Писател со претседател: Објавена книгата „Разговори со Т. Г. Масарик“ од Карел Чапек
Книгоиздателството ВиГ ЗЕНИЦА ја објави книгата „Разговори со Т. Г. Масарик“ од Карел Чапек. Прославениот чешки писател со првиот претседател на Република Чехословачка разговарал безмалку десет години. Почнале да разговараат во 1926-та, првиот том од „Разговорите“ е објавен во 1928, вториот во 1931, третиот во 1935 година. Овие средби – „потпрашувања, размислувања, сеќавања, раскажувања и […]