Најран датум во историјата: Оскарите во 2020 на 9 февруари


САД-Aмериканската телевизиска куќа ABC и Академијата за филмски уметности и наука синоќа ги објавија датумите за одржување на Оскарите во 2020 и 2021 година. Помеѓу најавите беше споменато и дека доделувањето на Оскари во 2022 година ќе се префрли на крајот од февруари. Поточно, 92-то доделување на Оскари ќе се одржи на 9 февруари 2020 […]

„Пиреј“ на Прилепскиот театар на програмата на „Војдан Чернодрински“


На програмата на шестиот ден од Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ што се одржува во Прилеп се промоција на театарска литература и уште една претстава во конкуренцијата за наградите. Промоцијата на театарска литература е во 11 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“, а од 19.30 часот на сцената на матичниот театар, домаќинот, ансамблот на […]

Единаесет млади музичари ќе настапат на 7. „Виолинфест“


Единаесет млади виолинисти од Северна Македонија, Србија и Косово, придружувани од пијанистката Марија Вршкова, ќе настапат на седмиот концерт на млади виолинисти „Виолин фест“ кој вечер од 20 часот ќе се одржи во камерната сала на Филхармонија. Целта на организирањето на концертот е  да им се овозможи на младите виолинисти да музицираат надвор од обврските […]

„Инклузија, не ексклузија“ – изложба на 13. Скопје постер фестивал


Во Младинскиот културен центар на 17 јуни ќе биде отворен 13. Скопје постер фестивал на кој ќе бидат претставени делата од 13-тиот конкурс за студентски плакат. Годинава тема на меѓународниот конкурс беше „Инклузија, не ексклузија“ со цел да се подигне свеста за вклученост на најранливите групи во општеството. – Студентите преку своите дела изразија цврст […]

Филхармонија со концерти на отворено: „Ну Погоди!“ и „Љубов и револуција“ на 23 и 29 јуни


И годинава, следејќи ја традицијата, на крајот од сезоната Филхармонија излегува надвор од институцијата, надвор од стандардната концертна практика. На 23 и на 29 јуни, Филхармонија ќе реализира два концерти под заеднички наслов „Филхармонија на отворено“ во Градскиот парк  во 21 часот, а во соработка со Младинскиот културен центар и Град Скопје. Првиот концерт ќе […]

Горан Таневски од „Мизар“ со концерт слави 35 години кариера


Легендарниот фронтмен на „Мизар“, Горан Таневски, утре ќе одржи концерт во Младински културен центар во Скопје, што го најави како одбележување на 35 години присуство на музичката сцена. Тој ќе настапи како дел од проект што го носи името „Мизар – друго откровение“ Таневски, по повод јубилејот,  издава и три нови албуми со кои ќе […]

Почесното Рациново признание за Милан Јазбец – мост меѓу културите на двете пријателски земји


Високото признание за афирмација на македонската литература и култура во светот – Почесното Рациново признание за 2019 година на годинашните 56. Рацинови средби во Велес, Организацискиот одбор на средбите одлучи да му го врачи на проф. д-р Милан Јазбец, кој ја извршува и функцијата амбасадор на Република Словенија во нашата земја. Професоре Јазбец, што значи […]

„Музиката денес“ – работилница на „Охридско лето“


 „Охридско лето“ , вечер од  18.30 часот во црквата „Св. Софија’ во Охрид ќе организира работилница на тема „Музиката денес“, на која предавач е музичарот Џијан Емин. Како што соопшти дирекцијата на фестивалот, ќе се зборува за различните перцепции на музиката, начинот на кој се создавала низ историјата и како се восприемала, како денес се […]

Композиторката на музиката од „Гладијатор“ доаѓа во Скопје


Вокалистката и музичар Лиса Герард, наградена со „Златен глобус“ за музиката во филмот „Гладијатор“ и нејзиниот последен проект на кој соработува со уникатниот женскиот хор од соседна Бугарија The Mystery Of The Bulgarian Voices, доаѓаат во Скопје. Концертот на Lisa Gerrard & The Mystery Of The Bulgarian Voices е во организација на Младинскиот културен центар, […]

„Петрунија“ на седум фестивали во јуни


Филмот “Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска продолжува да го освојува светот. Проследен со одлични критики и оцени од публиката во Франција, филмот досега го видоа 32,000 луѓе и Петрунија влегува во неверојатна седма недела на дистрибуција  и ќе се прикажува во 56 кино сали. Во текот на летните месеци промоцијата […]

МНТ со „Галеб“ на фестивал во Бугарија


Македонскиот народен театар со претставата „Галеб“ од А.П. Чехов, во режија на Нина Николиќ, ќе гостува на 27. издание на Интернационалниот театарски фестивал „Варненско лето“ во Варна на 11 јуни и на 13. издание на платформата „Светскиот театар во Софија“ на 13 јуни во Софија, Бугарија. Гостувањето на македонската претстава се реализира на покана на […]

Од ДПМ иницираат  обновување на Книжевна младина


Членови на Друштвото на писателите покренале иницијатива до Агенцијата за млади и спорт  за обновување на поранешната Книжевна младина на Македонија, од каде што ДПМ во иднина ќе ги добива своите членови. Иницијативата ја покренал писателот Христо Петрески заедно со професорките од Филолошкиот факултет во Скопје, Кристина Николовска и Весна Мојсова-Чепишевска. Петрески рече дека младите […]

За првата книжевна награда „Пегаз“ пристигнати 77 ракописи


Седумдесет и седум ракописи пристигнале на Конкурсот за новата книжевна награда за најдобар необјавен роман на годината „Пегаз“, распишан од издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Пристигнатите ракописи ќе ги оценува тричлено жири, во состав: Димитар Башевски (писател, издавач), Иван Шопов (писател) и Бисера Бендевска (уредничка […]

„Бушава азбука“ доби дигитална верзија


Генерации деца израснаа со неповторливата „Бушава азбука“. Серијата од 1985 година на режисерот Слободан Унковски и драматургот Горан Стефановски, во продукција на Македонската радио телевизија (МРТ), беше насочена кон детското образование и запознавање со македонската книжевност, култура и традиција преку музика, цртан филм, актерска игра. Серијата беше снимена по истоимената книга за која илустрациите ги […]

„ Време за театар“ – најдоброто на МТФ „Војдан Чернодрински“


Под мотото „Ова е наше време: Време за театар“ од денес до 15 јуни во Прилеп ќе се одржува 54. македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Според организаторите, фестивалот успеа на едно место да ја собере најдобрата македонска театарска продукција докажувајќи дека низ секое време македонскиот театар ги живее своите најдобри години. „Но оваа година ‘Чернодрински’ […]

Отворен нов Инфоцентар на Куклица финансиран од ЕУ


Амбасадорот на Европската Унија во земјава Самуел Жбогар и постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) Нарине Сахакјан, денеска во Куклица го отворија новиот инфоцентар за посетители и туристи. Споменикот на природата Куклица, познат по единствените камени формации популарно наречени кукли, кои се резултат на милиони години ерозија, е позната атракција во […]

Кралот на валцерот Андре Риу со концерт во Скопје


Светската музичка ѕвезда, холандскиот виолинист Андре Риу, познат како “крал на валцерот“, вечерва, во 20 часот, првпат ќе настапи во Скопје и тоа во ВИП-Арената „Борис Трајковски“. Тој во Македонија  доаѓа со својот приватен шеесетчлен оркестар, најголем во светот, како и со многубројни солисти. „Андре Риу доаѓа во Македонија со сосема ново шоу! Заедно со […]

Македонија стана дел од „Евроконекшн маркет“ за копродукции на краток филм


Се отвори нова можност за македонските продуценти на краткометражни филмови кои бараат европски копродукции. Нашата земја стана дел од маркетот „Евроконекшн маркет“, кој веќе 10 години се одржува во рамките на еден од најголемите интернационални фестивали на краток филм „Clermont-Ferrand“. Ова се официјализираше на заедничката средба помеѓу Лорен Кузекс од „Евроконекшн“ и раководителот на „Медиа […]

„Звукот на идната генерација“ – концерт на Филхармонија


Филхармонијата вечер од 20 часот ќе одржи симфониски концерт „Звукот на идната генерација“ под диригентство на Борјан Цанев, на кој како солисти ќе настапат талентирани студенти од државните факултети за музика во земјава, избрани на аудиција. На програмата се дела од Меркаданте, Бојаџиев, Рахмањинов, Крусел и Брамс.  Ќе настапат студентите: Јана Каевска – флејта (проф. […]

Унгарскиот бенд Сондорго и Џамбо Агушеви оркестар вечер на „Оффест“


Унгарскиот бенд Сондорго, кој се смета за еден од водечките претставници на тамбурашката музика од Унгарија и Џамбо Агушеви дувачки оркестар од Македонија вечер ќе одржат концерти во рамки на 18. Оффест. Концертот на унгарскиот бенд ќе се одржи во Дансинг салата во МКЦ со почетокот во 20:00 часот, додека два часа подоцна во истата […]