Земјотрес од 2,6 степени по Рихтер во епицентралното подрачје Битола-Лерин


 Земјотрес со локална магнитуда од 2.6 степени по Рихтер е регистриран вечерва во 18.18 часот со епицентар на 115 километри јужно од Скопје, кој потекнува од епицентралното подрачје Битола-Лерин. Земјотресот го регистрираше Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, која соопшти дека тој бил почувствуван од населението во Битола и околината со интензитет од III-IV […]

Лога му одговори на Мицкоски со слика од „преоблеченото“ МЕПСО


  Откако денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најави дека неговата партија ќе се обиде да го блокира во Собранието најавениот закон за амнестија, кој се однесува на затвореници со мали затворски казни, министерот за правда Кренар Лога избра две фотографии и една реченица за да се подбива со овој став на опозицијата. Лога прикажува […]

Протест на жители на кумановска населба ја запре изградбата на дел од пругата кон Бугарија – не се безбедни пешаците


Жителите на кумановска населба „Доне Божинов“ денеска ја запреа изградбата на дел од пругата кон Бугарија, на делницата Куманово-Бељаковце, на Коридор 8. Во изјава за медиумите, жителите кажаа дека се револтирани од проектот, дека не се води сметка за безбедноста на пешаците, нема заштитни огради, тротоари… Велат дека овој дел е стрмен и бараа средба […]

Со голем Аеромитинг во Стенковец кај Скопје во сабота ќе се одбележат 100 години Македонска авијација


Со голем Аеромитинг во сабота, 16 септември, на спортскиот аеродром Стенковец кај Скопје, ќе биде одбележан јубилејот – 100 години Македонска авијација, за чиј почеток се смета основањето на Аероклубот Скопје во далечната 1923 година. За настанот на кој ќе присуствуваат владини претставници и гости од земјата и регионот, подготвена е богата програма во која […]

Почна изградбата на затворен базен кај салата „Партизан“ во Карпош


Денеска започнаа градежните активности на затворениот базен во рамки на спортската сала „Наум Наумовски Борче“, попозната како „Партизан“ во Карпош 4. Како што информираат од Општина Карпош, увид во градежните активности денеска  направија градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, премиерот Димитар Ковачевски и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски. -По многубројните инвестиции […]

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја блокира амнестијата за обичните затвореници


Откако измените на кривичниот законик обезбедија застареност за многу дела на бивши функционери на ВМРО-ДПМНЕ, од оваа партија најавуваат дека ќе го блокираат новонајавениот Закон за амнестија со кој треба да се ослободи дел од затворениците за полесни кривилчни дела – за да се испразнат затворите. Во смисла може да се амнестираат функционерите а не […]

Владата предлага амнестија на затворениците кои се осудени до шест месеци затвор


  Министерството за правда го подготви предлог-законот за амнестија со кој се овозможува ослободување и намалување на затворски казни за лесни кривични дела. Се очекува тој да биде усвоен на наредната седница на владата. Предлог-законот беше доставен и до координаторите на пратеничките групи во Собрание кои треба да дадат свои забелешки и сугестии, информира Министерството […]

Со мобилна апликација може да се плати за Градски паркинг


ЈП „Градски паркинг“- Скопје денеска ја пушти во употреба апликацијата Parking.MK за зонско паркирање која ќе биде достапна за користење на IOS и ANDROID уредите. Апликацијата, информираат од ЈП „Градски паркинг“, е бесплатна за симнување, едноставна за примена и нуди низа поволности, меѓу кои, можност преку ГПС прецизно и точно да се утврди локацијата на […]

И општините сакаат да издаваат обврзници, Пенов не дава


Издавањето на општинските обрвзници е покомплексен проблем, смета министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов, кој денеска во Штип одговараше на прашањето зошто на општините не им се дозволува издавање на општински обврзиници. -Не изгледа едноставно, се работи за државно задолжување. Општината бара, но државата се задолжува. Државата дали ќе зема меѓународни или домашни кредити тоа […]

Нов покрив и енергетски ефикасна фасада доби градинката „13 Ноември“ објектот Јасмин


Општина Центар ги заврши реконструктивните зафати на целата кровна конструкција и поставувањето на енергетски ефикасната фасада на целата градинка со површина од околу 1500 метри во градинката Јасмин, објект на матичната градинка „19 Ноември“. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски беше во посета на градинката од каде истакна дека инвестициите во образованието значат подобри услови […]

Од 12 септември отворен е повикот за аплицирање за Чивнинг стипендиите на Владата на Обединетото Кралство


Од 12 септември до 7 ноември 2023 година отворена е можноста за аплицирање за Чивнинг стипендии за студирање во Обединетото Кралство. Апликациите треба да се поднесат преку онлајн формуларот за аплицирање на chevening.org/apply. Чивнинг стипендиите се доделуваат на лица од секаков профил, кои можат да покажат дека ја имаат посветеноста и вештините кои се потребни […]

Статусот на Охрид и на Охридскиот регион на 45-тата Сесија на УНЕСКО во Ријад


Статусот на Охрид и Охридскиот регион како комбинирано светско културно и природно богатство ќе биде разгледуван на 45-тата Сесија на Комитетот за светското кулурно наследство што се одржува во Ријад, Саудиска Арабија. Експертите на УНЕСКО ќе се произнесат за тоа дали и колку Република Северна Македонија и Република Албанија изминатите две години постапиле во насока […]

Пенов: Да го приближиме одлучувањето на локално ниво до граѓаните


Целта на процесот на децентрализација на власта е нивото на одлучување да се приближи до граѓаните за сите прашања кои што имаат директно влијание на нивното секојдневно живеење, токму затоа ја поддржуваме иницијативата на Народниот правобранител за отворање на дебата од аспект на остварување на правата на граѓаните за прашања од локална надлежност, рече министерот […]

Жена тешко повредена при симнување од автобус


 Жена на возраст од 65 години е тешко повредена при симнување од автобус.  На 12.09.2023 во 12.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Втора Македонска Бригада“, при симнување од автобус, патничката А.Ј.(65) од с.Добрино паднала и се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, соопштија од МВР.  Извршен […]

Еврокомесарите не смеат да земаат подароци над 150 евра, смеат ли нашите министри?


Во Скопје денеска се одржува тркалезна маса, насловена „Пријавување и управување со примени дарови и други погодности: каде сме и што треба да направиме?“. Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска вели дека токму ова е едно од прашањата со кое се градат механизми за отчетност и за што треба да се воведат […]

Зибери бара да се реши проблемот со електронско аплицирање за брзи кредити


Народниот правобранител има добиено над 30 претставки од страна на граѓаните за брзите кредити, соопшти народниот правобранител, Насер Зибери, кој во Штип одговараше на прашањето, дали граѓаните доставуваат претставки имајќи во предвид дека МВР за половина година има евидентирано 65 пријави на измамени граѓани. -Тука би ги разграничил претставки кои се однесуваат на висината на […]

Пендаровски и синот даруваа крв во американската амбасада


  Претседателот Стево Пендаровски, заедно со синот Огнен, денеска даруваше крв на хуманитарен настан организиран од амбасадата на Соединетите Американски Држави. Хуманитарниот настан за дарување крв и донирање храна, организиран во соработка со Црвениот Крст и Институтот за трансфузиологија, годинава се одржува по 15-ти пат во сеќавање на трагичните настани од 11 септември 2001 година. […]

Власта со амнестија ќе ги чисти затворите од пренатрупаноста


Амнестијата и намалувањето на затворските казни за 30 отсто е само еден од начините за намалување на прекубројноста во затворите, посебно во Идризово и се крајно загрижувачки. Затоа ние сметаме дека можеби е добра идејата сторителите на кривични дела од помал интензитет и со пониски казни да бидат опфатени со амнестија, но алтернативните мерки секогаш […]

Лекарите бараат институциите да ги заштитат од маркетинг злоупотребите


Лекарската комора на Македонија, како професионално здружение на сите доктори по медицина, јавно бара од Основното јавно обвинителство и Министерството за внатрешни работи итно да постапуваат и да ја спречат злоупотребата на професионалниот интергитет и авторитет на лекарите во функција на лажно рекламирање на непроверени форми на медицински препарати, лекови, додатоци во исхрана, методи или […]

И Чикаго го прогласи септември за месец на македонското наследство


И градоначалникот на Чикаго Брендон Џонсон го прогласи септември за месец на македонско-американското наследство, откако неодамна и гувернерката на Мичиген Гречен Витмер повика македонската култура да се слави во оваа сојузна држава во текот на септември. „Чикаго е дом на горда и динамична македонско-американска заедница која го зацврсти градот во делот на уметноста и музиката, […]