Објавен видео запис „Воскресение во Бигорски манастир“


Во пресрет на Празникот над празниците, Воскресението Христово Велигден познатото македонско древно светилиште „Свети Јован Крстител“, објави видео запис „Воскресение во Бигорски манастир“. Бигорски манастир е божјиот храм во Македонија каде по првпат пред 11 години беше донесен Благодатниот оган. Пасхалната богослужба започнува со разгорувањето на кандилата и свеќите со Благодатниот оган и со трикратно […]

Во Дебар Маало засадено дрво во чест на Горан Стефановски


Со засадување чинар и прикажување негови фотографии, интервјуа, предавања, во паркчето спроти Наџак / Идадија во неговото омилено Дебар Маало денеска на денот на неговиот родненден му беше одадена почит на еден од најголемите македонски драмски автори Горан Стефановски. Во присуство на неговото семејство и братот, гитаристот Влатко Стефановски, како и бројни пријатели, колеги, почитувачи, […]

Распишани конкурси за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“


Министерството за култура денеска соопшти дека се распишани конкурси за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“ за годинава. Конкурсите ќе бидат отворени од 1 до 31 мај 2019 година. Конкурсите се објавени и на веб–страницата на Министерството за култура. Со државната награда „11 Октомври“ се оддава највисоко признание за животно дело во областа на […]

Прослава на животот на Горан Стефановски


Во чест на Горан Стефановски, на денот на  неговото раѓање, 27 април, в сабота напладне во паркчето спроти ресторанот „Наџак“ (Идадија) во Дебар Маало ќе биде  засадено дрво, ќе бидат прикажани негови фотографии, интервјуа, предавања, ќе се слуша неговата најомилена музика, а сите што сакаат ќе може на „отворен микрофон“ да кажат некоја приказна или […]

(+18) МНТ ја подготвува „Тик-так“ во режија на Синиша Евтимов


Во Македонскиот народен театар во тек се подготовките на современата комедија „Тик-так“ во режија на Синиша Евтимов, која премиерно ќе биде изведена на 16 мај на малата сцена на МНТ. Претставата се поставува по мотиви на филмот „TOC TOC (Trastorno Obsesivo Compulsivo т.е. на шпански: Опсесивно-компулсивно нарушување)“ на францускиот писател Лорен Бафи и шпанскиот режисер […]

Министерот Адеми на отворање на Неделата на турски филм


Со проекцијата на филмот „Балкајмак“, кој е снимен во Македонија, вечерва во новиот комплекс на Меѓународниот балкански универзитет во Скопје, во 19 часот ќе биде отворена неделата на турски филм. По проекцијата, публиката ќе може да дебатира со дел од екипата на филмот. „Балкајмак“ ќе биде прикажан и следниот ден во киното „Милениум“ во 18 […]

Балетската претстава „Шехерезада“ во МОБ


Националната опера и балет вечер од 20 часот ќе ја изведе балетската претстава „Шехерезада“ на музика од Николај Римски Корсаков. Кореограф на „Шехерезада“ во МОБ е Михаил Крапивин од Москва, сценограф е Марија Ветероска, а костимите ги изработи Маја Бурсаќ од Србија. – Мистична, елегантна и егзотична. Балетската претстава  работена по мотиви на приказните од „Илјада […]

Ретроспективна изложба на дела од Костадин Танчев-Динка: Живеам за уметноста


Околу 90 дела ќе бидат изложени на ретроспективната изложба на познатиот графичар Костадин Танчев-Динка. Во неговиот богат творечки опус се содржат дела од областа на графичката уметност, сликарството и графичкиот дизајн. Изложбата ќе биде отворена вечерва во просториите на Даут Пашин Амам во 20:30 часот, а кустоси на изложбата се Маја Неделкоска-Брзанова, Маја Чанкуловска-Михајлоска и […]

„Семејни приказни“ во режија на Милош Б. Андоновски во прилепски театар


Ансамблот на прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ ги почна подготовките за претставата „Семејни приказни“ во режија на Милош Б. Андоновски. Сценографијата е на Наташа Вчкова, костимите се на Марта Дуфне Јосифовска, а во претставата играат: Јасмина Мицовска Станкоска, Илија Волчески, Катерина Чакмакоска Клинческа и Димитар Црцороски. Во текстот на српската драмска авторка Биљана Србљановиќ станува збор […]

„Кога заминав од Карл Либкнехт“ – нова книга на Лидија Димковска


Наградуваната писателка Лидија Димковска напиша нова книга насловена  „Кога заминав од Карл Либкнехт“ во издание на „Или-или“, кои соопштија дека се работи за одлична збрика со раскази замислена како 27 исповеди на луѓе од различни страни на светот чиј живот на некој начин бил поврзан со името на Карл Либкнехт, поточно со адресата врзана со […]

Танцова претстава од Кина за затворањето на 15. „Танц фест“


Со гостување на танцов ансамбл од Ханџо, Кина, вечер завршува 15. „Танц фест“. Учествуваат петнаесет млади танчари од Кина кои од 20 часот на сцената на Македонскиот народен театар ќе ја изведат претставата „Секвенци – минато / сегашност / иднина“. Кореограф на претставата е Рисима Рисимкин, музиката  е на Тони Китановски, а костимите ги изработи […]

Важно е чувството што книгата ќе ти го донесе во срцето


Светскиот ден на книгата и авторското право на 23 април ќе се одбележи во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје. По повод овој ден порака испрати генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле. „Книгите овозможуваат да се соедини човештвото во една фамилија споделувајќи го минатото, историјата и културното наследство, со цел да се […]

Концерт на „Трио џентлмен“ во КИЦ во Софија


„Трио џентлмен“ составено од тројца оперски пејачи – тенорите Дејан Стоев и Јане Дунимаглоски и баритонот Кристијан Антовски ќе одржат концерт „За дамата“ вечер од 18.30 часот во Културно-информативниот центар на РСМ во Софија. Ќе бидат изведени македониски композиции, евергрини, македосни народни песни и италијански канцони, аранжирани за триото. Композициите ќе бидат изведени во придружба […]

Концерт на камерниот оркестар „Солисти на ФМУ“


Камерниот оркестар „Солисти на ФМУ“ под диригентско водство на Борјан Цанев вечер ќе одржи концерт во зградата на Филхармонијата. На програмата се дела од Моцарт, Блох, Пјацола, Вилијамс (оркестрација Борјан Цанев), Елгар и Бритн. Како солисти ќе настапат студентите Илза Бафтијари – виола и виолинистите Ени Вучидолова, Андреј Ѓорѓевски, Диана Мирчевска и Марија Јанчулеска. Камерниот […]

ОФФ-Фест 2019: 9 настапи, три локации и еден документарен филм


Традиционалниот ОФФ-Фест, што годинава ќе се одржи (во рекордни шест дена) од 3 до 8 јуни, е сочинет од 9 настапи и еден документарен филм. Осумнаесеттото издание на фестивалот ќе го отвори, на 3 јуни во МОБ, виртуозниот дует на велшката харфистка Catrin Finch и сенегалскиот кора-мастер Seckou Keita, како и нашиот њујорчанец Крсте Роџевски, […]

Светскиот ден на книгата и авторското право се одбележува во Битола


Универзитетската библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола според востановената традиција го одбележува Светскиот ден на книгата и авторското право. Програмските активности ќе се одвиваат три дена, а почнуваат со манифестацијата „Книги кои гледаат“ посветена на лица со целосно или делуно оштетен вид, за кои во библиотеката ќе биде читана поезија. – Светскиот ден на книгата и […]

Кан 2019: Ален Делон ќе ја добие почесната  ,,Златна палма”


Франција– Француската актерска легенда Ален Делон (83) , ѕвездата на филмовите „Роко и неговите браќа“, „Самурај“, „Гепард“ и „Господин Клајн“, е добитник на почесната „Златна палма“ на годинешниот Кански фестивал, што ќе се одржи 14 до 25 мај. – Станува збор за жива легенда, за глобална икона, изјави директорот на Канскиот фестивал, Тери Фремо, соопштувајќи […]

Рецитал на Ева Богоевска и Маја Стојановска во Лисабон


Виолинистката Ева Богоевска и пијанистката Маја Стојановска денеска ќе настапат во Лисабон во концертната сала на палатата „Фоз“, каде што ќе изведат дела од Моцарт, Бетовен, Шопен и Дебиси. Богоевска е студент на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. Олег Кондратенко. Досега имаше успешни настапи во Виетнам, Малезија, во театарот „Марчело“ […]

Полански ја тужи Американската Академија за филмски уметности и науки


САД– Француско-полскиот режисер Роман Полански поднесе тужба против Академијата која ги доделува престижните Оскари затоа што бил исклучен од институцијата пред една година во екот на движењето #И Јас (Me Too). Американската Академија за филмски уметности и науки на 3 мај 2018 година соопшти дека Полански и Била Козби ги исклучува од членството затоа што […]

Игор Јосифов за првпат ќе го изложи заробеното дело за Нелсон Мандела во Венеција


Заробеното дело за Нелсон Мандела изработено од македонскиот уметник Игор Јосифов првпат ќе биде изложено во јавноста Палацо Мора, во рамките на „Лични структури“ на Венециското биенале на уметноста. Станува збор за дело кое Јосифов го создаде во Северна Калифорнија во 2013 година, а подоцна беше испратено во Париз каде што требаше да биде изложено […]