Ди Каприо и Де Ниро бараат донации и статисти за наредниот филмски хит


САД– Глумците Леонардо ди Каприо и Роберт де Ниро на оние што ќе донираат помагајќи ја кампањата „All In Challenge“, им ветија учество во нивниот нов филм како статисти.

„Ние пред извесно време го основавме Фондот за храна на Америка, со цел – секое семејство кое има потреба, да има пристап до храна во ова кризно време. На нашите најранливи заедници, им треба наша поддршка сега повеќе од кога било. 3атоа ние ја бараме и вашата помош околу предизвикот ’Сите вклучени’,“ порача Де Ниро на Твитер.

Инаку, тие двајца глумат во следниот проект на Мартин Скорсезе под наслов – „Killers of the Flower Moon“.

Предизвикот, односно иницијативата „Сите вклучени“ (‘All In Challenge‘), има за цел да им се помогне на сиромашните во САД и да се спречи појава на масовно гладување поради корона-кризата. Кампањата е поддржана од многу американски познати личности.