Објавена драмата „Мајстори за огледала“ од Стефан Марковски


Литературното списание „Современост“ го објави драмскиот текст „Мајстори за огледала“ од Стефан Марковски, во кој авторот дава комичен приказ на некои трендови во општеството, како популарноста на литературата за самопомош, миграцијата на младите, среќата наспроти лузерството, меѓугенерациските конфликти и материјализмот во ерата на глобалното пазарно општество. – Во сето ова можеш да останеш човек кој […]

Тркалезна маса за книгата „Улица“ на Славко Јаневски


Тркалезна маса насловена „Зoшто ‘Улица’ на Славко Јаневски е повест, а не роман?“ ќе организираат денеска Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ и издавачката куќа „Просветно дело“. „Улица“ од Славко Јаневски е објавена во 1950 година. Таа е првото поголемо прозно дело напишано на македонски јазик и објавено пред неговиот роман […]

Отворање на 19. Недела на италијанскиот јазик во светот


„Италијанскиот јазик на сцената“ е тема на 19. Недела на италијанскиот јазик во светот,  која официјално ќе биде отворена вечер од 19.30 часот во Кинотеката.  Манифестацијата ја организира Амбасадата на Италија во Скопје, во соработка со други институции и здруженија во земјава.  Ќе има голем број настани (филмови, претстави, музика и поетски читања) кои, како […]

Недела на италијанскиот филм во Кинотека


Со филмот „Терасата“ на режисерот Еторе Скола од 1980 година, вечер од 20 часот во Кинотеката ќе почне Неделата на италијанскиот филм во светот,  на која до 28 октомври ќе  бидат прикажани реставрирани италијански филмови, снимени од  почетокот до крајот на 20 век. Во наредните денови ќе бидат прикажани и филмовите: „Кабирија“ од 1914 во […]

Светска премиера на филмот „Врба“ од Манчевски во Рим


Со гала-премиера и со прошетка по црвениот килим, синоќа, во рамките на 14. издание на Филмскиот фестивал во Рим, премиерно беше прикажан најновиот  игран  филм „Врба“ на  режисерот Милчо Манчевски. На премиерата, која се одржа во салата Петраси, во најголемиот јавен музички комплекс Паркот на музиката, присуствуваше и министерот за култура на Македонија, Хусни Исмаили. […]

Фестивал на грчки филм и култура во Скопје


Од четврток (24 октомври) до недела, во кино „Милениум“ и во клуб ресторанот на МКЦ ќе се одржува Фестивал на грчки филм и култура, под покровителство на Амбасадата на Грција во Македонија. На отварањето, во 19,30, во фоајето на кино „Милениум“ поздравен говор ќе одржи и грчкиот амбасадор во Македонија, Димитрис Јанакакис. Во четврток, од […]

Премиера на крими-комедијата „Скандал“


Во Театар Комедија вечер од 20 часот премиерно ќе биде изведена претставата „Скандал“ во режија на Роберт Ристов и во продукција на „Театар провокација“. -„Театар провокација“ подготви нова провокативна интерактивна претстава во која публиката има задача да го пронајде убиецот на познатата пијанистка Лена Вагнер. Осомничени се сите присутни во фризерскиот салон…, вели режисерот Ристов, […]

Едукативна тура низ палатите на старо Скопје


Во рамки на кампањата „Дестинација Македонија“,Центарот за научни истражувања и промоција на културата „Хаемус“ го истражува Скопје  и овој месец организира две едукативни тури – денеска  „Палатите на старо Скопје“, а на 27 октомври –  „Отоманското наследство на Скопје“. Од „Хаемус“ велат дека турите се направени за учесниците да поминат низ искуство, знаење, интеракција,а ќе […]

Проекција на „Врба“ за новинари и прес за филмот во Рим


Луѓето се исти, без оглед каде и кога живеат. Она што нам ни беше важно е да проговориме за човечките дилеми, болки, разочарувања и радости. Од аспект на еден обичен човек, женски човек. Врба можеби не е моето омилено дрво – ако подобро размислам, повеќе ги сакам тополата, чемпресот, липата и медитеранскиот бор, ама врбата […]

Се утврдува колкава штета се направила на Акведуктот


Засега е непознат сторителот на оштетувањата на камења од десет носечки столбови на Скопскиот акведукт во Визбегово, кој е заштитено културно наследство од прва категорија. Од увидот на полицијата се очекуваат повеќе детали. Извештајот од терен го чекаат и во Управата за заштита на културното наследство (УЗКН) од кој ќе се утврди колкава е штетата. […]

Улрих Мејер-Хорш, театарски педагог, актер: Мораме да се избориме против културниот фастфуд


Имагинацијата е една од клучните техники за актерот, особено во денешницата, во која во сите делови од светот нè учат да не ја користиме. Во време кога медиумите ни пренесуваат културен фастфуд, ние мора повторно да се поврзиме со изворното. Ова го вели наградуваниот германскиот актер, режисер и предавач Улрих Мејер-Хорш, кој неколку дена во […]

Министерството за култура со осуда за оштетувањето на Аквадуктот


Министерството за култура го осуди оштетувањето на 10 потпорни носечки столбови на Аквадуктот кој е културно наследство. – Во соработка со Управата за заштита на културното наследство, Конзерваторскиот центар –Скопје Општина Карпош и Министерството за култура, по извршениот увид преземени се итни мерки за превентивна заштита и се обезбедени засилени патроли за безбедност на Аквадуктотот […]

Македонски ден вчера на Саемот на книгата во Франкфурт


На нашиот штанд на Саемот на книгата во Франкфурт вчера беше организиран македонски ден. Како што денеска соопшти организаторот на претставувањето  – Македонската асоцијација на издавачи (МАИ), на штандот биле промовирани домашни и странски автори, гостувале претставници на  раководствата на саемите на книга во Франкфурт и Лајпциг, со кои средби имал и министерот за култура […]

Ник Кејв на 4 јуни со концерт во Белград


Еден од најголемите музички изведувачи на денешницата Ник Кејв и неговиот бенд „Д бедс сидс“ ја најавија турнејата за 2020 година. Белградскиот концерт кој ќе се одржи во арената „Штарк“ и е единствениот потврден за регионов кој ќе се случи на 4 јуни. Во рамките на оваа турнеја Ник Кејв ќе настапи во 19 земји, […]

Светска премиера на „Врба“ на Манчевски утре во Рим


Светската премиера на филмот „Врба“ на Милчо Манчевски ќе биде утревечер на Филмскиот фестивал во Рим, Италија, во рамките на третата фестивалска вечер. Годинава, во официјалната програма на еден од најголемите фестивали во светот селектирани се 33 филмови, меѓу кои и „Врба“. Најавувајќи ја програмата, уметничкиот директор на фестивалот Антонио Монда го опиша филмот на […]

Со настап на Дејвид Торн и Фред Фрит стартуваше Скопскиот џез фестивал


Двајца култни гитаристи од САД – Дејвид Торн и Фред Фрит со неговото трио во Националната опера и балет (НОБ) го отворија вчеравечер Скопски џез фестивал, кој ќе трае до недела. Дејвид Торн е композитор, текстуралист, гитарист, импровизатор, филмски композитор и продуцент со извонредна светска репутација, познат по својот уникатен музички израз што опфаќа и […]

МСУ објави повик за донација на проект за санација на скалите и платото пред музејот


Музејот на современа уметност објави повик за изработка на идеен проект за партерно уредување и санација на скалите и платото пред Музејот. На Повикот со свое оригинално решение во следните 20 дена од денот на објавувањето, можат да се пријават сите архитекти носители на лиценца А, а иницијативата е од хуманитарен карактер. – Иницијативата за […]

Идните филмаџии учеа за еколошката свест


„Воздух“ беше темата на годинашното седмо издание на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“, кој завршува вечерва. На последниот мастер-клас дискутираа младите „џифонци“ заедно со претставници од здружението „О2 иницијатива“. – Секој треба да тргне од себе. Да се возиме со автобуси, да возиме велосипеди, ако видиме ѓубре, треба да го кренеме, да садиме дрвца, […]

Министерот за култура Исмаили на Саемот на книгата во Франкфурт


Министерот за култура, Хусни Исмаили, од денеска престојува во работна посета на Франкфурт, Сојузна Република Германија, по повод претставувањето на нашата држава на Меѓународниот саем на книгата. Годинашново, 71. издание на Саемот на книгата во Франкфурт се одржува од 16 до 20 октомври под мотото „Идеи што го придвижуваат светот“. Земја почесен гостин годинава е […]

Прво место за Александар Ефтимовски на биенале на скулптура во Шпанија


Академскиот скулптор Александар Ефтимовски го освои првото место за делото со наслов „Испреплетено” на петтото издание на Биеналето на скулптура во местото О Грове во Шпанија, во конкуренција од 33 интернационални скулптори. Ефтимовски во периодот на неговиот престој во О Ггрове изработи скулптура во гранит, која ќе биде трајно поставена во градот. Ова не е […]