Комедијата „Кец на десетка“ ќе одбележи јубилеј – 100-та изведба


Една од најгледаните претстави на камерната сцена на Македонскиот народен театар (МНТ), комедијата „Кец на десетка“, вечер, во 20 часот, ќе одбележи јубилеј – 100-та изведба.   -Девет години по премиерната изведба, претставата и понатаму живее со ист интензитет и сценски ритам, освојувајќи ја публиката одново. Во изминатите години, со безрезервна актерска енергија и посветеност …

Комедијата „Кец на десетка“ ќе одбележи јубилеј – 100-та изведба Read More »

Концерт на Националниот џез оркестар и Renato Chicco


Националниот џез оркестар, вечер, во 20 часот, во Македонската опера и балет, ќе одржи концерт со светски познатиот пијанист и органист Renato Chicco. На концертот, под диригентство на Џијан Емин, ќе биде изведена програмата од албумот на Chicco, „First Encounter – Organ & Big Band“ – проект што ги поставува хамонд-оргулите во современ биг-бенд формат, …

Концерт на Националниот џез оркестар и Renato Chicco Read More »

Во Чифте амам ќе биде отворена изложбата на словачкиот уметник Ладислав Каменицки


 Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам од денеска, во 18 часот, до 1 март ќе биде отворена изложбата на словачкиот уметник Ладислав Каменицки насловена „СТУДИИ ВО АПСТРАКЦИЈА“. Ова е негова осма самостојна изложба која обединува дела од повеќе различни уметнички циклуси. Изложбата ја организира Здружението за архитектура, дизајн и култура „Архифакт“ – Скопје …

Во Чифте амам ќе биде отворена изложбата на словачкиот уметник Ладислав Каменицки Read More »

Љутков на светската премиера на дебитантскиот филм на Косара Митиќ на Берлинале


Македонскиот игран филм „17“, долгометражното деби на режисерката Косара Митиќ, ќе ја има својата светска премиера во рамките на 76. издание на Берлинале. Проекцијата ќе се одржи вечерва, 18.02.2026 година во Берлин, во Киното “Блумакс“ (Bluemax Theater) во 19 часот. Успехот со учеството во официјалната компетитивна програма „Перспективи“, е надополнет со фактот дека „17“ е првиот дебитантски македонски игран филм …

Љутков на светската премиера на дебитантскиот филм на Косара Митиќ на Берлинале Read More »

„Ќе помине и моќта“- промоција на роман од Ирена Јурчева во МКЦ


Вечерва, од 19 ч., во фоајето на МКЦ, ќе се одржи промоција на најновиот роман од Ирена Јурчева – „Ќе помине и моќта“. Покрај авторката, на промоцијата ќе зборуваат Виолета Танчева-Златева и Александар Маџаровски-Читачот. Романот „Ќе помине и моќта“ излезе од печат кон крајот на 2025 г.,во издание на „Паблишер“, и претставува досега најамбициозно и …

„Ќе помине и моќта“- промоција на роман од Ирена Јурчева во МКЦ Read More »

Килијан Мaрфи и Кејт Хадсон меѓу презентерите на наградите БАФТА


Лондон – Филмските награди БАФТА за 2026 година открија голем број ѕвезди кои ќе излезат на сцената и ќе презентираат во недела, 22 февруари. Пејачкото трио од KPop Demon Hunters, EJAE, Одри Нуна и Реј Ами, претходно беа претставени како изведувачи на лондонската церемонија, нивниот прв настап во живо надвор од САД, а британската кантавторка …

Килијан Мaрфи и Кејт Хадсон меѓу презентерите на наградите БАФТА Read More »

Објавено ново издание на „Ѓон“ од Драги Михајловски


Славејќи го јубилејот 35 години од основањето, „Матица македонска“ продолжува да ја чествува македонската книжевност. Меѓу другото, „Матица“ веќе почна јубилејна едиција со прозни и поетски книги што се стожерни за современата македонска книжевност, а се од автори што со своите книжевни дела имаат остварено трага по траекторијата на развојниот пат на првата издавачка куќа во самостојна Македонија. Првата книга што „Матица македонска“ ја објави во …

Објавено ново издание на „Ѓон“ од Драги Михајловски Read More »

„Свадба“ ја освојува Европа


Од регионален хит до европски феномен – филмот „Свадба“ ја започна својата меѓународна турнеја со импресивни резултати кои потврдуваат дека добрата комедија не познава граници. За време на првиот викенд на прикажување во Австрија, Германија и Швајцарија, филмот го видоа повеќе од 100.000 гледачи, што го прави најгледан наслов во Австрија за само три дена …

„Свадба“ ја освојува Европа Read More »

Промоција на книгата раскази „Егосурфер“ од Александар Русјаков


Новата книга на Александар Русјаков, насловена „Егосурфер“, издание на „Арс Ламина“, ќе биде промовирана вечер од 20 часот во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, во рамките на „Денови на литературата“. Книгата е втора збирка раскази на Русјаков, кои се од жанровите научна фантастика, хорор и киберпанк и, како што соопшти издавачот, ги има препознатливите книжевни …

Промоција на книгата раскази „Егосурфер“ од Александар Русјаков Read More »

Политички сенки над Берлинале: Молк, критики и отворено писмо


Берлин – Се почна од изјавата на претседателот на жирито, германскиот режисер Вим Вендерс, на првата прес-конференција дека „уметноста не треба да биде политичка“. Потоа, познатата индиска авторка Арундати Рој (The God of Small Things) се повлече од Берлинскиот филмски фестивал како одговор на коментарите на Вендерс за Газа.   И Мишел Јео (која доби …

Политички сенки над Берлинале: Молк, критики и отворено писмо Read More »

Премиера на играниот филм „Соучесници“


 Во киното „Синеплекс“ вечер од 20 часот премиерно ќе биде прикажан играниот филм „Соучесници“ – копродукција меѓу Србија (Зилион филм), Македонија (Партизанс) и Хрватска (Интер филм). Автор на сценариото е Огњен Обрадовиќ, режисер е Марко Новаковиќ, кинематографер  Бојан Ракиќ.   „Соучесници“ е  психолошка и социјална драма. Раскажува за идиличниот живот на главните ликови кој нагло се …

Премиера на играниот филм „Соучесници“ Read More »

„Глумците пеат“ на 24 и 25 март во МНТ со македонска музика и нови актерски имиња


„Глумците пеат“ на 24 и 25 март повторно ќе го одбележат Светскиот ден на театарот во Македонскиот народен театар, во 20часот. Годинава шоуто е посветено на македонската музика од различни периоди – песни што публиката ги знае, но ќе ги слушне во нова актерска интерпретација. Покрај соло изведби, на сцената ќе има и повеќе дуети …

„Глумците пеат“ на 24 и 25 март во МНТ со македонска музика и нови актерски имиња Read More »

Должни сме да се зафатиме со подлабоко проучување на делото на Георги Сталев Поповски


Георги Сталев Поповски остави белег во сите области на книжевноста – во прозата, поезијата и книжевната критика. Ние сме должни што поскоро да се зафатиме со подлабоко проучување на неговото дело, а Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје и Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) да организираат симпозиум на кој достојно ќе бидат проследени неговите …

Должни сме да се зафатиме со подлабоко проучување на делото на Георги Сталев Поповски Read More »

Јапонска ноќ на Берлинале  – во фокус млади режисери и продуценти


Берлин – Јапонија пристигна на годинешното Берлинале со девет филмови во селекција и ветерот зад себе – „Demon Slayer“ и „Chainsaw Man“ сè уште свежи во книгите со рекорди на бокс-офисот, почестите во Кан се на повидок. Но, на Јапонската ноќ во понеделник, разговорот не беше за минатите успеси или етаблираните автори. Стануваше збор за …

Јапонска ноќ на Берлинале  – во фокус млади режисери и продуценти Read More »

Современи француски филмови и класици во Кинотека


Францускиот институт во Скопје има чест да ве извести и покани на првото издание на месечните „Кино средби” во Кинотека, каде што ќе се прикажуваат современи француски филмови како и големи класици на француската кинематографија. Овие кино средби започнуваат со проекцијата на „Романот за Џим“ (2024), од Арно Ларје и Жан-Мари Ларје, со Карим Леклу, Летиција Дош и …

Современи француски филмови и класици во Кинотека Read More »

Комеморација за Ленче Делова в четврток во Драмски


Драмски театар Скопје ја информира јавноста дека комеморацијата за актерката Ленче Делова ќе се одржи на 19 февруари (четврток) во 10 часот во Драмски. Семејството, роднините, колегите, пријателите и почитувачите достоинствено со збор, сеќавење, фотографија и снимка ќе се потсетат на кариерата на македонската театарска, филмска и телевизиска актерка Ленче Делова. Во 1970 година, се …

Комеморација за Ленче Делова в четврток во Драмски Read More »

Омаж на проф. д-р Георги Сталев Поповски


Омаж на проф. д-р Георги Сталев Поповски, во соорганизација со ИМЛ, ДПМ и Македонскиот ПЕН-центар, ќе се одржи денеска со почеток од 12 часот во салата за седници на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Како што информираа од Деканатот на Филолошкиот факултет, за наставната, научната, творечката и преведувачката дејност на Сталев Поповски ќе говорат …

Омаж на проф. д-р Георги Сталев Поповски Read More »

Во Скопје на 5 март доаѓа најдобриот европски филм


Драмата  „Сентиментална вредност“ (Sentimental Value) на норвешкиот режисер Јоаким Триер, за еден остарен филмски режисер и неговата отуѓена ќерка-актерка, доаѓа во Скопје. На репертоарот на Синеплекс ќе биде од 5 март.  На 38. доделување на Европските филмски награди во Берлин, во јануари, беше прогласен за најдобар европски филм. Освои шест награди. Филмот ги доби наградите …

Во Скопје на 5 март доаѓа најдобриот европски филм Read More »

„(С)обувки“ – прва македонска нема сликовница


Издавачката куќа „Арс Ламина“, преку својот импринт за детска литература „Либи“, ја објавува првата нема сликовница во Македонија – „(С)обувки“. Станува збор за сликовница без зборови што ја раскажува својата приказна исклучиво преку илустрации, оставајќи му целосна слобода на читателот сам да ја досоздаде. По идеја на Оливера Ќорвезироска и со илустрации на Наталија Лукомска, …

„(С)обувки“ – прва македонска нема сликовница Read More »

Македонското глумиште денес се простува од актерката Ленче Делова


Драмски театар jа информира јавноста дека погребот на актерката Ленче Делова е денес на Градските гробишта во Бутел. Семејството, роднините, колегите, пријателите и почитувачите ќе се простат од Ленче Делова од 11 часот во капелата на гробиштата Бутел по што ќе се изврши погребот. Македонската театарска, филмска и телевизиска актерка Ленче Делова е родена на …

Македонското глумиште денес се простува од актерката Ленче Делова Read More »