Променливо облачно со сончеви периоди, со локален дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. UV=8 Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Во […]

Без струја дел од трговскиот центар „Мавровка“


ЕВН ги известува граѓаните дека денеска, од 08:30 до 09:30 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од ТЦ Мавровка, поточно повисоките катови, во општина Чаир. Електричната енергија ќе биде прекината поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа.

Тренчевска: Минимална пензија од 18.000 денари е неправедно, линеарно зголемување е неуставно


  Делегација на пензионерите кои денеска протестираа во Скопје попладнево беше примена од министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска на која ѝ ги доставија нивните барања што ги соопштија и на собирот пред МТСП.  Главните барања се усогласување на пензиите со објавените податоци од Државниот завод за статистика во ноември 2021 година, линеарно […]

Патникот со обврзниците призна дека сакал да ги наплати, рече Стефан Богоев


  „Мило ми е што и од турска страна, од СЕЛЕК и Интерпол има интерес за овој предмет. Што ќе излезе ќе видиме, но ние сме должни вакви работи да спречуваме. Судот донесе брза пресуда бидејќи патникот призна вина. Тој призна дека не ги пријавил и побара поблага казна. Призна дека се упати во одредена […]

Скопски противпожарни екипи гаснат пожар во Горно Лисиче


Две екипи на противпожарна бригада на Град Скопје со две возила работат на гаснење на пожарот во Горно Лисиче, во местото наречено „Бановина“, информираат од Центарот за управување со кризи. – Гори сува трева и ѓубре. Нема опасност од ширење, известуваат од ЦУК.

Руската амбасада во Скопје – Балкански рекордер на социјалните мрежи


Руската амбасада во Скопје за две години објавила двојно повеќе постови на социјалните мрежи од дипломатските претставништва на ЕУ, САД, Британија… Според истражувањето на Центарот за проучување на демократијата од Софија (CSD) тоа е дел од пропагандната стратегија и хибридната војна на Кремљ Амбасадата на Русија во Скопје е рекордер меѓу дипломатските претставништва во Северна […]

Линијата 63А во наредните девет месеци ќе сообраќа по изменета траса


Приградската линија 63А која сообраќа на релација Транспортен центар – Ајватовци, во наредниов период ќе сообраќа по изменета траса од вообичаената, поради изградба на надвозник на патот Марино – Бунарџик, информираа денеска од ЈСП Скопје. Од ЈСП соопштуваат дека трасата на движење од Транспортен центар до Ајватовци е следна: „Од Транспортен центар до кружен тек […]

Голем пожар во атарот на с. Дебрешта, ќе интервенираат трите Ер Трактори на ДЗС


Центарот за управување на кризи информира дека избил голем пожар во атарот на селото Дебрешта која се наоѓа во општината Долнени и дека упатени се трите Ер Трактори на Дирекцијата за заштита и спасување за интервенција. – Во атарот на с. Дебрешта, општина Долнени, изби поголем пожар во нискостеблеста деградирана шума. За да се превенира […]

Војници на АРМ учествуваа во изградбата на привремен мост во Межица, Словенија


Припадниците на Армијата на Република Северна Македонија кои учествуваат во хуманитарните операции во Словенија за санирање на штетите од катастрофалните поплави, заедно со припадниците на Словенечката војска изградија привремен мост во општината Межица во северниот дел на земјата, кој денеска беше пуштен во употреба. На отворањето на мостот во оваа општина во корушкиот регион, присустуваше […]

МТСП: Сите барања на пензионерите ќе бидат разгледани


Министерството за труд и социјална политика, по денешната средба со претставници на Иницијативниот одбор на пензионери на Македонија, информира дека сите барања кои им биле доставени ќе бидат разгледани и заедно во дијалог со Сојузот на пензионери ќе се креираат понатамошните политики и мерки за пензионерите со посебен акцент на оние со пониски пензии, а […]

Данела Арсовска бара од Курти да именува улица „Тодор Александров“ во Приштина


Градоначалничката Данела Арсовска денеска до Советот на Град Скопје поднесе иницијатива за враќање на името на улицата „Втора македонска бригада“, што претходниот состав на советот ја променил во „Адем Демачи“, а за што Владата дала согласност за промена. За ова денеска информираат од кабинетот на Арсовска. – Ги повикувам сите советници во Советот на Град […]

Велешанецот со хеморагична треска рибарел покрај Вардар, можно е да бил каснат од крлеж


Пациентот од Велес, кој е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести како трет случај со потврдена конго-кримска хеморагична треска, рибарел покрај Вардар, па можно е болеста да ја добил од каснување на крлеж или друг инсект. Ова во изјава денеска го кажа д-р Милена Стевановиќ, директорката на Клиниката. Таа информира дека во саботата вечер, пациентот […]

Стевановиќ: Пациентот позитивен на конго кримската хеморагична треска е хоспитализиран и во добра општа состојба


Пациентот е хоспитализиран кај нас и е во добра општа состојба. Тој пет дена наназад се жалел на покачена температура, главоболка и на мускулно-зглобни болки, поради што и побарал лекарска помош. Ја следиме неговата состојба, изјави денеска директорката на Инфективната клиника, Милена Стевановиќ, во врска со четириесет и двегодишен велешанец, кој е трет случај на […]

УХМР: Утре локална нестабилност со пороен дожд и грмежи


Времето утре ќе биде локално нестабилно, проследено со пороен дожд и грмежи, соопшти УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 24 до 34 степени. Во следните денови, како што информира УХМР, времето ќе биде претежно стабилно и топло со умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

„И ние сме чеда на Македонија“: Пензионерите бараат најниска пензија 18.000 и линерано зголемување од 3.500 денари


Усогласување на пензиите согласно објавените податоци од Државниот завод за статистика во ноември 2021 година, линеарно зголемување од 3.500 денари на основицата на пензијата и минималната пензија да биде 18.000 денари, како и веднаш да се укине Сојузот на здруженија на пензионери, побараа од Иницијативниот одбор на пензионерите од денешниот протест пред Министерството за труд […]

Трет случај на конго-кримска хемогарична треска


  Четириесет и двегодишен велешанец е позитивен на конго-кримската хеморагична треска, потврди Институтот за јавно здравје. Пациентот во моментот е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје  и е во стабилна општа состојба.  Од ИКЈ информираат дека пациентот имал покачена температура до 38 степени, главоболка, болка во телото, малаксаност и обилно потење и првично […]

Пензионерите на протест пред седиштето на Сојузот на здруженија на пензионери, бараат оставки


Со барање за оставка од претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија почна денешниот протест на пензионерите во Скопје. На протестот има пензионери од сите краишта на земјава. Тие се упатија кон Министерството за труд и социјална политика, а се движат од Градска болница, покрај републичкото Собрание. Улиците „Даме Груев“ и „11 Октомври“ […]

Македoнија меѓу земјите со најниска стапка на вонбрачни деца во Европа


Во Северна Македонија само 13,7 отсто од децата се родени во вонбрачни заедници, за разлика од Западна и Северна Европа каде што повеќе од половината од живородените деца се од родители кои не биле во брак, покажува анализата на статистичкиот портал „Ландгеист“, базирана на податоци на Евростат. Во Европа, помалку деца родени во вонбрачни заедници […]

Пензионерите на протест во Скопје


Пензионерите денеска ќе одржат протест во Скопје барајќи повисоки пензии. Како што е најавено, тие прво ќе протестираат пред седиштето на Сојузот на здруженија на пензионери, а потоа ќе се упатат кон Министерството за труд и социјална политика каде ќе бараат средба со министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска. Пензионерите бараат линеарно зголемување […]

Во Скопје денеска почнува четвртата фаза од терестрична дезинсекција против комарци


На подрачјето на градот Скопје од денеска до петок во период од 22 до 03:00 часот, наредниот ден, ќе се реализира четвртата фаза од терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци, информираат од Градот Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските […]