Почина Никола Глигоров, долгогодишен директор на „Скопско лето“


По кратко боледување почина Никола Глигоров, културен работник и долгогодишен директор на Дирекцијата за култура и уметност Скопје, кој последниве години беше во пензија, соопшти установата. Дирекцијата е организатор на манифестациите Скопско лето, Есенски музички свечености и Матурска парада, кои се одржуваат над 40 години. „Неговата посветеност и придонес во развојот на културниот живот на …

Почина Никола Глигоров, долгогодишен директор на „Скопско лето“ Read More »

Доделени наградите од Меѓународниот фестивал на карикатура и афоризам


Златни плакети за најдобра карикатура и афоризам на 27. Меѓународен фестивал на карикатура и афоризам што се одржува во Струмица, жирито синоќа им додели на словачкиот карикатурист Роман Сика и на афористичарот Александар Чотриќ од Србија. Сребрена плакета за карикатура доби Миро Георгиевски од Македонија, а бронзена плакета македонскиот карикатурист Блаже Докуле. Награда од Струмичкиот …

Доделени наградите од Меѓународниот фестивал на карикатура и афоризам Read More »

„Вечер на романтични балади“ во Битола


НУ Камерен оркестар на Битола свечено ќе ја отвори концертната сезона за 2026 година со концертот „Вечер на романтични балади“, соопштија од организацијата на настанот, што ќе почне во 20 часот во Офицерски дом – Битола. Под диригентската палка на Владимир Димовски, како што е најавено, оркестарот ќе ѝ понуди на публиката внимателно одбрана програма …

„Вечер на романтични балади“ во Битола Read More »

Ова е актерот што ги победи Дикаприо и Шаламе на БАФТА 2026


Лондон– Во најзачудувачкиот момент на доделувањето на филмските награди БАФТА во синоќа, Роберт Арамајо направи изненадување што може веднаш да ја промени неговата кариера и трката за Оскарите следната година. Британскиот актер ја освои наградата за најдобар актер над конкуренцијата во која беа вклучени фаворитите Тимоти Шаламе, заедно со Леонардо Дикаприо и Мајкл Б. Џордан, …

Ова е актерот што ги победи Дикаприо и Шаламе на БАФТА 2026 Read More »

Вилијам и Кејт на црвениот килим на БАФТА среде драмата во кралското семејство


Лондон – Вилијам и Кетрин, принцот и принцезата од Велс заедно се вратија на гала доделувањето на филмските награди БАФТА по три години, среде драмата во кралското семејство. Принцот Вилијам, облечен во бордо кадифено сако и црна вратоврска, и Кетрин (порано позната како Кејт Мидлтон) во розов фустан од Гучи до подот, прошетаа по црвениот …

Вилијам и Кејт на црвениот килим на БАФТА среде драмата во кралското семејство Read More »

Доделени наградите БАФТА 2026: „Една битка по друга“ ја освои вечерта, неочекуван пораз за фаворитот


Филмските награди БАФТА за 2026 година беа доделени во Кралската фестивалска сала во Лондон, а водителот беше Алан Каминг. Апсолутен победник на вечерта беше филмот „Една битка по друга“ на Пол Томас Андерсон, кој освои шест награди, вклучувајќи најдобар филм, најдобар режисер и најдобро адаптирано сценарио. Потоа следуваа „Грешниците“ на Рајан Куглер и „Франкенштајн“ на …

Доделени наградите БАФТА 2026: „Една битка по друга“ ја освои вечерта, неочекуван пораз за фаворитот Read More »

„Жолти писма“ на Илкер Чатак ја освои Златната мечка во Берлин на политички наелектризирана церемонија


Берлин – „Жолти писма“ на германско-турскиот режисер Илкер Чатак ја освои Златната мечка на 76-тото издание на Берлинале. Петтиот филм на Чатак по неговиот номиниран за Оскар „Салонот на наставниците“, драмата „Жолти писма“ сместена во Турција, ги следи животите на актерка и нејзиниот сопруг, професор по драмски уметности, чии животи се распаѓаат кога ќе се …

„Жолти писма“ на Илкер Чатак ја освои Златната мечка во Берлин на политички наелектризирана церемонија Read More »

„(С)обувки“ – сликовница без ниту еден збор што инспирира илјадници приказни


Вистински и измислени луѓе и суштества, боси и наредени во долга редица, одат кај најдобриот чевлар на светот. Во неговиот дуќан има обувки за сите и никој никогаш не останал бос! Некој веднаш ќе ги најде совршените обувки за себе, друг ќе се реши за обувките за кои долго мечтаел, некој – за оние што …

„(С)обувки“ – сликовница без ниту еден збор што инспирира илјадници приказни Read More »

Tрката за наградата „Роман на годината“ за 2025 година ја продолжуваат 22 романа


 Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2025 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав Калина Малеска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Иван Антоновски, Ивана Трајаноска, Иван Шопов и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата), ја направи првата селекција, избирајќи 22 од 46-те пристигнати наслови на …

Tрката за наградата „Роман на годината“ за 2025 година ја продолжуваат 22 романа Read More »

„Матица“ и „Алкалоид“ со донација за првиот македонистички центар на универзитет надвор од Македонија


Денес, на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, во рамките на иницијативата „Подари книга, подари свет“, донација од голем број клучни книги за македонскиот јазик, книжевност, култура и историја тргнува кон Љубљана. „Матица македонска“ од каде што и почна иницијативата за дарување книги и „Алкалоид“, општествено одговорна компанија што прва се приклучи кон иницијативата, заеднички донираат …

„Матица“ и „Алкалоид“ со донација за првиот македонистички центар на универзитет надвор од Македонија Read More »

Промоција на првата македонска нема сликовница – „(С)обувки“ вечерва во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“


Првата нема сликовница во Македонија – „(С)обувки“, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе биде промовирана вечерва (20 февруари), во 19 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, во рамките на „Денови на литературата“. Книгата е реализирана по идеја на Оливера Ќорвезироска и со илустрации на Наталија Лукомска. Покрај авторката …

Промоција на првата македонска нема сликовница – „(С)обувки“ вечерва во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ Read More »

Рисимкин и Битровски гости на Еутопија денс во Италија


На покана на Џилда Цесарио, уметнички директор на “Еутопија” танцова компанијата, проф д-р Рисима Рисимкин и м-р Дејан Битровски деновиве претстојуваат во Таранто, Италија. Во рамки на проектот “AEthos X Lab” Рисимкин работи со компанијата на нова оригинална кореографија, на музиката е на композиторот Тони Китановски, костимите се на Благој Мицевски, а дизајн на светло на Матеа Мијановиќ. Во рамки на …

Рисимкин и Битровски гости на Еутопија денс во Италија Read More »

Претстава „Љубовни писма“ со Игор Ангелов и Верица Недеска


Претставата „Љубовни писма“ (Love Letters) по истомената драма на  американскиот автор Алберт Рамсдел Гарни ќе биде изведена вечер во 20 часот во просторот на „The Dude Specialty Coffee“ во Скопје. Улогите ги толкуваат Игор Ангелов и Верица Недеска. Ангелов е и режисер кој за претставата избира  минималистички пристап. Текстот ја следи кореспонденцијата меѓу двајца луѓе …

Претстава „Љубовни писма“ со Игор Ангелов и Верица Недеска Read More »

Операта „Травијата“ од Верди на сцената на НОБ


 Операта „Травијата“ од Џузепе Верди вечер ќе биде изведена на сцената на Националната опера и балет, во режија на  Верена Штојбер од Германија, под диригентство на гостинот од Италија, Лоренцо Бицари. Во главната улога Виолета Валери ќе настапи Наде Талевска. Благој Нацоски ќе настапи во улогата на Алфред Жермон, Марјан Јованоски – во улогата на …

Операта „Травијата“ од Верди на сцената на НОБ Read More »

Народниот театар Битола со претставата „Црно семе“ гостува во МНТ


Народниот театар Битола со претставата „Црно семе“ вечер од 20 часот ќе гостува на сцената на Македонскиот народен театар. Станува збор за сценска адаптација на истоимениот антологиски роман на Ташко Георгиевски, во режија на Андреј Цветановски. – „Црно семе“ е моќна и емотивна сценска приказна, која го отвора едно од најболните поглавја од македонската колективна …

Народниот театар Битола со претставата „Црно семе“ гостува во МНТ Read More »

Ќе остане запаметена како тивка сила на сцената: Комеморација за Ленче Делова во Драмски


Во присуство на семејството, голем број колеги, пријатели и почитувачи, денеска во Драмскиот театар се одржа комеморацијата за актерката Ленче Делова. Во театрографијата на нејзината матична куќа останува забележено дека Ленче Делова, родена на 15 јуни 1948 година, стана професионална актерка на едвај 16 години. На сцената на театарот прв пат чекори во „Богомилска балада“, …

Ќе остане запаметена како тивка сила на сцената: Комеморација за Ленче Делова во Драмски Read More »

Во битолскиот театар премиера на претставата „Пламенка“


 Актерки и актери на НУ Народен театар, вечер во Битола премиерно ќе ја изведат претставата „Пламенка“ работена според истоимениот роман на Петре Димовски, а во режија на Софија Ристевска Петрушева. Претставата „Пламенка“ е копродукциски проект на НУ Народен театар, НУ Центар за култура и Интимен театар-Битола, чиј тим на сцена го пренесува делото на битолскиот …

Во битолскиот театар премиера на претставата „Пламенка“ Read More »

Изложба „ОСТЕНОВИ УМЕТНИЦИ НА ГОДИНАТА 2025“


Во галерија ОСТЕН денеска напладне ќе биде отворена групната изложба на слики, цртежи и објекти „ОСТЕНОВИ УМЕТНИЦИ НА ГОДИНАТА 2025“. Учесници се: Жанета Вангели, Мице Јанкуловски, Синиша Кашавелски, Блаже Крстаноски Блажески, Свето Манев, Миро Масин, Ристо Мијакоски, Томе Мишев, Данчо Ордев, Станко Павлески, Ирена Паскали, Симонида Филиповска Китановска, Роберт Цветковски и Ана Трајковска. -Изложбата е …

Изложба „ОСТЕНОВИ УМЕТНИЦИ НА ГОДИНАТА 2025“ Read More »

Почнуваат првите месечни „Кино средби” што ги организира Францускиот институт во Скопје


Со проекција на филмот „Романот за Џим“ (2024) од Арно Ларје и Жан-Мари Ларје, вечер во Кинотека почнува првото издание на месечните „Кино средби” што ги организира Францускиот институт во Скопје. На средбите ќе се прикажуваат современи француски филмови и класици на француската кинематографија. „Романот за Џим“ со Карим Леклу, Летиција Дош и Сара Жиродо, …

Почнуваат првите месечни „Кино средби” што ги организира Францускиот институт во Скопје Read More »

Комедијата „Кец на десетка“ ќе одбележи јубилеј – 100-та изведба


Една од најгледаните претстави на камерната сцена на Македонскиот народен театар (МНТ), комедијата „Кец на десетка“, вечер, во 20 часот, ќе одбележи јубилеј – 100-та изведба.   -Девет години по премиерната изведба, претставата и понатаму живее со ист интензитет и сценски ритам, освојувајќи ја публиката одново. Во изминатите години, со безрезервна актерска енергија и посветеност …

Комедијата „Кец на десетка“ ќе одбележи јубилеј – 100-та изведба Read More »