За викендот засилен ветер, повремени врнежи, опаѓање на температурата
За време на викендот ќе има зголемување на облачноста, ќе дува засилен ветер од јужен правец, на повеќе места над 60 километри на час, и ќе се задржи релативно топло време, информират од Управата за хидрометеоролошки работи.
Од недела кон крајот на денот и во текот на работната седмица, под влијание на серија влажни бранови ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а на повисоките планини ќе врне снег.
Во ноќните часови кон понеделник локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Дневната температура од понеделник ќе биде во опаѓање.