Скопјани, скромно, на плоштадот ја дочекаа Новата година


Во магла и скромно, неколку стотини скопјани одлучија Новата година да ја дочекаат на плоштадот „Македонија“. За новогодишната програма, првпаt, место Градот, се погрижи Здружението на естрадни уметници „Естрада” кое покрена иницијатива да биде организатор на новогодишната забава. На новогодишната забава настапија познати музички имиња од македонската естрада како што се, „Мерак меана“, Наум Петрески, […]

Во Битола првото бебе во новата година е чупе


Болница „Плодност“ информираше дека првото новородено бебе во болницата е девојче. Го имаме и првото новороденче во 2023 година, кое на свет дојде во 00.01 часот. Женско, со тежина од 3.360 грама и должина 50 сантиметри. Честитки до среќните родители. Вечерва очекуваме уште едно новороденче. Среќна и бериќетна нека ни е Новата 2023 година.

Прво, па машко во Новата 2023 година


Во Новата 2023 година, првото бебе е машко, родено на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје. Мајката е 22-годишната Стојанка Панајотова од Кочанско, Соколарци. Бебето е родено една минута по полноќ, со 3.720 родилна тежина и 51 сантиметри должина. Тоа е нејзино прво дете,  а од ЈЗУ ГАК на новороденчето му посакуваат добро здравје и […]

Филипче, на Нова година, дежурен на неврохирургија


Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, вечерва е дежурен на неврохирургија, а со тимот дежурни лекари и друг медицински персонал ја честитаа Новата година на граѓаните.    – Дежурната екипа на Клиниката за неврохирургија е подготвена за работа. Посакувам, ние здравствените работници, вечерва да имаме што помалку работа. Бидете весели, насмеани и среќни, но славете […]

МЗ: Здравствените установи подготвени за новогодишната ноќ и претстојните празници


 Во пресрет на одбележувањето на новогодишната ноќ, сите клиники, вклучувајќи ги ЈЗУ Универзитетска Kлиника за Tрауматологија, Oртопедски болести, Aнестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) и Универизитетската клиника за токсикологија, како и останатите јавни здравствени установи во државата се подготвени со дежурни екипи за обезбедување на неопходната здравствена заштита за пациентите, соопшти Министерството […]

Пендаровски: За постигнување на заедничката цел потребна ни е посветеност и надеж дека ќе биде подобро


Претседателот Стево Пендаровски, по повод новогодишните празници, упати честитка до граѓаните на Република Северна Македонија. -Ви посакувам подобра и помирна година што доаѓа. Во годината што измина бевме сведоци на безбедносни, економски и енергетски предизвици кои ја зголемија нееднаквоста и го зголемија стравот за долгорочната стабилност. Сепак, изминатата година бевме сведоци и на хуманоста на […]

Џафери: Да се фокусираме на тоа што не обединува – напредокот на земјава на евроинтеграцискиот пат


Да се фокусираме на тоа што не обединува, а тоа е напредокот на Република Северна Македонија на евроинтеграцискиот пат, порачува претседателот на Парламентот Талат Џафери во честитка упатена до граѓаните по повод новогодишните празници. – Подобриот стандард за живот и работа за нашите граѓани. Подобро и поквалитетно образование за нашите млади, за иднината на државата. […]

Штип по 25 години има нов Генерален урбанистички план


 Дваесет и тројцата советници на денешната вонредна седница на Советот на Општина Штип ја донесоа одлуката за донесување на Генерален урбанистички план (ГУП) за град Штип, Општина Штип за плански период 2014-2029 година. Лазар Хаџи Николов од Секторот за урбанизам на Општина Штип истакна дека Штип досега имаше Генерален урбанистички план (ГУП) донесен уште во 1999 година. […]

Ведро и тивко за новогодишната ноќ


За време на новогодишната ноќ, времето ќе биде претежно ведро и тивко, а по котлините ќе има појава на магла или ниска облачност. Синоптичарите најавуваат период на стабилно и претежно тивко време со релативно високи дневни температури. По котлините, вклучувајќи ја и Скопската, и понатаму ќе има појава на магла и ниска облачност со променлив […]

Одлична забава со Дац и Александар, ДЏ Фиц, Драган Б. Костиќ и тамбурашите на „Центар и пријателите“


Многу насмевки, задоволство, дружење, музика и пријатна атмосфера на вчерашната предновогодишна забава „Центар и пријателите“, која се одржа на „Боемска 1“. Граѓаните се забавуваа на хитовите кои ги пуштаа ди-џеите Фиц и Драган Б. Костиќ, песните на Дац и Александар Митевски и за крај уживаа во тамбурашите кои со својот репертоар ги стоплија срцата на […]

Охрид полн за Нова година, блеска со својот раскош и убавина


Новогодишните празници го наполнија најголемиот туристички центар во земјава. Блеснат со сета своја убавина, Охрид подготвено ги дочека гостите од земјава и странство. Покрај домашните посетители најчести се туристите од соседството, кои одлучиле најлудата ноќ да ја поминат на охриско-струшката ривиеара. Зголемена раздвиженоста се бележи во чаршијата, на градскиот кеј, но најмногу низ улиците. Покрај […]

Градските паркинзи во Скопје бесплатни за празниците


ЈП „Градски паркинг“ – Скопје со известување за работното време на јавните паркиралишта за новогодишните празници За време на новогодишните празници јавните паркиралишта Народен фронт, АМСМ, Дом на печат, ЗОИЛ, Тутунски комбинат и 8-ми Септември, ќе бидат слободни за паркирање на 1 и 2 јануари 2023 година, односно нема да се врши наплата на истите. […]

Мицкоски: Новата 2023 година нека биде година на промени


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски упати честитка до граѓаните по повод новогодишните празници. Во честитката, Мицкоски ја оценува 2022 година како година на неспособна власт, сиромаштија, енергетска криза, година во која се тргувало со националното достоинство. – Македонија е нашиот заеднички дом, да покажеме заеднички патриотизам. Да не губиме време, да ја завршиме работата, народот […]

За празниците да се внимава со храната, алкохолот и во сообраќајот, опасности и од пиротехника


Препораки за исхраната,  учеството во сообраќајот, како и за опасностите од користење пиротехнички материјали упатија надлежните институции во пресрет на празниците. Службата за Итна медицинска помош препорачува редовно земање терапија кај хроничните болни, да се внимава со внес на храна кај оние лица кои се придржувале на Божиќниот пост, умерено користење на алкохолни пијалаци како […]

Надир Мурсели: Планинарењето почнува и треба да заврши дома, да се вратиш здрав и жив


Годината што изминува тетовецот Надир Мурсели ќе ја памети по месецот ноември кога учествуваше во уште една нова акција за спасување човечки живот на планина. Тие моменти како сеќавања засекогаш остануваат во мислите и треба да се биде подготвен тие „фотографии“ во потсвеста да се „носат“ целиот живот, вели нашиот соговорник кога го почнувавме разговорот, […]

Лука, Јана и Софија најчести имиња во земјава


 Јана и Софија го делат првото место како најчести женски имиња, а со убедливо водство кај машките имиња е Лука – дури 213 родители си го крстиле детето со тоа име. Според последните податоците на Државниот завод за статистика, во 2021 година меѓу најпопуларните имиња кај новородените женски бебиња се Јана, Софија, Ана, Мила, Хана, […]

Утрово со магла по котлините, преку ден сончево со умерена облачност


Денеска претпладне по одделни котлини и долж Повардарието ќе има појава на магла или ниска облачност, преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени. Во Скопје претпладнево […]

Утре наутро со магла по котлините, преку ден сончево со умерена облачност


 Утре претпладне по одделни котлини и долж Повардарието ќе има појава на магла или ниска облачност, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени. Во Скопје претпладне ќе има […]

Маричиќ годината ја заврши во друштво со најмладите продавачи на „Лице в лице“


Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, последниот работен ден за оваа година го заврши во друштво со најмладите продавачи на социјалното списание за економска интеграција „Лице в лице“, кои дел од нив се вклучени и во активностите на „Дневниот центар за деца на улица“. Грижата за ранливите категории не е само наша обврска, туку и […]

МВР: Лажни сите дојави за бомби во училишта во Скопје


По направените потребни проверки, Министерството за внатрешни работи утврди дека се лажни дојавите за поставени експлозивни направи во девет училишта во Скопје што биле  испратени попладнето на нивните електронски адреси. -Во врска со денешните пријави од девет училишта во Скопје по добиените пораки на електронски адреса со закана за поставена експлозивна направа, утврдено е дека […]