Нормализиран сообраќајот на Стража


Сообраќајот на патниот правец Стража – Гостивар, кој беше во прекин поради сообраќајна незгода, е нормализиран, информираат од АМСМ. Сообраќајот утрово беше во целосен прекин на два километри од Стража кон Гостивар.

Ревизорите откриле хаос во системот за справување со пожари


Воспоставениот систем за управување со кризи и заштита од пожари не обезбедува услови за ефикасно и ефективно управување со ризиците и справувањето со пожарите на отворен простор Државниот завод за ревизија изврши ревизија на успешност на тема „Систем за управување со кризи и заштита од пожари‘‘ согласно Годишната програма за работа со цел да се даде одговор на …

Ревизорите откриле хаос во системот за справување со пожари Read More »

Од денеска, градинките во Валандово се бесплатни


Од денеска, детските градинки во општина Валандово се бесплатни. Оваа мерка која беше изгласана од Советот и важи за сите деца од општината. Со ова се поттикнува на поголема вклученост на децата во воспитно – образовниот процес и ја зајакнува солидарноста, како вредност во која веруваме, велат од Советот на општина Валандово. Инаку, оваа новина …

Од денеска, градинките во Валандово се бесплатни Read More »

Македонците знаат да препознаат квалитетен мед, вели младиот пчелар Ненад од Грљани


На тромеѓето помеѓу Осоговските планини, Голак и Плачковица на надморска висина од околу 780 метри, на три различни локации се наоѓаат кошниците со пчели на 27-годишниот Ненад Јанчов од с. Грљани, млад пчелар кој веќе десетина години професионално се занимава со пчеларство. Линк до целиот текст тука

Правниот факултет „Јустинијан Први“ нуди бесплатна правна помош за жртвите на насилство


Од Правниот факултет „Јустинијан Први“-Скопје информираат дека нудат бесплатна правна помош, информација и совет на жртвите на секој облик на насилство и вознемирување. -Поттикнати од актуелните, за жал, немили настани кои ја вознемирија целата јавност, Ве потсетуваме дека Правната клиника по казнено право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје обезбедува бесплатна правна помош, информација …

Правниот факултет „Јустинијан Први“ нуди бесплатна правна помош за жртвите на насилство Read More »

Во Скопје ќе се отвори уште едно болничко одделение за лекување на рак


Владата на вчерашната седница донесе Одлука за давање согласност за проширување на дејноста на Јавната здравствена установа Градска општа болница „8-ми Септември“ – Скопје за спроведување специјалистичко-консултативна и болничка здравствена заштита на секундарно ниво од областа на онкологијата и радиотерапијата. Ова значи дека ќе се отвори уште едно одделение за Онкологија во Градската болница „8 …

Во Скопје ќе се отвори уште едно болничко одделение за лекување на рак Read More »

Маричиќ: ЕК одобри 53.015.968 евра за Македонија за обновлива енергија


Вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ, на својот фејсбук профил објави дека Европската комисија одобрила 53.015.968 евра за Северна Македонија, за три нови проекти за спроведување на Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан. Проектите предвидуваат, изградба на ветерен парк во Бограднци, изградба на регионални центри за цврст отпад во Полог, Пелагонија, Вардар, Југо-западен и Југо-источен …

Маричиќ: ЕК одобри 53.015.968 евра за Македонија за обновлива енергија Read More »

Објектите на институциите и спомениците на културата во Охрид ќе бидат осветлени во боите на ретките болести


Во рамки на петтата по ред Национална кампања „Ги запознаваме ретките болести“ што ќе се реализира во текот на овој месец, во боите на ретките болести ќе биде осветлена Самуиловата тврдина во Охрид. Илуминацијата на крепоста е предвидена за во 18 часот, а настанот ќе може да се следи во живо на фејсбук-страницата „Ги запознаваме …

Објектите на институциите и спомениците на културата во Охрид ќе бидат осветлени во боите на ретките болести Read More »

Предлог законот за заштита на Кањонот Матка усвоен од Владата


Владата на рна Македонија на денешната седница го усвои Предлогот законот за прогласување на Кањонот Матка за заштитено подрачје во категоријата III – споменик на природата. Со конечното усвојување, по долг период на усогласување, постигнат е консензус во интерес на заштита на ова уникатно национално природно богатство. Со донесувањето на Законот, ќе се овозможи не …

Предлог законот за заштита на Кањонот Матка усвоен од Владата Read More »

„Културното дејствување на Град Скопје и Општина Центар“- промоција на публикација на Ѕвездан Георгиевски


Асоцијација на независна културна сцена, на 3 февруари (петок), во 10:30 часот, во КСП Центар Јадро, ќе ја промовира публикацијата „Културното дејствување на Град Скопје и Општина Центар“ во авторство на новинарот и уредник Ѕвездан Георгиевски. Разговорот за културната понуда и можностите за културно дејствување овозможени од страна на Град Скопје и Општина ќе го …

„Културното дејствување на Град Скопје и Општина Центар“- промоција на публикација на Ѕвездан Георгиевски Read More »

Објавени се резултатите од конкурсот за студентски стипендии за академската 2022-2023


Министерството за образование и наука информира дека се објавени резултатите од  Конкурсот за доделување на стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија за студиската 2022-2023. Студентите кои се стекнаа со правото на користење студентска стипендија треба да испечатат и …

Објавени се резултатите од конкурсот за студентски стипендии за академската 2022-2023 Read More »

Тренчевска: Целта е да креираме закон за работни односи што содржи точни и прецизни одредби


Во Клубот на пратеници денеска се одржа јавна расправа за новиот Предлог закон за работни односи на која од страна на претставниците на Министерството за труд и социјална политика беа презентирани клучните новини во новото предлог законско решение. На расправата присуствуваа претставници на адвокатската комора, адвокати, судии, јавни обвинители, професори и експерти по трудово право, …

Тренчевска: Целта е да креираме закон за работни односи што содржи точни и прецизни одредби Read More »

Граѓаните на Автокоманда топлинска енергија ќе добиваат преку ЕСМ Снабдување


Откако денеска, градоначалникот на Општина Гази Баба јави дека дека е во тек процес поврзан со промена на снабдувач со топлинска енергија на домаќинствата во Автокоманда, за кои дознал во декември, па побарал средба, но никој не го повикал, ЕСМ објаснува каква промена настанала. „Од 01.02.2023 година согласно Одлуката донесена од Регулаторната комисија за енергетика …

Граѓаните на Автокоманда топлинска енергија ќе добиваат преку ЕСМ Снабдување Read More »

Шаќири: Идната учебна година ќе нема доцнење на учебници, но за шесто одделение уште нема повик за автори


Повеќе од 90 отсто од учебниците се доставени за прво, второ, четврто и петто – одделенијата во кои децата учат според нови наставни програми согласно со Концепцијата за основно образование од 2020 година, рече денеска министерот Јетон Шаќири и соопшти дека деновиве се доставуваат и последните учебници што недостигаа. Идната година со нови наставни програми, …

Шаќири: Идната учебна година ќе нема доцнење на учебници, но за шесто одделение уште нема повик за автори Read More »

МВР потсетува дека за една година истекува рокот за табличките со „МК“


Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните и правните субјекти, односно сопствениците на возила, на обврската дека заклучно со 12.02.2024 мора да извршат промена на регистарските таблички со ознаката “МК“ со ознаката “NMK“. Сите сопственици на регистрирани возила се должни да ги заменат регистарските таблици кои ја содржат буквената ознака ,,МК”, издадени до денот на …

МВР потсетува дека за една година истекува рокот за табличките со „МК“ Read More »

Ќе се проширува малиот и опасен пешачки остров во Аеродром


По дојава на граѓаните на 112 и активната иницијатива во Центарот за управување со кризи почна решавање на навидум мали работи, а всушност големи за сообраќајната безбедност на граѓаните во конкретна урбана средина. – Конкретно, по алармирањето на граѓаните на 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) за опасност по пешаци и велосипедисти заради …

Ќе се проширува малиот и опасен пешачки остров во Аеродром Read More »

Тензично на комисиската расправа за избор на Јовески за уставен судија


Во тензична атмосфера денеска продолжи расправата за кандидатот за уставен судија Љубомир Јовески во собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. На почетокот на седницата неколкумина членови на Комисијата се пријавија за процедурална забелешка. Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ побара седницата да биде прекината, да се даде пауза или да се повлече точката од дневниот …

Тензично на комисиската расправа за избор на Јовески за уставен судија Read More »

Недела ќе биде неработен ден за сите билетарници на ЈСП


Од претстојниов викенд, недела ќе биде неработен ден за сите билетарници, односно нема да има дежурни продажни места на ЈСП Скопје, соопштија од ова јавно претпријатие. Во недела, како и досега, корисниците на јавниот превоз ќе можат да вршат надополнување на електронски картички „Скопска“ во некое од речиси 100 продажни места од секундарната дистрибутивна продажна …

Недела ќе биде неработен ден за сите билетарници на ЈСП Read More »

Тупанчески: Со новиот Кривичен законик во целост ќе се ревидира казнената политика


Стручната расправа во Апелациониот суд Штип е прва во серијата  расправи за новиот Кривичен законик на ниво на апелациони подрачја.  После 27 години се добива нов законски текст со кој ќе се подобри правната сигурност на граѓаните. Министерот за правда, Никола Тупанчески во своето обраќање се осврна на новините во неколку клучни сегменти. Со новиот Кривичен законик се врши …

Тупанчески: Со новиот Кривичен законик во целост ќе се ревидира казнената политика Read More »