Почина американската нобеловка Тони Морисон


САД-Добитничката на Нобелова награда за литература Тони Морисон почина на 88-годишна возраст во Њујорк, соопшти нејзиниот издавач Алфред А. Кноф.

Морисон е прва афроамериканка која добила Нобелова награда.

Шведската академија ја награди во 1993 година за „употреба на јазикот и визионерска сила“.

За романот „Сакани“, во кој мајката мора да направи трагичен избор дали да го убие бебето за да го спаси девојчето од ропство, таа доби Пулицерова награда во 1988 година.

Тони Морисон е авторка на единаесет книги во кои ги истражува историјата и идентитетот на Афроамериканците.

Како писателка Морисон дебитира со романот „Најсиното око“ (1970). Авторка е на единаесет романи, меѓу кои се „Песна на Соломон“ (1978), „Љубена“ (1987), кој ја добил Пулицеровата награда, и „Џез“ (1992). Во нејзиното творештво се опишуваат животот и историјата на афроамериканците во Америка.

Морисон е првата жена Афроамериканка која ја добила Нобеловата награда за литература.

Од 1965 до 1983 година била уредник во книгоиздавателството „Рендом Хауз“ во Њујорк., а од 1989 година била професор по хуманитарни науки на Универзитет Принстон во Њу Џерси.

„Молчењето ни било долго и длабоко“, вели Морисон. Барајќи ја врската меѓу сегашноста и минатото, Морисон раскажува за Афроамериканците, принудени да ги поднесуваат ужасите на ропството и ексцесите на расизмот. Била членка на Американската академија за уметност и литература.

Морисон беше една од ретките американски автори чии книги беа и критички и комерцијално успешни. Нејзините романи се појавуваа редовно на листата на бестселери на „Њујорк тајмс“, беа дел од клубот на книги на Опра Винфри и беа предмет на огромен број критички студии.

Книжевниот фокус на Морисон беше истражувањето на искуството на Афроамериканците – проект што го опиша во интервју за „Њујорк тајмс“ во 2015 година како „пишување без бел поглед“.