„Макстил“ доби награда за најеколошка компанија во Општина Гази Баба


„Макстил“ доби награда од Општина Гази Баба како најеколошка компанија односно компанија со успешна примена на еколошки стандарди и со особен придонес кон зачувувањето на животната средина. Доделувањето на наградата следи по општинскиот конкурс „Денови на пролетта – Денови на екологија“ каде во пет различни категории, аплицираа стопански субјекти, институции, организации и граѓани од општината, […]

Камери за сообраќајни прекршоци до крај на летово


До крајот на летото се очекува поставување на камери на автопатиштата, експресните патишта, но и низ градовите, кои ќе регистрираат сообраќајни прекршоци, најави денеска од Штип, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски одговарајќи на прашање на МИА дали ќе се постават камери на патните делници, бидејќи само за неколку дена во две одделни сообраќајни несреќи […]

Алиу: Родителите имаат можност да поднесат електронско барање за упис на новороденче


Електронски упис на новороденче за издавање извод од матична книга на родените е овозможен преку националниот портал  www.uslugi.gov.mk.  -Преку новата услуга родителите сега имаат можност да поднесат електронско барање за упис на нивното новороденче, без да одат на шалтерите на Управата за водење на матичните книги (УВМК). Аплицирањето преку услугата “eID” од порталот www.uslugi.gov.mk ќе […]

Се изработуваат бисти за 12 младинци стрелани во минатото во Ваташа


Во чест на 12 -те Ваташки младинци, кои во минатото беа стрелани во Ваташа, во тек е изработка на 12 бисти кои ќе бидат претставени на 16 јуни, како и Спомен соба која ќе биде свечено отворена на денот кога се навршуваат 80 години од нивната смрт, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев. […]

Ученици и наставници од „Орце Николов“ и „Васил Антевски – Дрен“ на размена во Франција


Град Скопје воспостави партнерство за размена на наставен кадар, ученици и унапредување на педагошките практики помеѓу македонските и француските средни училишта   Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и Амбасадорот на Франција во Македонија, Сирил Бомгартнер ја промовираа иницијативата за воспоставување партнерства за соработка и размена на наставен кадар, ученици и унапредување на педагошките практики […]

Ангелов: Тротинетите се опасни – треба да ги регулираме!


Центарот за управување со кризи ги повикува надлежните институции да присуствуваат на координативните средби, за да се договараат за употребата и изнајмувањето на електричните тротинети со цел намалување на ризиците по здравјето и да се заштити безбедноста и на возачите и на останатите учесници во сообраќајот, рече на денешната прес-конференција директорот на Центарот за управување […]

Нормализиран железничкиот сообраќај, исплатена априлската плата во ЖРСМ Транспорт


Железничкиот сообраќај во државава е нормализиран, откако денеска во 13 часот е исплатена платата за април во ЖРСМ Транспорт АД Скопје и е прекинат бојкотот што го почнаа изутрината вработените во работилницата при подружницата влеча на возови. Во тек на неколкучасовниот бојкот не сообраќале два воза, еден патнички и еден товарен.  -Денеска во ЖРСМ Транспорт […]

Бесплатни униформи за сите ученици од општина Кисела Вода од септември


Сите основци од училиштата од општина Кисела Вода новата учебна година ќе ја започнат со бесплатни нови униформи. Општина Кисела Вода обезбеди средства во својот буџет во висина од 5 милиони денари кои ќе се потрошат на униформи, како дел од стратегијата за обезбедување на еднакви можности за сите деца. – Во услови кога социјалните […]

Меџити го разреши д-р Јовев: Веќе нема директори кои седат и спијат по 10 години


Министерот за здравство Фатмир Меџити го разреши директорот на Клиниката за кардиохирургија, д-р Сашко Јовев, кој го предводеше тимот што ја изврши првата трансплантација на срце во Македонија. Меџити на промоцијата на новата онлајн услуга за електронска регистрација кажа дека д-р Јовев е разрешен. -Веќе нема директори кои седат и спијат по 5-10 години и […]

Општина Центар и Амбасадата на САД зачистија околу Калето


По повод 50-годишниот јубилеј од одбележувањето на Светскиот ден за заштита на животната средина – 5 јуни, Општина Центар-Скопје и Амбасадата на САД во Македонија утринава заеднички чистеа околу тврдината Кале. Во новата екоакција, која се одвиваше под мотото #BeatPlasticPollution!, се вклучија градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски и амбасадорката на САД, Ангела П. Агелер. Целта […]

Црквата на Вранишковски официјално припоена кон МПЦ-ОА


  Со света архиерејска литургија во црквата „Света Софија“ во Охрид денеска беше припоена Православната Охридска архиепископија (ПОА) со Македонската православна црква  – Охридска архиепископија. Светата архиерејска литургија се одржа по повод годишнината од врачувањето на актот на Соборот на Српската православна црква (СПЦ) од страна на српскиот патријарх Порфириј на архиепископот охридски и македонски, […]

Спасовски: На 14 јуни се очекува да се поднесат законските решенија за лицата кои се невидливи за системот


На 14 јуни ќе бидат поднесени законските решенија од страна на пратениците за лицата, кои се практично фантоми, невидливи за системот, изјави денеска во Штип министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој одговараше на новинарско прашање, кога ќе се реши овој проблем за околу 700 лица во земјава, кои не можат да си ги остварат […]

Условни казни за директорите Бесими и Етеми за пожарот во тетовската болница, докторот е ослободен


Поранешниот директор на болницата во Тетово, Флорин Бесими, поранешниот економски директор на болницата Артан Етеми и докторот Бобан Вучевски се огласени за виновни за пожарот во тетовската модуларна болница. Според судијата Јордан Велковски, тие предизвикале опасност за животот на пациентите и нивните роднини кои биле во болницата во критичниот момент. Смртта на сите лица кои […]

Шест општини од Југозападниот и Пелагонискиот регион ќе работат на одржливо управување со отпадот


По повод одбележувањето на Светскиoт ден на животната средина, денеска се одржа воведната Конференција на проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво“. Одржливите практики за управување со отпад повеќе не се само идеал; тие се суштински дел од одржувањето на деликатната рамнотежа на нашите екосистеми и ублажувањето на еколошката криза со која се соочува нашата […]

Електрични велосипеди и тротинети, паметно осветлување, бесплатен интернет со Смарт Аеродром


Градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски, утрово на прес-конференција ги објави деталите за проектот „Смарт Аеродром“, кој како што најави, ќе биде визионерски потфат што ќе ја искористи моќта на технологијата за да создаде поповрзана, одржлива и помодерна општина. Тој најави дека веднаш откако Советот на Општина Аеродром ќе донесе одлука, преку јавен повик за […]

(Видео) Електронски извод за невороденчиња


 Во Гинеколошко-акушерска болница – Чаир, денеска се промовира новата онлајн услуга за електронска регистрација на новороденче. На настанот присуствуваат министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу заедно со министерот за здравство, Фатмир Меџити, првиот вицепремиер, Артан Груби, генералниот директор на Управата за водење на матичните книги, Емир Сулејмани и директорот на гинекологија, д-р Башким […]

Поради протест во прекин сообраќајот Росоман – Кавадарци


Сообраќајот на патниот правец Росоман – Кавадарци е во прекин поради протест. Како што информираат од АМСМ, сообраќајот е во прекин од 11:00 часот. Земјоделци го блокираа патот Градско – Прилеп Во саботата на пладне, земјоделските производители од Росоман и Градско протестираа и го  блокираа регионалниот пат Градско – Прилеп, кај клучката за Кавадарци. Револтот […]

Бабовски од АХВ тврди дека овошјето и зеленчукот се безбедни


Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски денеска уште еднаш потврди дека негативни се резултатите од анализите за наводно присуство на резидууми од метали и тешки метали, како што соопшти опозицијата. Бабовски на прес-конференција истакна дека ширење лажна паника и тревога е кривично дело, а дали АХВ ќе поднесе пријава за тоа […]

Во прекин железничкиот сообраќај, вработените од влеча на возови бараат исплата на априлската плата


Патничкиот и товарниот железнички сообраќај во државава од изутринава е во прекин откако вработените во РЕ одржување – работилница во подружницата влеча на возови при ЖРСМ Транспорт,  прекинаа со извршување на работните задачи за одржување на локомотивите и патничките гарнитури поради неисплатена плата за април.  Од РЕ Одржување за МИА информираа дека прекинот на сообраќајот […]

Општина Гази Баба доделува субвенции за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди


Од 5 јуни во тек е јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди за граѓаните на општина Гази Баба за 2023 година. -Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на Општина Гази Баба кои ќе купат високоефикасен клима уред за затоплување на своето домаќинство (станбен објект) од денот […]