Поради магла намалена видливост кај Прилеп – Крушево и Тетово – Попова Шапка


 Намалена видливост од 50 до 60 метри поради појава на магла има на патните правци Прилеп – Крушево и Тетово – Попова Шапка, информира ЈП „Македонијапат“. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет има на планинските превои Стража, Ѓавато и Плетвар, а со среден интензитет […]

Законот за социјална заштита и понатаму ги спречува дипломираните семејнолози да се вработат во државни институции


Дипломираните студенти семејнолози на Институтот за семејни студии при Филозофскиот факултет во Скопје и понатаму не можат да се вработат во јавните установи за социјална заштита. За разлика од нивните колеги – психолози, педагози, логопеди и воспитувачи, профилот семејнолог отсуствува во Законот за социјална заштита каде што се предвидени категориите на работни места на вработените […]

Храната во студентскиот дом Пелагонија е безбедна


По сомнежите за наводно труење со храна на студенти сместени во домот „Пелагонија“ во Скопје, мензата од денеска е повторно во функција. А студентите ќе бидат обештетени поради перидот во којшто кујната беше затворена, изјави за МИА директорот на студентскиот дом Агим Фејзулаху. Тој рече дека земените брисеви се негативни на бактеријата, со што забраната […]

Од март ново покачување на пензиите


Утре пензионерите ќе ја добијат на своите сметки, втората исплата на финансиската поддршка за пензионерите со пониски пензии од 14.000 денари од вкупно четири исплати, односно финансиска поддршка во времетраење од четири месеци. Премиерот Димитар Ковачевски заедно со министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска денеска се сретна со претседателката на Сојузот на здруженија […]

Уставниот суд поведе постапка за изградбата на бензиска пумпа спроти базенот „Младост“


  Уставниот суд на денешната седница одлучи да поведе постапка за oдлукаta на Советот на Општина Карпош од од 3.3.2022 година за донесување на ДУП за Градска четврт 3. 04, Блок 3 04.05. Со поведувањето на постапката Уставниот суд изразува сомнеж во уставноста, но и законитоста на oдлуката за ДУП со кој се предвидува изградба […]

Програма за размена на студенти и научници во рамки на соработката со Полска


 Полската национална агенција за академска размена – NAWA известува дека во академската 2023/2024 година реализацијата на билатерална соработка во областа на високото образование и науката од страна на Полска ќе биде спроведена во рамки на „Програмата за размена на студенти и научници како дел од билатералната соработка – понуда за дојдовни студенти и научници“ (Exchange […]

Славески: Нема доволно потписи за вонредна седница на Советот на Скопје за загадувањето


  Претседателот на Советот на Град Скопје Трајко Славески апелира на соодветна државна реакција и имплементација на координирана акција на сет од мерки за намалување на загаденоста на воздухот во главниот град. Славески во писмената реакција до јавноста исто така информира дека нема собрано доволен број потписи за свикување вонредна седница на Советот на Град […]

Адвокатот на Даравелски побара повторување на постапката


  Поради донесена пресуда во отсуство, адвокатот на Драган Даравелски побарал повторување на постапката, информираше денеска Основниот кривичен суд Скопје. „Согласно барањето оформен е предмет кој е распределен пред надлежен Кривичен совет за понатамошно постапување. Советот, во однос на барањето, согласно законските надлежности првично ќе се обрати за податоци до установата каде истиот е на […]

„Каубоецот“ од Струга што уби седум кучиња повикан во полиција


Тој се сомничи дека на 10 јануари во рок од половина час (од 6:45 до 7:15 часот) со својата пушка усмртил седум кучиња скитници, информираа денеска од СВР Охрид преку писмено соопштение Во меѓувреме, здружението за заштита на животните, „Анима мунди“ заедно со останатите здруженија од овој тип, како и независните активисти и љубители на […]

Г.г. Стефан се сретна со рускиот митрополит Антониј


  Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан денеска во седиштето на Ахиепископијата во Скопје имаше средба со рускиот митрополит Антониј, директор на Одделот за меѓународни односи на Руската православна црква и викар на патријархот Кирил. Митрополитот Антониј, беше придружуван од неговиот заменик Николај Балашов и од рускиот амбасадор во земјава Сергеј […]

Петличковски: Нема место за паника, досега нема потврден случај на сојот на коронавирусот „кракен“


  Нема место за паника, досега во државава нема потврден случај на сојот на коронавирусот „кракен“, изјави за МИА Александар Петличковски, претседател на Комисијата за заразни болести. – Сѐ уште нема регистрирано кај нас, бидејќи последното секвенционирање на позитивните примероци на ковид е направено на 5 декември и во таа рунда на секвенционирање, не е […]

Фиоката – најсигурно место за случајот на Мијалков во Апелација


  Неоправдано долго, девет месеци, го чувал предметот за случајот „Таргет-Тврдина“ судијата известител во Апелацискиот суд, Енвер Беџети, а во меѓувреме решавал други предмети што му биле доверени. До вакво заклучок дошла работната група на Судскиот совет која беше формирана за да го проучи постапувањето на апелациските судии по контроверзната одлука за укинување на пресудата […]

Општина Аеродром ја санкционираше фирмата што ги остави жителите на Џевахир без струја


  Општина Аеродром изрече парична казна за фирмата која е задолжена за одржување на кулите „Џевахир Скај Сити“, откако пред околу еден месец ги остави станарите без електрична енергија во заедничките делови на кулите А и Б од овој комплекс, соопштија од Општината. Од таму посочуваат дека инспекторот за домување извршил вонреден надзор при што […]

Погрешна тревога – на Даравелски не му застарела казната


  По вчерашната тревога во одредени медиуми оти избеганиот поранешен директор  на Царинската управа, Драган Даравелски, се вратил во Македонија затоа што му застарела затворската казна, денеска се спушти таа тензија затоа што озлогласениот кумановец сепак останува во затвор. Основниот суд во Куманово пресмета дека на Даравелски не му е застарено извршувањето на казната, што […]

Соларни фотоволтаични системи ќе добијат 25 училишта со европски грант


  Министерството за образование и наука ќе ја подобрува енергетската ефикасност на основните и средните училиштата со инсталирање соларни фотоволтаични системи. Проектот ќе се реализира со грант од 1,1 милион евра обезбеден од Банката за развој на Советот на Европа. По одобрувањето на грантот, ресорниот министер Јетон Шаќири истакна дека МОН ги реализира заложбите за […]

Спасовски: Хеликоптерската единица за полициски намени опремена со три хеликоптери „Бел“


  Во 2022 година Одделот за воздухопловни единици има реализирано значителен број летови од страна на Хеликоптерска единица за полициски намени, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил. – Потраги и спасување по исчезнати лица 36 летови, транспорт на болни до медицински установи пет летови, противпожарни летови 230, објави Спасовски. За […]

Советот на Општина Аеродром донесе одлука за издавање зелена обврзница


Советот на Општина Аеродром на вчерашната седница донесе одлука за издавање на „Зелена обврзница“ во чии рамки ќе бидат финансирани капитални инвестиции, зелени и енергетски ефикасни објекти кои ќе треба да го подобрат и унапредат живеењето во Аеродром. Зелената обврзница преставува инвестиција во нови проекти во делот на урбанизмот, образованието и социјалната заштита. Инвестициите во […]

Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка – најмногу дожд во Крива Паланка


Најстудено утрово било на Попова Шапка каде се измерени -5 степени. По него следуваат и Берово и Крушево со -3 степени, -2 степени во Прилеп, Маврови Анови, -1 степен во Охрид, Претор, Битола, 0 степени се измерени во Крива Паланка, Тетово, 1 степен во Скопје-Петровец, Демир Капија, Виница, Дебар, 2 степени во Скопје-Зајчев Рид, Штип, […]

Сообраќајот тековно по влажни коловози


СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни  коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување […]

Извештајот од работната посета на Апелација денеска на седница на Судски совет


Судскиот совет на денешната 427 седница треба да го разгледа извештајот од работната посета на Апелационен суд Скопје. Работната посета треба да даде одговор за постапувањето на Апелација по предметите „Таргет-Тврдина“, „Трезор“, „Транспортер“ и „Алфа“ во смисла на почитување на законските рокови, преземените дејствија од страна на судијата и законитоста во одлучувањето во смисла на […]