Донирани 160 таблети на институции и даватели на социјални услуги


Владата на денешната 178 седница донесе одлука за давање на трајно користење на 160 таблет компјутери на институции и даватели на социјални услуги на национално и локално ниво низ целата држава.  Како што информираат од владината прес-служба, станува збор за донација на таблет компјутери, кои се донираат на над дваесет институции и даватели на социјални […]

Заедничка вежба на Македонија, САД и Албанија во Скопје од 20 август до 1 септември


Владата на денешната седница донесе Одлука за влегување и престој на странски вооружени сили на територијата на Република Северна Македонија заради учество на заедничка обука и вежба „Joint Combined Exercise Training – 23“, соопшти владината прес-служба. Заедничката обука и вежба „Joint Combined Exercise Training – 23“ е дел од Планот за билатерална соработка за 2023 […]

Асаф Абдурамани нов в.д. директор на ФЗОМ


Владата, на денешната седница, ја констатираше оставката на Фатон Ахмети од позицијата директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија. Владата го именуваше Асаф Абдурамани за в.д. директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија. Во порака на фејсбук до сопартијците од ДУИ, Ахмети рече дека продолжува со нови задачи во […]

Објавена е Шангајската листа, и годинава без македонски универзитет на неа


Објавено е Академското рангирање на светските универзитети за 2023 година од страна на организацијата „ShanghaiRanking Consultancy“. Листата и годинава, за нејзината 20-годишнина, не носи големи изненадувања. Меѓу најдобрите илјада универзитети во светот и оваа година нема ниту една македонска високообразовна установа. По 21-ви пат, на врвот на меѓународната листа се наоѓа Универзитетот Харвард. На второ […]

Тужба против Град Скопје оти не обезбеди бесплатен превоз за студентите од приватните универзитети, најавува КСЗД


Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) ќе поднесе тужба за заштита од дискриминација од јавен интерес (Actio popularis) за остварување на правото на бесплатен јавен превоз за сите студенти од приватните универзитети, објави Радио МОФ. Од КСЗД за Мета.мк потврдија дека размислуваат за два типа на пријави, од кои едната е прекршочна и ќе се […]

Jавно обвинителство: Лани имало посложени облици на организиран криминал


Двојно поголем е бројот на лица кои се опфатени со посебни истражни мерки во однос на претходната година, покажува Извештајот за примена на посебните истражни мерки во текот на 2022 година што го објави Јавното обвинителство и го достави до Собранието на Република Северна Македонија. Истовремено, бројот на случаи во кои се применети вакви мерки е намален, […]

Пожар во атарот на кочанските села Врбица и Рајчани, зафатени педесетина хектари нискостеблеста шума


Во пожар што избувна во атарот на кочанските планински села Врбица и Рајчани зафатени се педесетина хектари со нискостеблеста шума и грмушки, а поради сувата трева огнот брзо се пренесува и се шири по падините на Осоговските Планини. На терен се противпожарни екипи од Територијалната противпожарна единица и Добвровлното противпожарно друштво од Кочани, кои се […]

МЗ: Беким Сали ја крие вистината од јавноста


Беким Сали е последен што смее да каже било што за мандатот и неговата работа како министер за здравство, а уште помалку да манипулира за случајот со модулатните амбуланти. Во својот краток мандат Сали не реши ниту едно од отврените прашања поврзани со амбулантите, не изврши ниту една набавка за лекови навремено заради што страдаат […]

Петличковски: Тaму каде што има најмногу крлежи ќе се прави дезинсекција, место за паника – нема


Нема место за паника, апсолутно ниту е потребна, ниту е продуктивна на некој начин, изјави претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски, во врска со конго-кримската хеморагична треска од која во земјава се регистрирани три случаи.   По состанокот инициран од министерот за здравство Фатмир Меџити, во кој освен членовите од Комисијата за заразни болести […]

Поранешниот министер Беким Сали бара одговорност за модуларната болница во Тетово


  Поранешниот министер за здравство, Беким Сали (Алтернатива) денеска изјави дека кога ја презел функцијата во септември 2022  побарал интерна ревизија за договорот за модуларните болници кои се користат како амбуланти, а на 25 јануари годинава извештајот бил финализиран и добил препорака Министерството за здравство да го раскине договорот со фирмата изведувач – „Брако“, бидејќи […]

Тимот на „Лајка“ спаси куче заглавено на 11 спрат


По пријава од граѓани дека има заглавено куче на 11-ти спрат во објект во изградба, тимот на ЈП „Лајка“ се качија во зградата за да го спасат кучето. Според сведочењата од граѓаните, кучето било заглавено повеќе од четири дена. -Кучето е сега во нашето прифатилиште каде ќе го помине хуманиот третман и ќе вложиме напори […]

Фатон Ахмети поднесе оставка на функцијата директор на ФЗО


Фатон Ахмети од ДУИ  поднесе оставка од функцијата директор на Фондот за здравствено осигурување. Во порака на фејсбук до сопартијците тој  рече дека продолжува со нови задачи во партијата. „Денеска поднесов оставка од функцијата генерален директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија.Ви благодарам за поддршката и плодната соработка при извршување на ова […]

„Есенинова“ конечно готова, ќе ги поврзе Аеродром и Кисела Вода


Завршена изградбата на улицата Есенинова, која претставува ново сообраќајно поврзување на општините Аеродром и Кисела Вода, соопштија од Град Скопје.    Новата улица ги поврзува булеварите Борис Трајковски и Трета Македонска бригада и со истата ќе се намали сообраќајниот метеж кој се создава на крстосницата кај „Тутунски комбинат“.   Дополнително, изградена е нова водоводна и […]

Ангелов: Над половина од вработените во ЦУК се залутани и нефункционални


Стојанче Ангелов, директорот на ЦУК, во летното издание на „Клик Плус“ на ТВ21 зборуваше за состојбата со оваа институција и притоа откри дека во регионалните центри има многу „залутани луѓе“ и вработени преку партија. „Секој регионален центар за управување со кризи има квалитетни луѓе, но факт е дека еден дел од луѓето се залутани, односно […]

МОН: Значително подобрени услови за настава во новата учебната година ќе имаат 55 училишта


Министерството за образование и наука информира дека завршуваат реконструктивните активности во 55 училишни објекти кои се дел од акцискиот план за унапредување на условите за следење настава и за работа за оваа календарска година. МОН во соопштение наведува дека се инвестираат над 4,5 милиони евра обезбедени во буџетот на Министерството преку одделението за капитални инвестиции, […]

Младо непрелетано штркче вратено во гнездо откако падна во двор во неготинско Пепелиште


Младо непрелетано штркче е вратено во гнездото, откако пред два дена падна во двор во неготинско Пепелиште. Ова денеска го потврди за МИА Аница Јордановска. Таа упати јавна благодарност до сите што помогнале штркчето, живо и здраво да биде вратено кај својата мајка. – Се случи пред два дена. Во нашиот двор, од гнездото на […]

Грковска: Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка ќе биде додадена вредност во алатките за борба со корупцијата


Формалната работна група за подготовка на Предлог-закон за конфискација на имот во граѓанска постапка денеска го одржа првиот состанок, на кој беше усогласена интензивна динамика на работа во наредниот месец, соопшти владината прес-служба. Целта е до средината на септември да се подготви решение, кое ќе се достави на мислење до Европската Унија и Венецијанската комисија. […]

Програмата Еразмус плус дава многу европски можности


  Таа работи како проектен асистент за Швајцарската програма за претприемништво со глобален и регионален менаџмент и како проектен координатор за Еразмус плус мобилност што се спроведува преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Нејзиното име е Благица Ефтимова и веќе неколку години работи на промовирање на над 20 Еразмус плус мобилности во […]

Апарати за плаќање сметки за вода на пет локации во Скопје


 Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје со цел доближување на услугите до своите корисници, имплементира активности кои се дел од планот за дигитализација. -Покрај големиот број дигитализирани услуги, како добивање на електронски фактури, електронска регистрација на корисник, пријавување на дефекти и достапност на различен тип на документи преку e.vodovod-skopje.com.mk, ЈП Водовод и канализација – […]

Независниот синдикат на пожарникари бара вработување на нов кадар


Независниот синдикат на пожарникари укажува на недостатокот на професионални пожарникари во територијалните противпожарни единици во земјава. Оттаму посочуваат дека не е запазен законскиот минимум и просечната старост на вработените е околу 48 години. – Состојбата е алармантна имајќи предвид дека пополнетоста на единиците е некаде на 50 проценти од законскиот минимум, додека просечната старост на […]