуелните случувања во земјава. Заеднички било оценето дека политиките на Владата, […]

Левица го нападна со навреди новинарот Зоран Бојаровски


  Генералната секретарка на опозициската политичка партија Левица, Јована Мојсоска, го нападна новинарот Зоран Бојаровски дека тој е владин советник и истовремено пишува во „Цивил медиа“. „Бојаровски е сороспија по шаблон, па истиот се вртит по разни проекти за граѓански активизам на Отворено општество, толкуват вистина во Метаморфозис, факт-чекират објави и како владин советник, пишуват […]

(Видео) Поплави во Тетово


Oбилниот дожд ги наполнил улиците во Тетово со вода, јави ТВ21. Поплавени се и дворови, подруми, улици и други објекти. Официјални соопштенија од надлежните уште нема, ниту дали се работи на терен.  

Стевчо Јакимовски прогласен за почесен граѓанин на Тиват


Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, е прогласен за почесен граѓанин на Општина Тиват. Тој го изрази задоволството од укажаната чест. -На мое огромно задоволство јас и г-динот Миленко Филиповиќ поранешен Градоначалник на Сремски Карловци сме прогласени за почесни граѓани на Општина Тиват. Во центарот на Тиват именувани се „улица Карпошка“ и улица „Сремско Карловачка“, […]

Постигнат договор за покачување на платите на вработените во Клинички центар


 Самостојниот синдикат на Клинички центар постигна договор за покачување на нето платата за 2.000 денари, а дополнително ќе се исплаќа и ноќен и минат труд, како и додатоци. Ова ќе почне да се применува со февруарската плата во 2023 година, изјави за МИА потпретседателот на Самостојниот синдикат на Клинички центар, д-р Предраг Серафимовски кој соопшти дека денеска е постигнат договор со Владата и сите […]