Судењето против Жан Митрев започна од почеток


Поради истек на 90 дена од последното одржано рочиште судењето против Жан Митрев денеска започна одново. По формалното отпочнување и воведните зборови Судот донесе решение процесот да продолжи на 15 ноември со испитување на сведоци на предлог на обвинителството. Предметот е оформен по допрен глас, откако минатата година се објави документарец во кој се тврди […]

ДЗР: Општина Струмица не наплаќа комунални такси, но ги ослободила од плаќање МПЦ и ИВЗ


Советот на Општина Струмица донел одлуки6 со кои МПЦ – ОА Струмица и ИВЗ ги ослободил од плаќање на надоместок за утврдување на правен статус на бесправни објекти (цркви и џамии) во вкупна вредност од 1.404 илјади денари, што не е во согласност со Законот за постапување со бесправно изградени објекти, стои во Ивештајот на […]

Најстудено во Берово, најтопло во Штип, Велес, Виница, Демир Капија и Гевгелија


Во Берово утрово е најстудено – три степени, а натопло е во Штип, Велес, Виница, Демир Капија и Гевгелија – 12 степени.  Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до 7:30 часот пет степени се измерени во Лазарополе, шест во Попова Шапка, седум во Струмица и Крушево, осум во Скопје – Петровец, Битола, Охрид, […]

ЈСП пушти повеќе автобуси за Задушница


ЈСП „Скопје“ во пресрет на верскиот празник Задушница денеска и утре воведува дополнителен број автобуси на линиите 59, 59А и 59 Б, кои ќе сообраќаат од и кон гробишта Бутел. -На редовните линии 59 (Карпош 3 – Кучевишка бара – Гробишта Бутел), 59А (Ново Лисиче – Гробишта Бутел) и 59Б (Кисела Вода – Гробишта Бутел) […]

Тројца македонски државјани, татко и две деца, излегоа од Газа и заминаа кон Каиро


 Во текот на вчерашниот ден, тројца државјани на Република Северна Македонија (татко и две деца), безбедно ја напуштија Газа и во придружба на вршителот на работи во нашата Амбасада во Каиро, Елма Алторок, беа упатени кон египетскиот главен град, а од таму кон Северна Македонија, соопштија од македонското Министерство за надворешни работи. – Со нив, […]

Петти пчеларски саем во Скопје


Мед, пчелни производи и пчеларска опрема ќе бидат изложени на петтиот пчеларски саем, кој од денеска до недела ќе се одржува на плоштадот „Македонија“ во Скопје.  На саемот ќе учествуваат пчелари од цела држава и производители на мед и на пчелни производи, кои ќе им понудат на потрошувачите да одлучат, да дегустираат и да го […]

Променливо облачно со дожд и ветер


Времето денеска ќе биде променливо облачно со засилен, наместа повремено силен ветер од јужен правец (над 60 км/час). Попладне под влијание на циклонска активност ќе има врнежи од дожд, најпрво во западните делови. Во ноќните часови врнежите ќе се прошират насекаде и наместа ќе бидат пообилни, проследени со грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 3 ноември 2023 година, 307-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 58 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 8 минути, а ќе зајде во 16 часот и 26 минута. Денов трае 10 часа и 17 минути. Месечината, која е во фаза на полна Месечина, ова деноноќие нема […]

Четири обвинителки ќе се справуваат со насилството и заканите кон новинарите


  Искра Хаџи-Василева од ОЈО Скопје, Нина Димитриевска од ОЈО Тетово, Ирена Атанасовска од обвинителството од Битола и Татјана Кацарова од ОЈО Штип, се четирите обвинителки кои ќе ги сочинуваат т.н. контакт точки за поефикасно спроведување на правдата во случај на напади и закани кон новинарите. Тоа беше соопштено денеска во Клубот на новинарите на […]

Ковачевски предлага да се раскине договорот за изградба на автопатот Кичево – Охрид


  Премиерот Димитар Ковачевски денеска од Охрид порача дека ќе побара ревизија на договорот за изградба на автопатот од Кичево до Охрид.  И нагласи дека треба да се размислува и за раскинување на договорот затоа што и по 10 години не е пуштен во употреба ниту еден километар од автопатот. „Сметам дека е недозволиво еден […]

До крајот на годината ќе биде готов колекторот за отпадни води во Орман


Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш е „згрозен од ескалацијата на насилството во Газа“, вклучително и убиството на Палестинците во израелските воздушни напади врз бегалскиот камп Џабалија, рече неговиот портпарол. – Тој силно го осудува убивањето на цивили, изјави денеска за новинарите портпаролот на ОН Стефан Дижарик. Тој додаде дека „генералниот секретар повторува дека сите […]

Универзална сала како инфраструктурен проект, не може биде причина да се изгуби титулата ЕПК


ЈУ „Универзална сала“ Скопје остро ги демантира наводите и дезинформациите објавени денеска на неколку медиуми, а во врска со губење на титулата на Град Скопје како Европска престолнина на Културата за 2028. „Сакаме да нагласиме дека носител на проектот е културната установа Универзална сала која е под надлежност на Град Скопје, додека објектот кој е […]

Сите докази во предметот за Онкологија се обезбедени и веќе се анализираат од стручни лица


Во рамки на предистражната постапка за предметот поврзан со работата на Клиниката за радиотерапија и онкологија, со барање од 13 септември 2023, Основното јавно обвинителство Скопје ги обезбедило сите изготвени извештаи од извршените вонредни надзори на Фондот за здравствено осигурување, за финансиското работење на Клиниката, за периодот 1 јануари 2015  – март 2023 година. -Нов […]

Кој сака да биде директор на школо, ќе мора да стекне ИТ вештини и да полага испит


Кандидатите кои сакаат да се стекнат со уверение за директор на основно или на  средно школо на 9, 10 и на 11 ноември ќе полагаат испит. Основни ИТ вештини се задолжителен дел од испитот, а има и други модули кои треба кандидатите да ги знаат за да положат. Пред 2017 година, уверение за директор кандидатите добивале […]

Пратеник за пратеник, медиуми за пари – државните кампањи ќе се гласаат по скратена постапка


Со предложените измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги кои се наоѓаат на разгледување пред пратениците, повторно ќе се овозможи одлив на милиони евра од државниот буџет за организирање на владини и општински кампањи во телевизиите и радио-станиците. Денеска пратениците од сите политички партии, со исклучок на Левица, ја поддржаа потребата од донесување на измените […]

Новинарство за новата генерација – обука и можност за посета на САД


Сите млади студенти, новинари, членови на граѓанскиот сектор, активисти или ентузијасти ги повикуваме да аплицираат на тродневната работилница за Новинарство базирано на податоци и визуелизации на податоци. Обучувачи на оваа работилница ќе бидат Дерек Вилис, предавач на Факултетот по новинарство „Филип Мерил“ при Универзитетот во Мериленд, како и Горан Ризаов, раководител на програмата Медиуми за демократија во […]

Чендлер – кучето кое беше оставено врзано да умре на врвот од напуштена фабрика, доби шанса за нов живот


Среќен, весел и разигран. Вака сега изгледа германскиот овчар кој пред два дена беше оставен да умре, без храна и без вода, заврзан на врвот од напуштена фабрика во Скопје. Вработените во ЈП „Лајка“ кои го презедоа напуштеното куче, го нарекле Чендлер, во спомен на Метју Пери од серијата „Пријатели“, кој беше пронајден мртов во […]

Коциќ: Од каде знае Мицкоски дека неговите докази не се дел од истрагата за Онкологија?


Со денешната постапка Христијан Мицкоски се обидува да изврши упад и ја загрозува истрагата за Онкологија, оцени Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ, по „ексклузивната„ објава на нови докази заљ наводни злоупотреби на оваа клиника од страна на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. -Ако навистина има докази Мицкоски треба да ги поднесе до надлежни институции, пред се до […]

Притвор за првоосомничениот од предметот „Синџир“


Првоосомничениот во предметот „Синџир“ кој беше недостапен на органите на прогонот е обезбеден и изведен пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје. Прифаќајќи го предлогот на предметниот обвинител со решение судијата му определи мерка притвор во траење од 30 дена, соопшти Јавното обвинителство на РСМ. Според наводите содржани во диспозитивит на наредбата […]

Ангелов: Јапонски метод на македонски начин за спречување поројни поплави во Радовишко


Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов денеска со меѓународни високи претставници за кризен менџмент од Јапонија и од Балканот беше на теренска обиколка на планината Плачковица од rадовишка страна, над највисокото село Коџалија, соопштија од ЦУК. Како што информираа оттаму, посетата е во рамки на завршниот регионален семинар „Проектот за градење […]