Ревија на етнолошки документарен филм во Музејот на Северна Македонија
Во Музејот на Северна Македонија денеска со ревијата на етнолошки документарен филм ќе биде означен почетокот на Европските денови на културното наследство 2023.
Ќе бидат прикажани филмовите: „Семејството Адемови“ на авторката Елизабета Конеска, „Голубарот“ од авторката Надица Петковиќ, „Самовилска вода“ на авторот Владимир Боцев и „Гатачката“ на Валентина Илиевска.
Филмовите се во продукција на Музејот на РС Македонија и НУ Музеј Куманово. Тие соодветствуваат со темата на годинашното издание на манифестацијата во нашата земја „Живо наследство, која е прифатена како мото во повеќе европски држави.
Предвидено е активностите во рамки на манифестацијата да се организираат во периодот од 22 до 28 септември 2023 година. Во програмата ќе земат учество 17 институции и невладини организации од 11 градови и села во нашата држава.