Децата во градинките да не се изнесуваат надвор од 11 – 17 часот


Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавачите, негователите и воспитувачите во градинките, вработените во Центрите за социјална работа, во Црвениот крст да ги почитуваат препораките од Министерството за здравство, за заштита на здравјето и превенирање на последиците од топлотните бранови кои следуваат, согласно Акцискиот план на Министерство за здравство за превенирање на последиците […]

Ѓорѓиевски ќе ја оспори на суд казната од Арсовска од 84.000 евра за истурањето отпад пред „Дрисла“


Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски најави дека ќе ја оспори казната што му ја наметна градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, откако по три дена неисчистени контејнери низ градот, општините сами се организираа и ѓубрето го однесоа во „Дрисла“, но таму не им го примаа, па го одложија пред влезот. Ѓорѓиевски планира казната да ја […]

Министерство за правда: Кумановскиот суд беше предупреден да ја заштити архивата


Министерството за правда за време на надзорите во  Основниот суд Куманово, укажувало на несоодветноto архивирање на предметите, но мерки не биле преземени од нивна страна.   -Комисијата за надзор над функционалноста на АКМИС-системот  во судовите при Министерството за правда последниот надзор врз работата на Основниот суд Куманово го изврши на 6 јуни при што беше […]

Утре ослободени од работа бремените и лицата над 60 години


Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ја разгледа Информацијата од Министерството за здравство за високите температури што се очекуваат во следните четири денови и усвои соодветни препораки. Државата, како што извести Министерството за здравство, по добиени информации од метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи, од утре, 13 јули 2023 година, ќе биде зафатена […]

Одложен за утре увидот за пожарот во кумановскиот суд, денеска ќе дежура противпожарна стража


Противпожарна стража ќе има во текот на целиот ден пред кумановскиот суд, информираа денеска надлежните. Мирис на чад се уште се чувствува околу судот. Освен противпожарна екипа на терен се и претставници од МВР, од судот, обвинителство. Увидот е одложен, поради укажувањата на противпожарната единица, соопшти шефицата на кумановското обвинителство Теута Бедиу Рамадани во изјавата […]

Наталија Тасевска и Елвин Вели избрани за јавни обвинители во ЈОРСМ


Советот на јавни обвинители ги избра Наталија Тасевска и Елвин Вели за јавни обвинители во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Покрај нив биле пријавени четворица други кандидати кои не беа избрани, а станува збор за Валентина Стојановска, Вилма Рускоска, Даница Монева и Златко Биковски. Пријавата на кандидатот Ислам Абази била повлечена бидејќи тој во […]

Општина Прилеп ќе субвенционира јавен превоз до оддалечените населени места


Општина Прилеп од септември ќе субвенционира линиски превоз за најоддалечените села во нашата општина. Програмата за субвенционирање на линиски превоз ќе опфаќа субвенционирање на 15 литри гориво на поминати 100 км за превоз два пати неделно, на превозниците кои ќе сообрајќаат на овие линии. „Со ова, жителите од населените места, од септември ќе имаат редовна […]

Како „Мал битолски Монмартр“ ја пречекори ликовната граница и премина во политиката


  БИТОЛА – Кој е Славчо Неделковски, битолчанецот кој децата од „Малиот битолски Монмартр“ само во последната година ги однесе во Бугарија на средби со царот Симеон Втори и претседателот Румен Радев. Неделковски од пред неполни две години е претседател на УО на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ од Битола, откако почина творецот […]

„Еко – живот” 13 години работи на заштита на боровата шума на Љубаш и биодиверзитетот


Наши приоритети се решавање на проблемот со аерозагадувањето, состобата со боровата шума на Љубаш и заштита на биолошката разовидност во склоп на заштитените подрачја на територија на Општината Кавадарци, беше кажано синоќа на прославата по повод 13 години еколошки активности на НВО „Еко – живот”. -Бевме основани во 2010 година како невладина организацизација со цел […]

Во битолскиот затвор ќе се санира опожарената просторија


Во КПУ Затвор-Битола денеска ќе се санира просторијата на притворско одделение кое синоќа беше опожарено од притвореници во затворот. Во текот на денот ќе бидат истражени причините за предизвиканиот пожар во притворското одделение кое со брза интерванција на чуварите и внатрешната противпожарна заштита бил изгаснат. Како што синоќа информираше МИА, на дел од чуварите кои […]

Македонија ги „пикира“ туристите од Азија


Чартери за Охрид од Амстердам, Катовице, Манчестер, Лондон повеќе пати во неделата, надополнети со нови и обновени линии, овозможија оваа година  сезоната во Северна Македонија да започне во мај. Скок на гости во првите четири месеци од 2023 година се бележи од турските, романските, германските, португалските, полските, српските туристи. Има пораст и остварените ноќевања со што годинава ги има сите услови кумулативно да ја надмине 2019 година по бројот и остварените ноќевања приближувајќи […]

Поради асфалтирање затворени делниците Велес – Градско и Демир Капија – Давидово, на Богородица за излез од земјава сe чека околу еден час


Поради асфалтирање, делницата Велес – Градско од денеска до 22 јули ќе биде затворена за сообраќај во периодот од 08:00 – 18:00 часот. Од 6 јули до 20 јули поради асфалтирање, затворена е и делницата Демир Капија – Давидово во период од 10:00 – 16:00 часот. Како што соопшти АМСМ, од 1 јули до 31 […]

Безбедното домување во Скопје „во битка“ за пристапен простор и примена на прописите


Тесни лифтови што не собираат носилки за брза помош, заглавени екипи во тесни улички, блокирани пристапи до влезовите на згради од непрописно паркирани возила, се само дел од искуствата на тие што треба да бидат први во реакцијата за помош, а се попречени и најдиректно ги чувствуваат последиците од неказнивото и штетно урбанистичко планирање. Непристапноста […]

Претседателката на Групата за пријателство од Парламентот на Австралија во посета на Собранието


Во посета на Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе биде Касандра Фернандо, претседателка на Групата за пријателство од Парламентот на Австралија. Фернандо ќе има средба со собранискиот спикер Талат Џафери и со членовите на парламентарната делегација на Северна Македонија во Интерпарламентарната унија (ИПУ). Предвидена е и средба со претседателот на пратеничката група на Собранието […]

Орешани без струја, а дел од Аеродром и Центар без вода


Поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без струја денеска од 08:45 до 11:00 часот, ќе бидат корисниците од населба Орешани во Општина Зелениково, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје. Без вода, пак, поради замена на затворачи на водоводна мрежа ќе останат корисниците од бул. АСНОМ од зграда бр. 110 до […]

Топлотен бран со температури над 40 степени, да се почитуваат препораките за заштита


Земјава деновиве е зафатена од топлотен бран со температури и над 40 степени Целзиусови, со УВ индекс 10. Особено топло, според прогнозата на УХМР, ќе биде во четврток и петок кога ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. Лекарите препорачуваат да се избегнува излегување надвор во периодот од 10 до 17 часот, […]

Сончево и многу топло, УВ индекс 10


Времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 23, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. УВ=10. Во Скопје сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 12 јули 2023 година, 193-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 172 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 9 минути, а ќе зајде во 20 часот и 10 минути. Денов трае 15 часа. Месечината која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее 53 минути по полноќ, […]

Го истури ѓубрето пред „Дрисла“ па Орце Ѓорѓиевски доби казна од 90.000 евра


  Инаетливата одлука на градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, да го исфрли ѓубрето во напнатата вечер во неделата, ќе ги чини 90.000 евра. Тоа е казната во денарска противредност за општина Кисела Вода и Ѓорѓиевски. Таква казна одредила градобачалничката на Скопје, Данела Арсовска, откако во „Дрисла“ не дозволија камионите со смет да влезат на […]

Марш за Сребреница: Страшното злосторство да не се повтори никаде и никогаш


На ниеден народ, на ниедна вера и на ниедна нација да не и се случи Сребреница, ова е пораката која денеска беше испратена на традиционален комеморативен „Марш за Сребреница“ во Скопје.  Маршот се одржа во знак на почит и сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница. – Денеска се сеќаваме на страшното злосторство, геноцид кој […]