Вински музеј Кавадарци отсега и со самофинансирачки дел за самоодржливост


Вински музеј Кавадарци донесе Правилник со што, практично, отсега има и самофинансирачки дел за самоодржливост. Како што појасни директорката Весела Честоева за МИА, ова значи дека освен што добива финансиски средства од кавадаречката Општина, Музејот сега ќе може во еден дел и да се самофинансира, со издавање на сопствениот простор под закуп на одредено време […]

Кавадарци ја зголеми наплата на даноците за 100 отсто


Сегашната структура на буџетите на општините, од 50% па се до 70%, наменски средства од централното ниво, покажува дека општините главно се потпираат на средствата од централниот буџет, занемарувајќи ги сопствени приходи за спроведување на сопствени локални политики, рече министерот Ристо Пенов на презентацијата на наодите од Извештајот на Државниот завод за ревизија на тема […]

Пожар меѓу штипските села Сушево и Доброшани


Голем пожар во штипскиот регион, со огнената стихија која почнала од селото Сушево се борат 25 пожарникари од Тертиријалната Противпожарна единица во Штип. Командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев за МИА вели дека на терен се со четири противпожарни возила и во моментов се кај селото Доброшани, каде спрелуваат огнот да дојде до куќите. -Станува збор […]

Пронајдена исчезната малолетничка од Лисиче, предадена е на родителот


Во скопската населба Лисиче денеска била пронајдена 14-годишна малолетничка, која вчера се оддалечила од домот.  -Од тимот за потраги при ОКР Центар и Бит Пазар денеска во населба Лисиче  во Скопје пронајдена е М.К. (14), за која од страна на нејзината мајка Д.К. на 25.09.2023 беше пријавено дека се оддалечила од домот, соопшти вечерва МВР. […]

Обвинителите биле во Приштина, а ќе одат и во Тирана по докази за скандалот на Онкологија


Тим од обвинители од Јавното обвинителство во текот на вчерашниот ден беше во косовското Обвинителство и оствари директна средба за обезбедување докази во врска со предистрагата поврзана со работата на Клиниката за радиотерапија и онкологија. – Од косовските органи, преку контакт-точките во Европската правосудна мрежа, се побарани конкретни податоци неопходни за проверка на наводите врз […]

Утре прекин на водата во дел од Општина Карпош


ЈП Водовод и Канализација ги известуваат жителите на Општина Карпош дека на ден 27.09.2023 година (среда) поради дефект на затворач „ф100 мм“ на ул. „Ванчо Мицков бр.97“ ќе има прекин на водоснабдувањето кај корисниците на дел од ул. „Ванчо Мицков“ и дел од ул. „Демир Трајко“ од 09:00 до завршување на интервенцијата.

Обвинителен акт против полициски инспектор за усмртената мигрантка


 По спроведена севкупна истражна постапка, предметен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против полициски инспектор за сторено кривично дело „тешки дела […]

Владата задолжи неколку министерства за итни мерки за рехабилитација на Охрид поради УНЕСКО


Владата на денешната седница ја разгледа и ја усвои Информација за потребата од преземање на итни мерки за рехабилитација на светското природно и културно наследство на Охридскиот регион. Владините заклучоците се донесени по посочувањето од предлагачот, Министерството за култура, на препораките од реактивните мониторинг мисии на УНЕСКО, потенцирани од Комитетот за светско наследство при УНЕСКО.   […]

Ковачевски очекува ЕСМ да почне со поставување на топловодните цевки под мостот „Беласица“


Доколку не бидат поставени топловодните цевки на мостот „Беласица“, цената на парното греење, како што кажа претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, ќе доживее цунами, затоа што топинската енергија што се добива од централата ТЕ-ТО е неколкукратно поевтина во однос на она што би се добивало од другите топлани кои работат на другите енергенси, истакна […]

Се заменуваат 1.000 изгорени прагови на пругата Скопје-Битола, собраќајот уште во прекин


Интензивно се работи на промена на изгорените околу 1000 прагови на пругата Скопје- Прилеп. Екипите на македонски железници  ги менуваат уништените прагови од двата пожари во саботата во реоните на прилепските села Слепче и Тројкрсти. Ова е досега најголемо уништување на пругата со изгорените прагови. Штетите се огромни. На пругата каде се работи, на потегот […]

Предлог законот за амнестија ќе биде проследен до Собрание, најави Ковачевски


Предлог законот за амнестија е спроведена постапка  и за неа министерот за правда Кренар Лога во наредните два дена ќе има детален брифинг со претставниците на медиумите, а во меѓувреме тој ќе биде проследен до Собрание, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски. – Тоа е направено во меѓувреме. Во текот на наредните два дена, односно 48 […]

Пеева: Одговорноста на институциите треба да се истражи за вчерашното убиство на 46-годишната жена во Кочани


 Одговорноста на институциите за вчерашното свирепо убиство на 46-годишната жена во Кочани треба да се истражи, смета Бети Пеева од НВО „ЕХО“-Штип, која со години работи со жртвите на секоков вид на насилство. Посочува дека според информациите кои беа споделени од институциите и медиумите може да се заклучи дека некои институции не постапувале со должно […]

Конференција за високо образование: Да го вратиме тоа што го имавме во Југославија


Ни недостига негување на културата на квалитет во високото образование, а она што го имаше во сите земји од пораншена Југославија, додека беа заедни, треба  повторно да се воспостави –  одговорност на секој поединец кој работи во високото образование – секој наставник и секој студент, етички и професионално да се однесува, а самото тоа понатаму […]

Кавадаречкиот Совет донесе одлука за основање Регионален центар за згрижување бездомни миленици и ветеринарно здравство


Советот на Општина Кавадарци денеска донесе одлука за основање на заедничко јавно претпријатие Регионален центар за згрижување бездомни миленици и ветеринарно здравство, стационар ,,Шепа”, со седиште во овој град.  – Советите на општините Велес, Кавадарци, Неготино, Свети Николе, Демир Капија, Чашка, Градско, Лозово и Росоман, основаат заедничко јавно претпријатие Регионален центар за згрижување на бездомни […]

Учебниците за трето поделени, за шесто при крај, МОН утре со детални информации


 Учебниците за трето одделение се завршени и доставени до сите основни училишта. За шесто одделение се одобрени учебниците по македонски јазик, албански јазик, природни науки, кои се на графичко-техничка обработка и печатење. Одобрен е и учебникот по математика, но ќе треба да поминат пет дена за жалбена постапка, соопшти денеска министерот за образование и наука […]

ТИКА донира сензорна соба за училиштето „Киро Глигоров“ во Капиштец


Од денеска учениците со образовни потешкотии во ООУ „Киро Глигоров“ добиваат нова и комплетно опремена сензорна соба која е донација Турската агенција за соработка и координација ТИКА. Станува збор за донација на сензорна туба (со меурниња) која менува бои, сензорни влакна, пректор со диск, сензорна светлечка маса, светленки листови и бројки, базен со топчиња, лулашка, […]

ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи ребалансот – се крати од зелениот фонд, одбраната, градинките…


 ВМРО-ДПМНЕ нема да ја поддржи Предлог- одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите, за која денеска почнува расправа на собраниската Комисија за финансирање и буџет. Ова денеска го изјави Бојан Стојаноски, пратеник на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во прес-салата на Собранието.  – Формално ова не е ребаланс иако […]

Додека се обновува патот Битола-Меџитлија стана опасен за движење


  БИТОЛА – Рехабилитацијата на патот Битола-граничен премин Меџитлија уште не завршена однесе една жртва во последните две недели, а брои уште неколку сообраќајки. Обновата на патот која битолчани ја чекаа речиси четири децении, сега се споменува по трагични вести и сообраќајки (четири во последниве две недели), па битолчани на социјалните мрежи предупредуваат на опасностите […]

Поради судир прекин на сообраќајот за товарни возила на патот Гостивар-Кичево


АМСМ известува дека денеска на магистралниот пат Гостивар-Кичево се случила сообраќајна несреќа. – На 26.09.2023 година од 10.25 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во непосредна близина на „Панорама“, поради случена сообраќајна незгода, сообраќајот ќе биде во прекин само за товарни моторни возила, велат од АМСМ.