Комеморација за Ленче Делова в четврток во Драмски


Драмски театар Скопје ја информира јавноста дека комеморацијата за актерката Ленче Делова ќе се одржи на 19 февруари (четврток) во 10 часот во Драмски. Семејството, роднините, колегите, пријателите и почитувачите достоинствено со збор, сеќавење, фотографија и снимка ќе се потсетат на кариерата на македонската театарска, филмска и телевизиска актерка Ленче Делова. Во 1970 година, се […]

Омаж на проф. д-р Георги Сталев Поповски


Омаж на проф. д-р Георги Сталев Поповски, во соорганизација со ИМЛ, ДПМ и Македонскиот ПЕН-центар, ќе се одржи денеска со почеток од 12 часот во салата за седници на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Како што информираа од Деканатот на Филолошкиот факултет, за наставната, научната, творечката и преведувачката дејност на Сталев Поповски ќе говорат […]

Во Скопје на 5 март доаѓа најдобриот европски филм


Драмата  „Сентиментална вредност“ (Sentimental Value) на норвешкиот режисер Јоаким Триер, за еден остарен филмски режисер и неговата отуѓена ќерка-актерка, доаѓа во Скопје. На репертоарот на Синеплекс ќе биде од 5 март.  На 38. доделување на Европските филмски награди во Берлин, во јануари, беше прогласен за најдобар европски филм. Освои шест награди. Филмот ги доби наградите […]

„(С)обувки“ – прва македонска нема сликовница


Издавачката куќа „Арс Ламина“, преку својот импринт за детска литература „Либи“, ја објавува првата нема сликовница во Македонија – „(С)обувки“. Станува збор за сликовница без зборови што ја раскажува својата приказна исклучиво преку илустрации, оставајќи му целосна слобода на читателот сам да ја досоздаде. По идеја на Оливера Ќорвезироска и со илустрации на Наталија Лукомска, […]

Македонското глумиште денес се простува од актерката Ленче Делова


Драмски театар jа информира јавноста дека погребот на актерката Ленче Делова е денес на Градските гробишта во Бутел. Семејството, роднините, колегите, пријателите и почитувачите ќе се простат од Ленче Делова од 11 часот во капелата на гробиштата Бутел по што ќе се изврши погребот. Македонската театарска, филмска и телевизиска актерка Ленче Делова е родена на […]

Арундати Рој, добитничка на Букер, се повлекува од Берлинале поради коментарите на Вим Вендерс за Газа


Берлин – Познатата индиска авторка Арундати Рој (The God of Small Things) се  повлекува од Берлинскиот филмски фестивал како одговор на коментарите на претседателот на жирито на Берлинале, Вим Вендерс, дека „уметноста не треба да биде политичка“. Славниот германскиот режисер ги даде коментарите на прес-конференцијата на жирито во четврток, како одговор на прашање за тековниот […]

На 77 години почина актерката Ленче Делова


Почина театарската, филмска и телевизиска глумица Ленче Делова, соопшти Драмски театар, нејзината матична куќа. Имаше 77 години. Родена е на 15 јуни 1948 во Скопје. На сцената на Драмски е настапувала од 1964 како актерка-аматерка, а во 1970 стана членка на ансамблот каде играше сè до пензионирањето во 2013.   Делова играше во 60-тина претстави […]

Веродостојноста е најважна во трилерите: Интервју со писателот Анде Јанков


  Анде Јанков е писател на трилер романи од Велес, кој годинава слави јубилеј – 10 години од првиот роман. Низ годините пишува кратки раскази, за таа негова креативност во пишаниот збор, пред десет години да премине во рома.  Среќни околности го доведуваат до наградата „Романијада“, со наеговиот деби-роман „Едно лето на Крит“, за подоцнежните […]

Трајната љубовна врска на Изабел Ипер со Берлинaле


Берлин – Во кариерата на француската актерска икона Изабел Ипер, која се протега низ 50 години и повеќе од 120 филмови, невозможно е да се повлече линија. Ако постои врска помеѓу нејзините ликови – потиснатиот професор по музика од „Учителката по пијано“ (2001), преживеаната од силување од „Ел“ (2016), возбудената мајка-настојничка во „Калуѓерката“ (2013) или […]

Галеријата „Остен“ ги објави „Остеновите уметници“ за 2025 година


Галеријата „Остен“ од Скопје ги објави „Остеновите уметници“ за 2025 година, најавувајќи групна изложба на слики, цртежи и објекти. Изложбата ќе содржи уметнички дела од 14 македонски артисти. „Остенови уметници за 2025 година“ се Жанета Вангели, Мице Јанкуловски, Синиша Кашавелски, Блаже Крстаноски Блажески, Свето Манев, Миро Масин, Ристо Мијакоски, Томе Мишев, Данчо Ордев, Станко Павлески, […]

Ќорвезироска, Цветкоски, Шелева, Корнети и Селмани ги примија годишните награди на ДПМ за 2025


Годинашните лауреати Ќорвезироска, Цветкоски, Шелева, Корнети и Селмани денеска ги примија годишните награди на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) – „Стале Попов“, „Ацо Шопов“, „Димитар Митрев“, „Ванчо Николески“ и „Мост“ за 2025. Со врачувањето на наградите беа одбележани и 79 години од основањето на писателската асоцијација.  На конкурсот на ДПМ за петте годишни награди […]

Мишел Јео ја прими почесната Златна мечка на Берлинале


Берлин – Берлинскиот филмски фестивал во 2026 година официјално е во тек со светската премиера на филмот „Нема добри луѓе“ на Шахрбану Садат, кој го возбуди Берлинскиот палата. На авганистанската режисерка и ѕвезда Садат ѝ се придружија нејзините колеги од екипата Анвар Хашими, Лиам Хусаини, Јасин Нега и Торкан Омари на црвениот тепих, додека студеното […]

Документарецот „Приказна за Силјан” прикажан во 15-ина градови во Македонија


Продукцијата „Кино Балкан” соопшти дека  во изминатиот период дистрибуира македонски и филмови од регионот, меѓу нив и  документарниот „Приказна за Силјан” на режисерката Тамара Котевска, кој е прикажан во повеќе од 15 градови во Македонија. -Филмот урива рекорди, како по број на гледачи така и по број на локации каде што е прикажан. Она што […]

Агенцијата за филм со штанд и светска премиера на македонски филм на Берлинале


Агенцијата за филм и годинава учествува на Европскиот филмски маркет (EFM), што се одржува од 12 до 18 февруари во рамки на Интернационалниот филмски фестивал во Берлин – Берлинале. Претставувањето ќе биде преку промотивен штанд поставен во музејот „Гропиус Бау“, централната локација на индустрискиот сегмент од фестивалот. Македонската делегација на маркетот ќе ги претстави најновите […]

Во ДПМ ќе бидат врачени традиционалните годишни награди за 2025


Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) денеска напладне ќе им ги врачи наградите на добитниците чии дела се избрани за најдобри во 2025 годдина, според одлуките на жири-комисиите за секоја од петте годишни награди што ги доделува писателската асоцијација. Како што ДПМ соопшти пред два дена, Оливера Ќорвезироска ја доби наградата „Стале Попов“ за најдобро […]

Стихозбирката „Со една четка два зајака“ на Владимир Мартиновски е поетски и симболички каталог на животните  


Инспириран од светот на животните и нивната сеприсутност во светската и домашната литература и уметност, сестраниот уметник и книжевник Владимир Мартиновски го создал автентичниот поетски бестијариум „Со една четка два зајака“. Книгата, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, беше промовирана синоќа во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, во рамките на […]

Вим Вендерс го вжешти Берлинале уште на првата прес-конференција


Берлин – „Ние сме противтежа на политиката, спротивност на политиката, мора да ја работиме работата на луѓето – а не на политичарите“, рече легендарниот германски режисер  Вим Вендерс на првата прес-конференција како претседател на жирито на Берлинскиот филмски фестивал, најстар и еден од најдобрите  во светот покрај Кан и Венеција.  На режисерот од Париз, Тексас, […]

„Берлинале“ се отвара со филм за авганистанска снимателка која пребегала во Германија


Берлин – Денеска почнува 76. Меѓународен филмски фестивал во Берлин, на којшто германскиот режисер Вим Вендерс ќе го предводи жирито на 10-дневниот настан. Филмот што ќе го отвори фестивалот е драмата „Kabul Jan“ („Сакан Кабул“ / „Нема добри луѓе“), за снимателка што работи во Авганистан. Приказната е заснована на вистинската животна драма на режисерката Шахрбану […]

Tијана Дапчевиќ ќе гостува со стендап комедијата „Менопауза“ на 19 април во Филхармонија


Tијана Дапчевиќ ќе гостува во Скопје на 19 април со стендап комедијата „Менопауза“, во Филхармонија од 20 часот. Македонската музичарка и актерка која долги години живее во Белград вели дека претставата е гласна, искрена и духовита приказна за темите за кои жените најчесто шепотат, а сега конечно се зборуваат без срам и со многу смеа. […]

„Охридско лето“ со меѓународна награда од Истанбул


Националната установа „Охридско лето“ е добитник на престижната меѓународна награда „Да за уметноста“ на 11. издание на Интернационалниот театарски фестивал во Истанбул, Република Турција како признание за високо-квалитетната програма на 65. издание на оваа најзначајна музичко-сценска манифестација. Со оваа награда „Охридско лето“ уште еднаш ја оправда својата репутација како центар на врвната уметност, со програма […]