2020: Како пандемијата ги промени културата и уметноста


Фото: Б. Грданоски

Пандемијата на коронавирусот особено тешко ги погоди уметноста и културата. Сега театрите, кината и музеите се обидуваат да се справат со рестрикциите и затворањата – како знаат и умеат

Локдаунот го уништи уметничкото творештво. „Охрабрувачките“ зборови на политичарите дека „сцената“ ќе најде некои креативни решенија во таа ситуација, звучеа прилично празно. Многу уметници и уметнички институции се најдоа во финансиски вакуум. Има луѓе како актерот и пеач Том Шилинг, кој рече дека „во екстремни ситуации или трагедии чувствува извесна радост“ и оти пролетниот локдаун „просто му дал крилја“. Но, поголемиот дел од нив сепак не уживаат во ситуацијата и се обидуваат на различни начини професионално да преживеат.

Концерти

„Хигиенски концепт“- тоа е еден од поимите кои ја одбележаа уметноста „во живо“ во 2020 година. Станува збор за услови во кои по пролетниот локдаун почна одржувањето на концерти. Концертните сали, но и просторите на отворено се отворија, но за многу помал број гледачи од вообичаено, со носење маски и држење растојание.

Линк до целиот текст на Дојче Веле тука