Чудесните бои на есента
Некои велат дека тоа е најубавото годишно време во годината.
Албер Ками напиша дека „есента е втората пролет кога секој лист е цвеќе“.
И навистина е така. Јавори, брези, дабови, липи, кајсии, праски – сите тие во нивното подготвување за зимата ги губат листовите на таков чудесен начин што создаваат вистинска визуелна уметност во живо во природата. Секое паѓање на жолтиот лист е како љубовен допир со земјата.
Есента е како „гранде финале“ на годината која се подготвува да се притаи за време на студовите и снеговите за потоа како вулкан да експлодира во зеленило и живот напаролет.
Скопје е убаво во есен. Наместа и многу убаво. Жолтите лисја покриваат дури и делови од неговите грди простори.
Нашиот фоторепортер Борис Грданоски ви го доловува Скопје од последните неколку денови – со жолтите лисја, со врнежливите денови, со привлеќната меланхолија на улиците.