Битолскиот театар со онлајн премиера на „И коњите ги убиваат, зар не?“

Во НУ Народен театар-Битола вечер во 20 часот премиерно онлајн ќе биде изведена театарската претстава „И коњите ги убиваат, зар не?“ работена според текстот на Хорас Мекој, а во режија на Мартин Кочовски.

Од битолскиот театар информираат дека премиерата ќе ја емитуваат на својот youtube канал, на линкот https://youtu.be/7z4LeBx11zk.