Денеска сончево и топло време, утре попладне локален пороен дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој наместа во западните и североисточните делови повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. УВ индексот ќе биде 8. […]

Пред 22 години беше потпишан Охридскиот договор, тој ја промени Македонија


  Пред дваесет и две години на денешен ден е потпишан Рамковниот договор со кој беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во земјава во 2001 година. Во рамки на одбележувањето на 22-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, по втор пат ја организира Школата за млади лидери […]

Сончево со мала до умерена облачност, максималната температура до 34 степени


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Повремено во јужните делови ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено изразен долж Повардарието и во североисточните делови каде на места ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне […]

Астрономски календар


Денеска е недела, 13 август 2023 година, 225-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 140 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 39 минути, а ќе зајде во 19 часот и 38 минути. Денов трае 13 часа и 58 минути. Месечината која е во фаза на полна Месечина ќе изгрее во […]

СВР Тетово ќе бара кој го вееше знамето на „Голема Албанија“


Тетовската полиција најави дека ќе бара кој го вееше знамето со картата на тн. Голема Албанија вчера на концертот во Тетово организиран за пречек на косовскиот премиер Албин Курти. Оваа фотографија е поставена на официјалниот профил на градоначалникот на Тетово, Биљал Касами на социјалната мрежа Фејсбук. На настанот беа и Иџет Меџити и Африм Гаши. […]

Ниту обезбедување, ниту надзор: Многу пропусти кај фирми за одгледување канабис за медицински цели


Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи – Единица за недозволена трговија со дрога, во координација со претставници од Комисијата за оценување на исполнетост на условите по однос на простор, опрема и кадар за одгледување на канабис за медицински цели и во содејство со […]

Времето претежно стабилно, во вторник пороен дожд и грмежи


Продолжува периодот на претежно стабилно време со умерен, повремено засилен северен ветер, информира УХМР. Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец, особено изразен долж Повардарието и во североисточните делови каде на места ќе засилува. УВ индексот ќе изнесува 8. Во Скопје ќе биде сончево […]

Се уште без решение за депонијата „Буково“


Депонијата „Буково“ во која се одлага комуналниот отпад од охридскиот регион најверојатно уште неколку години ќе ја загадува околината, и тоа еден од најживописните предели покрај магистралниот пат што ги поврзува Охрид и Ресен. Судејќи според динамиката со која се реализира проектот за изградба на регионална депонија, градот Охрид и околните села во близина на […]

На „Табановце“ и „Богородица“ за излез се чека околу 30-40 минути


Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, додека на граничните премини „Табановце“ и „Богородица“ поради зголемена фреквенција на возила, за излез од државата времето на чекање е околу 30-40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ. АМСМ […]

Во Неготино набљудување на метеорски дожд со телескопи


Групно набљудување на метеорски дожд ќе се реализира вечер во Неготино, со помош на телескопи обезбедени од Здружението за заштита на животната средина, „Ековита”. Претседателот на здружението, Сашко Тодоров во изјава за МИА вели дека станува збор за активност во рамки на „Неготинското културно лето”, што се реализира со финансиска поддршка од Општината. Несекојдневниот настан […]

Инфлација: Семејствата во САД трошат 709 долари повеќе месечно отколку пред две години


Инфлацијата во САД имаше силно влијание врз семејните буџети. Типичното американско домаќинство потрошило 709 долари повеќе во јули отколку пред две години за да ги купи истите стоки и услуги, според „Мудис Аналитика“. Оваа бројка го нагласува кумулативното влијание што високата инфлација го имаше врз потрошувачките финансии – иако растот на цените значително се олади во […]

Кино на отворено и музичка програма во Градскиот парк по повод Меѓународниот ден на младите


По повод одбележувањето на 12 Август – Меѓународниот ден на младите, Град Скопје во соработка со Младинскиот културен центар (МКЦ) и Универзалната сала, вечерва организираат бесплатен културно – забавен настан на отворено во првиот дел од Градскиот парк. Програмата започнува во 20:30 часот со проекција на филмот „Сестри“ од режисерката Дина Дума, а потоа следува […]

Сончево и ветровито, температури до 33 степени


Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието на места ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната од 25 до 33 степени. УВ индексот ќе биде 8. Во Скопје, слично време со  умерен, повремено […]

Студентски отпор не се согласува со новиот начин на исплата за субвенционираниот оброк


„Студентски отпор“ не се согласува со новиот начин на исплата на субвенционираниот студентски оброк. Оттаму во објава на „Фејсбук“ посочуваат дека 140 денари дневно е мала сума за квалитетен оброк и дека голем дел од угостителските објекти во близина на кампусот на УКИМ не поседуваат терминали за плаќање со картички. – На еден месец пред […]

Министерството ретроактивно склучи договори за инсулински ленти, дијабетичарите ќе бараат обештетување


Комплетен хаос настана со набавката на потребните помагала и терапии за лицата со дијабет, откако Министерството за здравство со задоцнување од речиси осум месеци го потпиша договорот за набавка на инсулински игли и ленти за мерење шеќер, инсулински пумпи со потрошен материјал и сензори за континуирано мерење на гликемија за периодот јанури 2023 – декември […]

Младите почесто посетуваат лекари и психолози, зголемена е употребата на психоактивни супстанци


Децата и младите во земјата изминатата година повеќе посетувале лекари, психолози и логопеди во споредба со 2021 година, покажува извештајот на службата за здравствена заштита на училишни деца и младина за 2021 и 2022 година, кој го објави Институтот за јавно здравје во пресрет на 12 август, Светскиот ден на младите. Во врска со дејноста за здравствена […]

Кучињата „инспектори“ од Царина – преку ден трагачи на дрога и пари, навечер членови на семејството (видео)


Марихуана, кокаин, хероин, екстази, амфитамини, евра, долари, фунти, оружје се само дел од работите кои петте ангажирани кучиња во К9 единицата при Царинската управа можат да ги „намирисаат“ при нелегален влез во државата. Во сторијата на Мета.мк направена во соработка со „А1он“, царинските службеници кои се грижат за овие кучиња, објаснуваат и демонстрираат како тече […]

Премиерот на Косово, Албин Курти, дојде за преименување на улица во општина Чаир


  Премиерот на Косово, Албин Курти, кој е во неофицијална посета на земјава, денеска присуствуваше на преименувањето на улицата „Втора македонска бригада“ во „Адем Демачи“ во општина Чаир. Во обраќањето, Курти рече дека пред пред две недели е одбележана петгодишнината од смртта на Демачи и оцени дека е од особено значење тоа што Демачи ќе […]

Реконструиран бул „АСНОМ“ во Аеродром


Завршена е реконструкција на дел од булеварот „АСНОМ“ во Ново Лисиче.   Станува збор за проект со кој целосно се реконструира коловозот со вкупна  површина од 9750м2 и должина од 1.100 метри, со рабници и тротоари, а извршено е и нивелирање на шахти и сливници.    Станува збор за целосна реконструкција на дел од  булеварот […]

„Пивара Скопје“ постави пречки на реките Сатеска и Даљанска за заштита на Охридското Езеро од цврст отпад


  Компанијата „Пивара Скопје“ денеска презентираше дел од спроведените активности во рамки на платформата за општествена одговорност „Наша гордост, наша одговорност“ за заштита на Охридското Езеро од загадување со цврст отпад. Како што појасни генералниот директор на „Пивара Скопје“, Душан Митрев, преку иницијативата за одвојување денар од секое продадено шише со посебна етикета на „Скопско“ […]