Арсовска ги извалка чевлите во Шуто Оризари – се асфалтира 450 метри улица


Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска беше на терен во општината Шуто Оризари каде за првпат почна изградбата на крак 38 на улицата „Македонско Косовска Бригада“. – Овој проект кој е оценет како еден од заедничките приоритети се реализира од ЈП Улици и патишта, по налог на Град Скопје. Со реализацијата на овој проект, […]

Нов протест на жителите на Горна Река против сечата на шума во НП „Маврово“


Со едночасовна блокада на регионалниот патен правец Гостивар-Маврово-Дебар, кај месноста Бунец, и истакнување на нови барања, жители на селата во регионот на Горна Река денеска одново протестираа против сечата на шума и управувањето со природата на територија на Националниот парк „Маврово“. Протестот пот мотото „Не сечи, не убивај“ го организира здружението за рурален развој „Преродба […]

Прилепски Кризен штаб: Превентивно дејствување на институциите поради обилните врнежи од дожд


Превентивно да се дејствува и сиот физички потенцијал и механизација на јавните комунални претпријатија постојано да бидат ажурни поради перманентните врнежи од дожд, беше констатирано на денешниот состанок на прилепскиот општински Кризен штаб и на Советот за безбедност на Прилеп. Особено да се покаже подготвеност зашто поројните дождови проследени со невреме во два наврати предизвикаа […]

Патот Велес-Градско следната недела ќе биде затворен за сообраќај од 8 до 18 часот


Авто-Мото Сојуз известува дека делницата Велес-Градско ќе биде затворена поради асфалтирање во текот на следната недела, односно од понеделник до петок во периодот од 8 до 18 часот. – Во однос на објектот „Рехабилитација на Регионален пат Р1102, делница Велес – Градско“, Ве известуваме дека поради вградување на асфалтен слој (асфалтирање), од 19.06 до 23.06.2023 […]

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата


Вработените во Филхармонија, денеска, на нов протест пред Владата, повторно побараа промена на одлуката во објектот наменет за потребите на симфонискиот оркестар да биде сместена уште една институција. – Првична идеја беше новата институција да биде постојано сместена во објектот на Македонската филхармонија, а дури потоа се додаде референцијата привремено, за да се изманипулира јавноста […]

Влезот во Охрид по новиот пат ќе се пушти по 10 јули


Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, денеска извршија увид во градежните активности на автопатот Охрид – Кичево, на делницата од Охрид до Подмоље. „Очекувам по тоа што го разговаравме до 10 јули да завршат градежните активности во овој дел, да започнеме потоа со […]

Осумдесет години од масакрот кај Ваташа: Да не се заборави и да не се повтори


  Во месноста Моклиште кај кавадаречкото село Ваташа, денеска беа одбележани 80 години од стрелањето на 12 младинци од страна на бугарските окупаторски војски за време на Втората светска војна. Во изјава за медиумите, министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска рече дека после 80 години од убиството на 12 млади ваташки деца, денес болката е […]

Од понеделник ќе се собира кабаст отпад од улиците во Ѓорче Петров


Од општина Ѓорче Петров известуваат дека во текот на наредниот период започнувајќи од понеделник (19.06.2023), Комуналниот пункт во Ѓорче Петров во соработка со Комунална хигиена – Скопје ќе спроведе редовна еколошка акција за подигање на кабаст отпад од улиците во Општина Ѓорче Петров, односно сите улици кои го опфаќаат урбаниот и руралниот дел од општината. […]

Плоштад и спортски центар во Лисиче


  Лисиче и „Островска“ добиваат нов плоштад и современ спортски центар, проект кој целосно се реализира со средства на Општина Аеродром. Градоначалникот Тимчо Муцунски и Претседателот на Советот Дејан Митески утрово беа посета во посета на Лисиче каде уште еднаш заеднички потврдија дека активностите за изградба на новиот модерен и повеќенаменски спортски центар на „Островска“ се реализираат согласно […]

Работно лето во Гази Баба: Ќе се асфалтира, ќе се градат спортски центри


Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски во видео обраќање до жителите на општината го најави работното лето „Гази Баба 2023“ во рамки на кое ќе се реализира историски најголемата градежна офанзива во општина Гази Баба. – Започнавме со изградба на нова мрежа на фекална канализација во должина од 9 километри, ја отворивме училишната сала […]

Петрушевски: Се подготвува тајно следење на комуникациите на над два милиони граѓани


Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, се сомнева дека власта презема чекори за нарушување на националната безбедност, поточно за тајно следење на комуникациите на над два милиони граѓани. -Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите одржа пет продолженија на седница, разгледувајќи ја Информација за работењето на Оперативно техничката – агенција (ОТА).Притоа Комисијата, […]

Кривичен суд ги отфрли барањата за амнестија за случајот „Организатори на 27 април”


  Основниот кривичен суд Скопје на денешното рочиште ги отфрли како неосновани барањата на Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиески и Владимир Атанасовски за амнестија за случајот „Организатори на 27 април”.  Претседателот на Судечкиот совет, судијата Илија Трпков, информираше дека по барањето на одбраната за примена на Законот за амнестија од 2018 година за обвинетите […]

ЕБОР разгледува можност за заем од 175 милиони евра за Северна Македонија за доизградба на пругата кон Бугарија


Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) соопшти дека се разгледува можноста за одобрување државен заем од 175 милиони евра на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура на Северна Македонија за доизградба на дел од европскиот железнички Коридор VIII. Средствата ќе бидат наменети за завршување на последната делница од железницата на источниот крај на Коридор VIII.  […]

Со сведочење на оштетени во Кривичен продолжи судењето против „Жан Митрев“


 Со изведување на доказите од обвинителството, односно сведочење на оштетените, во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето против Жан Митрев. Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе обвинителен акт против доктор Жан Митрев, како физичко лице и Обвинителен предлог против неговата болница, како правно лице, за продолжено кривично дело „измама“ од член 247 од Кривичниот […]

Интерактивна работилница за гатанки во Градската библиотека во Скопје


Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје денеска ќе се одржи мултимедијалниот интерактивен перформанс „Црвен конец, црн конец – катранка“ посветен на гатанката и афирмацијата на народното творештво. Како што информираат организаторите, поради временските услови работилницата ќе се одржи во спомен-собата „Т’га за југ“ со почеток во 19 часот. – Авторите кои го создаваат овој […]

Посебен режим на сообраќај околу националната арена „Тодор Проески“


Секторот за внатрешни работи Скопје- Единица за безбедност на патниот сообраќај денеска ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците околу национална арена „Тодор Проески“ во Скопје, каде со почеток во 20.45 часот ќе се одигра меѓународен фудбалски натпревар помеѓу репрезентациите на Северна Македонија и  Украина. МВР апелира до сите граѓани да ги […]

И денеска дожд и грмежи, потопло од понеделник


 Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, засилен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени, информираат […]

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје


Секторот за внатрешни работи Скопје- Единица за безбедност на патниот сообраќај утре ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците околу национална арена „Тодор Проески“ во Скопје, каде со почеток во 20.45 часот ќе се одигра меѓународен фудбалски натпревар помеѓу репрезентациите на Република Северна Македонија и Украина. МВР апелира до сите граѓани да […]

Во Велес поплавени улици, деловни објекти и куќа во синоќешното невреме


Територијалната потивпожарна единица – Велес поради синоќешните обилни врнежи од дожд во Велес, синоќа интервенирала на поплавени два деловни објекта на улица „Благој Горев“ и на поплавена куќа на улица „Васил Атанасов“ бр 22 во населба Превалец, информираат од Центарот за управување со кризи Велес. Од таму појаснуваат дека тројца пожарникари на Територијална Противпожарна Единица […]

Македонската амбасадорка во Софија повикана на разговор во бугарското МНР


   Македонската амбасадорка во Софија Агнеза Руси – Попоска денеска е повикана во бугарското Министерство за надворешни работи на средба со генералната директорка за европски прашања Славена Гергова. Како што соопшти бугарското МНР, на средбата Гергова „изразила загриженост во врска со нападот“ врз Бекир Кадриески, копретседател на Здружението на Бугарите „Шемето“ во Струга.  Гергова ја […]