Мојата кариера или на синот?: Наке Георгиев поднесе оставка во Судскиот совет


 

Откако беше направена деловничка вратоломија, а Судскиот совет му ја запре постапката за разрешување на судијата на Врховниот суд, Наке Георгиев, тој денесеска си поднесе оставка за да не прави пречка во кариерата на неговиот син. А денеска требаше да поднесе заклетва откако беше избран за член на Судскиот совет на изборите на кои беше единствен кандидат од Врховниот суд.

Ниту тој, ниту оние што го поддржуваа претходно, иако се судии, не успеааја да ги видат членот од законот кој забранува член на Судскиот совет за учествува во избор на судии ако тие се во сродство со него до трета линија. А Судскиот совет треба да го избира синот на Наке Георгиев за судија откако ја за врши судската Академија.

На изборите како единствен канидат од Врховниот суд тој беше избран со шест гласа, од кои едниот беше негов. Неговиот план, а и на оние што го поддржуваат, бил прво синот да се избере за судија, а потоа тој да даде заклетва, но колегите го разубедиле дека тој е веќе член на Судскиот совет затоа што добил решение и целата постапка за таков избор би била уште еден огромен скандал во ова тело.