Поради дојави за бомби средношколците порано го почнаа викендот


Фото: Б. Грданоски

Денеска, повторно има дојави за бомби во скопските училишта.  Евакуирани се учениците и вработените во средното училиште „Владо Тасевски“.

На електронските адреси на 12 училишта во Скопје денеска е упатена закана за оставена експлозивна направа, информира Министерството за внатрешни работи.

Полицијата презема мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Оваа недела немаше ден да нема дојави за бомби во училиштата. Дојавите се праќаат на официјалните електронски адреси на училиштата, но и на адресите на професорите. Неделава беа евакуирани и неколку основни училишта, како и училишта во Прилеп и во Куманово.