Сузан Сарандон вели дека холивудските улоги престанале откако „проговорила за Газа“


Барселона – Добитничката на Оскар, актерката Сузан Сарандон, е во Шпанија овој викенд за да ја прими наградата за кариерно достигнување на 40-тото доделување на наградите Гоја. Зборувајќи на прес-конференција во Барселона , одликуваната ѕвезда зборуваше за нејзината поддршка за Палестина – кауза блиска до срцето на шпанската влада – и неодамнешните предизвици во кариерата, …

Сузан Сарандон вели дека холивудските улоги престанале откако „проговорила за Газа“ Read More »

Битолскиот театар премиерно ќе ја изведе претставата „Пинокио“


Ансамблот на НУ Народен театар Битола вечер премиерно ќе ја изведе претставата за деца „Пинокио“ од Карло Колоди, во режија на Деан Дамјановски. Насловниот лик ќе го игра актерот Никола Стефанов.  Новиот проект на битолскиот театар се поставува на матичната сцена по пауза од 30 години. Во 1996 година во Битола првпат се играше „Пинокио“, …

Битолскиот театар премиерно ќе ја изведе претставата „Пинокио“ Read More »

Монодрамата „Последниот час на Његош“ на сцената во МНТ


Монодрамата „Последниот час на Његош“, со актерот Слободан Маруновиќ, првенец на Црногорското народно позориште, вечер во 20 часот гостува на сцената во Македонскиот народен театар. По текст на Слободан Томовиќ и во режија на Благоја Ераковиќ, монодрамата во која ликот на Петар II Петровиќ Његош, ја игра Маруновиќ, досега е изведена повеќе од 1.500 пати …

Монодрамата „Последниот час на Његош“ на сцената во МНТ Read More »

Драмски театар годинава со шест премиери, обезбеден буџет од 6.720.000 денари


Со Годишната програма за работа НУ Драмски театар  во продукцијата планира шест претстави за кои е обезбеден буџет од 6.720.000 денари. Средствата ќе бидат распределени крајно избалансирано и одговорно, во согласност со неопходните естетски критериуми што мора да соодветствуваат на нивото и реномето на Драмски театар, наведува оваа национална установа во соопштение, кое МИА го …

Драмски театар годинава со шест премиери, обезбеден буџет од 6.720.000 денари Read More »

Промоција на монографијата „70 години македонски филмски плакат 1952 – 2022“ во Кинотека


 Во Кинотеката на Македонија вечер ќе биде промовирана публикацијата „70 години македонски филмски плакат 1952 – 2022“. Монографијата опфаќа богата збирка од највпечатливите и најистакнатите плакати креирани во периодот од 1952 до 2022 година, како визуелна хроника на македонската филмска уметност, дизајн и естетика. -Овој ексклузивен настан претставува значаен културен момент во одбележувањето седум децении …

Промоција на монографијата „70 години македонски филмски плакат 1952 – 2022“ во Кинотека Read More »

Балетот „Жизел“ на сцената на Македонската опера и балет


На сцената на Македонската опера и балет вечер ќе биде изведен балетот „Жизел“ од Адолф Адам. Диригент е Едуард Амбарцумјан (Ерменија), а кореографијата е по Жан Корали, Жил Перо, Мариус Петипа и Леонид Лавровски, во адаптација на Ирена Пасариќ (Хрватска). Во насловната улога – Жизел настапува примабалерината Марија Кичевска Шокаровска, во улогата на Алберт – …

Балетот „Жизел“ на сцената на Македонската опера и балет Read More »

„Македонската граматика“ од Круме Кепески – осум децении подоцна, ние не се навраќаме само на една книга


Осумдесет години од излегувањето на „Македонската граматика“ од Круме Кепески беа одбележани денеска со свечен час на Катедрата за македонски јазик при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Деканот, проф. д-р Владимир Мартиновски, појасни дека настанот е во рамките на чествувањето на јубилејот 80 години од основањето на Филолошкиот …

„Македонската граматика“ од Круме Кепески – осум децении подоцна, ние не се навраќаме само на една книга Read More »

„Нов бран“ на Ричард Линклејтер води во номинации за „Цезар“ 2026


Париз – Во салата „Олимпија“ вечерва ќе се одржи доделувањето на наградите „Цезар“ за врвни достигнувања во француската кинематографија за изминатата година. Во тој поглед, и покрај 10-те номинации за филмот „Нов бран“ (Nouvelle Vague) на американскиот режисер Ричард Линклејтер, добитниците на „Цезар“, се чини, годинава се непредвидливи –  особено поради „нејасниот успех во домашните …

„Нов бран“ на Ричард Линклејтер води во номинации за „Цезар“ 2026 Read More »

Конкурсот за книжевната награда „Пегаз“ за 2026 година ќе трае до 1 јуни


Осмиот конкурс за наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 2026 година е отворен и трае до 1 јуни 2026 година. Добитникот на наградата, востановена од издавачката куќа „Арс Ламина“ во соработка со Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, ќе биде прогласен на 2 септември оваа година. За наградата „Пегаз“ можат …

Конкурсот за книжевната награда „Пегаз“ за 2026 година ќе трае до 1 јуни Read More »

Режисерот Парк Чан-вук ќе претседава со жирито на Канскиот филмски фестивал


Кан – Режисерот Парк Чан-вук од Јужна Кореја е именуван за претседател на жирито на годинешниот 79.Филмски фестивал во Кан, објавија денеска организаторите. Жирито ќе одлучува за „Златната палма“, главната награда на меѓународниот фестивал, што треба да се додели на 23 мај. Парк (62) претходно освои неколку награди на престижниот француски фестивал, и ќе биде …

Режисерот Парк Чан-вук ќе претседава со жирито на Канскиот филмски фестивал Read More »

Од „Павилјон“ до „Сентиментална вредност“ – мартовска програма во Кинотека


Во месец март 2026 година, Кинотека на Македонија ја обликува својата програма како промислен и концептуално заокружен циклус на проекции посветени на современите регионални продукции и нивните дијалози со пошироките европски и светски филмски традиции. Оваа селекција не е само репертоар на актуелни остварувања, туку куриран простор за критичко преиспитување на авторскиот филм, неговата општествена …

Од „Павилјон“ до „Сентиментална вредност“ – мартовска програма во Кинотека Read More »

Изложба „Зимски салон 2026“


„Зимски салон 2026“, изложба во организација на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ), вечер ќе биде отворена во Националната галерија, објект „Мала станица“. Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам како Национален проект за 2026 година. Концептот на изложбата и изборот на делата се курирани од словенечката ликовна критичарка со меѓународна значајна …

Изложба „Зимски салон 2026“ Read More »

За иднината на Берлинале ќе се одлучува на состанок на германската влада


Берлин –По завршувањето на 76-от Берлински филмски фестивал, кој беше засенет од контроверзиите што произлегоа од инсистирањето на претседателот на меѓународното жири, Вим Вендерс, филмските работници да „се држат подалеку од политиката“, закажан е посебен состанок за да се утврди иднината на фестивалот. Ќе го води Надзорниот одбор на KBB (Kulturveranstaltungen des Bundes in Berlin), …

За иднината на Берлинале ќе се одлучува на состанок на германската влада Read More »

Кичево е Град на културата за 2026 година


Денес го означуваме почетокот на културната мисија на Кичево како Град на културата за 2026 година. Ова не е само титула, туку е признание за културната зрелост, истрајноста и творечката енергија што овој град ги носи со децении, рече министерот за култура и туризам Зоран Љутков на свеченоста која се одржа во салата на советот …

Кичево е Град на културата за 2026 година Read More »

Осмомартовски концерт на „Охридско лето“: Патување низ различни музички светови со гитаристот Дејан Милевски


По повод 8. Mарт, Денот на жената, во организација на НУ „Охридско лето“ ќе се одржи свечен осмомартовски концерт  со настап на гитаристот Дејан Милевски. Концертот, кој ќе се одржи на 7. март во црквата „Света Софија“ во Охрид од 20 часот, ќе понуди богата стилска палета, од барокна елеганција, преку романтична лирика, до шпански …

Осмомартовски концерт на „Охридско лето“: Патување низ различни музички светови со гитаристот Дејан Милевски Read More »

Концерт со Чајковски и Прокофјев и врвниот пијанист Алим Беисембајев во Филхармонија


Оркестарот на Македонската филхармонија в четврток со почеток во 20 часот ќе го одржи симфонискиот концерт насловен „Нови хоризонти“ на кој како солист ќе настапи Алим Беисембајев од Казахстан, еден од најдобрите млади пијанисти во моментов на светската музичка сцена. Диригент е маестро Емил Табаков, а на програмата се Концерт за пијано и оркестар бр. …

Концерт со Чајковски и Прокофјев и врвниот пијанист Алим Беисембајев во Филхармонија Read More »

„Млади за Млади“ – концерт на Александар Ицковски (виолончело) и Давид Павиќ (пијано)


Музичка младина на Македонија ја започнува овогодишната концертна активност од циклусот „Млади за Млади“, дел од програмата „Млад музички албум“, со концерт што ќе се одржи вечер во 20:00 часот, во Салон 19:19 при Културно-информативниот центар во Скопје. Влезот е слободен. На концертот ќе настапат младиот виолончелист Александар Ицковски и пијанистот Давид Павиќ, кои ќе …

„Млади за Млади“ – концерт на Александар Ицковски (виолончело) и Давид Павиќ (пијано) Read More »

Член на жири на БАФТА поднесе оставка поради расистичка навреда на церемонијата на  награди


Лондон – Членот на жирито на БАФТА, Џонте Ричардсон, поднесе оставка поради начинот на кој организацијата го реши инцидентот на доделувањето на наградите во недела, каде што активист со Туретов синдром извика расистичка навреда. Наградуваниот писател, режисер и продуцент одлучи да се повлече од жирито за таленти во подем на БАФТА по инцидентот во лондонската …

Член на жири на БАФТА поднесе оставка поради расистичка навреда на церемонијата на  награди Read More »

„Тоска“, „Мадам Батерфлај“ и „Оревокршачка“ на мартовскиот репертоар на НОБ


Оперите „Тоска“ и „Мадам Батерфлај“ од италијанскиот композитор Џакомо Пучини и балетот „Оревокршачка“ од Петар Илич Чајковски се на мартовскиот репертоар на Националната опера и балет. – Во свет каде вистинските културни доживувања стануваат сè поретки, со особена чест ве покануваме да го доживеете март во МОБ — месец посветен на уметноста, традицијата и извонредноста. …

„Тоска“, „Мадам Батерфлај“ и „Оревокршачка“ на мартовскиот репертоар на НОБ Read More »

Промоција на монографија за балетанот Антон (Тони) Баталаковски на 3 март во НОБ


  На 3 март 2026 година (вторник), во 19 часот, во фоајето на Националната опера и балет ќе се одржи промоција на монографијата „Мојот пат“, посветена на животот и професионалниот опус на Антон (Тони) Баталаковски – еден од позначајните личности во историјата на македонскиот балет. Автори на монографијата се др. Соња Здравкова-Џепароска и др. Александар …

Промоција на монографија за балетанот Антон (Тони) Баталаковски на 3 март во НОБ Read More »